Погрешни одлуки

  • Креатор на темата Креатор на темата DonJas
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам баш дали ја крстив темава ко шо треба, слободно нека корегираат модератори.

Ја отварам темава ради една дешафка денес, шо ми остана така у мисла.
Татко ми го беше расклопил вентилаторот, шо стои на таван најчесто, за да го измие, од прашина. И добро го изми, дур се сушеше му искрсна нешто и искочи на работа човекот. Јас како вечи џаболебар, клошарев по дома, и го глеам вентилаторон, си викам, да го склопам, и онака неам попаметна работа, ама другиот дел од подсвеста вика, ај заеби, тато ке среди тоа. И доброо, отидов, се шлапнав на компјутер, пројде некое време, се прибра татко ми дома, почна да го става вентилаторот, му падна штрафцигер, удирајки во телефонот на мајка ми, го искрши стаклото од масичката, телефонот во дефект.

Е сега, мене во мисла, да го наместев јас, ова немаше да се случи, бев мрза, мрзата ме кошташе телефон и стакло.
Никој не знае за ова, дека на пример сум имал намера, такада татко ми ке си ја земе кривицата.

Направив погрешна одлука, не сум крив за телефонот и масичката, крив сум за тоа што не одлучив да го спречам тоа, иако незнаев дека ке се случи, можев да се најдам во работа.

Ме интересира, колку често се наоѓате вие во вакви ситуации, колку често одбирате погрешен избор, и колку често уствари сфаќате дека сте го избрале погрешното, и што тогаш?

Дали на пример би кажале некому дека делумно и вие сте криви за некоја последица, ради лоша одлука?

Интересна ми е темава па би дала мислење.
Сметам дека не постојат добри или лоши одлуки. Постојат само одлуки и тие самите по себе се веќе нешто. Замисли нисто да не си одлучел, односно да не си го ни забележал вентилаторот, и татко ти итн. Значи би би потполно тапа. Не ти е важно ништо.
Си донел одлука да не го склопиш. Да, се случило тоа што се случило ама замисли: Да си земел да го склопиш, па така уште мокар (од радост дека ти си го склопил) одма у стурја и да те мавнело струја. Дали тогаш би викал дека си направил добра или лоша одлука?
Мислам дека секоја одлука е добра. Со самото тоа што ја донесуваме.
 
Добра одлука, е онаа пред која сме размислиле дали треба или не треба да се направи.
 
Па секако дека има погрешни одлуки, и некогаш колку и да размислуваме - можеме да погрешиме.
 
Па секако дека има погрешни одлуки, и некогаш колку и да размислуваме - можеме да погрешиме.

Многу јасно, никој не е совршен, ама подобро да згрешиме одкако сме размислиле, одколку да згрешиме поради тоа што не сме се потрудиле да размислиме.

Кога се размислува и се греши, тоа е човечка работа, не секогаш сме способни да го процениме правилниот потег.
 
Сум грешел многу од грешките се учи секој греши и донесува погрешни одлуки некогаш и не размислуваме многу гледаме само работата да се заврши што побрзо и тоа е тоа :tapp:
 
Во моментот не постојат погрешни и правилни одлуки туку само одлуки!
 
Sekoj ima losi odluki vo zivotot ,pogresni,na toa gledam kako iskustvo plus,nema potreba od kaenje,kaenjeto e gubenje na vreme :pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom