Погрешен погреб :/

  • Креатор на темата Креатор на темата »gêlê«
  • Време на започнување Време на започнување
Ај шо пред извесен период пратиле партиски војничиња на протест пред стоматологија, а кадарот на Гвујо со 8-мо одделение протестирал пред гинекологија и едвај ги убедиле од штаб дека на погрешно место протетсираат.....ама владина делегација да оди на погрешен погреб бе :nesvest:
Па уше и министер за одбрана да држи говор :zid:
 
Гоце на свадба да ти пее, ДПМНЕ на погреб !

Дегени, морони е се зборови кои неможат да уловат ниту 2% од тоа што се случило и какви се истите тие луѓе.
dl_morons.jpg

Вакви ни ја водат државичкава...
 
Не знам како се воздржале да не се насмеат... Да отидеш на погреб, да одржиш говор и да видиш дека си на погрешно место, па човечки е да се насмееш и да објасниш дека има некакво недоразбирање па дури и да го обвиниш семејството дека само на комуњари може да им текне да сменат мртовец. :pos:

Сега следно е Ставрески на свадба да се појави со Горан Трајковски од УЈП и не знам како се викаше оној од агенција за спречување на перње пари, за да ги прочешлаат фискалните за поклоните и пликовите со пари. :pos: Овој пат Гоцка ќе чека надвор, за да ги собира гостите.
 
Ова ми личи со говорот на некој филм со Лесли Нилсен , само тој можеШЕ вакви сцени да прави, да се газиш од смеа...ама ете Коњановски ни кажа НЕ :tapp: :vozbud:
 
На новите избори ВМРО ќе истапи со паролата: ВМРО - партија за избори и погреби. Остваруваме, копаме, оплакуваме. :)
 
Ако не си на некој начин поврзан со покојникот погребите може да бидат прилично забавни понекогаш :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom