Lisa Nilsson си игра со хартија за да изгради анатомски пресеци на човековото тело. Хартијата е јапонска, а техниката е позната како quilling. Некоја ( па да ја наречам) мистичност добиваат нејзините дела кога ги сместува у посебно изградени кутиии. Ја обвинуваат за имитација, но не се сложувам дека во уметноста воопшто постои и имитација како поим. Се е до различната интерпретација на едно исто нешто ( макар и на ист начин). Неверојатна е, затоа биолози и доктори, бујрум...
Remy Tassou ја создава својата уметност баш од ништо. Материјалот е у најразлични форми и бои од нашата ни современа технологија. Значи станува збор за “cybertrash” и идемо со мобилни телефони, видео камери, отпорници, делови од принтерот и не е битна големината и пази викаат дека фрла светлина на важноста на овие уреди.Хооот...
David Kracov е скулптор, сликар и аниматор.Зашто баш пеперутки? Еве ви го самиот:
"The butterfly represents hope through our children.
May children all over the world fly free as does the butterfly;
May they be able to imagine and live a life filled with life and hope;
May they be given a chance to reach the fulfillment of their dreams; and, May their aspirations soar as high as does the butterfly."
И пренесува он сериозни пораки и поштован и заебан уметник е и покрај шаренилото и покрај дречот и покрај тоа шо на моменти ми се чини дека го прави тоа само за децата.
Ваков автомобил на патиштата може да не преплаши и одма у опција е само трагичната варијанта и крв. Во уметноста на Dirk Skreber се е толку чисто, полирано и апстрактно до замислување.Сето изведено во објект за тестирање, фрла поинаква светлина на автомобилите...
Jürgen Heckel е германски фотограф кој се бави со брчките, порите и лузните на нашава планета. Уствари опседнат е со неа и со карпите и со песокот и со тревите. Едноставно нели импресивен е и по целиов наш процес на вулгаризација и модернизација, во неговите слики наоѓам толку многу мистериозност и тишина...
За Steven Spazuk велат дека неговта уметност може да биде темна , но и естетски сјајна. Начинот на сликање со оган, пепел, саги го прави уште поголем, а самата идеја да слика од ништо вели дека му дошла на сон.
The soot, like a light...
Еве ја неговата техника
И дел од неговата вистина...
П.с Значи, како што можете и сами да видите неговиот шизклук се должи и на тоа што се работи за мозаици.
Joey Monsoon e сликар кој митолошки се бави со трагедијата и хероизмот на работничката класа во Америка. Самиот он и некој мој комбиниран обид за цитат:
" Моите слики лебдат некаде меѓу реалноста и фантазијата.Тие не се толку портрети на луѓе колку сликање на емотивните триумфи и неуспеси. Јас потекнувам од семејство на фабрички работници и рудари ( на јаглен) и како дете бев фасциниран од хероите на стриповите и античките митови. Моите слики се еден суптилен производ на овие два света."
Jim Dingilian и неговата мистерија. Тој успева да го скроти немирниот чад од свеќа и да направи од обичните безвредни шишиња - вистински ремек дела. Целиот процес на раѓање на неговата уметноста е сеуште загатка.Неверојатно...
Паркот на метален отпад доктор Evermor се наоѓа покрај автопат во американската сојузна држава Wisconsin. Доктор Evermor е уствари Tom Every кој всушност ги креирал овие скулптури. Најпозната како главна атракција е птичиот оркестар а у Гинесовата книга на рекорди е влезена една од овие скулптури. Тоа е машината Forevertron како најтешка скулптура направена од метален отпад ( тешка е 320 тона).
Brian Chan и неговите оригами инсекти. Пазете, неговата маестралност не е само во тоа што фантастично ја совладал техниката на создавање на инскети кои btw се многу минјатурни и во комплициран облик туку и тоа што хартијата за оригамите е таа една та иста ( нити е цепкана, нити е сечена).Генијално...
Мax Zorn!! Значи мојата маленкост е сериозно импресионирана. Само лента за пакување или селотејп (како и да е) и скалпер, мислам WTF? И покрај се се богати со детали. Сакам да ми ги заведе и нашите улични. Тој е едноставно фасцинантен.
Nikita Nomerz се бави со трансформирање на масивни структури во портрети и ги менува урбаните пејсажи во неочекувани лица ( радост, лутина, замисленост, возбуда).
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.