Имам голем проблем, ама научив да живеам со тоа. Преголеми ми се подочниците, па затоа целовреме изгледам како да сум ненаспана, и морам да ставам три кула пудра
Чест?! Никако, барем не за мене. Ужасен проблем се, особено кога не сум спиела цела вечер, тогаш се огромни. Ги ублажувам со парче тркалезна краставица пред спиење, има некаков моментален резултат а и ми ги одмараат очиве.
Не е којзнае колку честа појава, ама може да претставува проблем со бубрези (покрај регуларното од неспиење и наследни што се).
Мене не ми се појавуваат подочници кога не сум спиен, туку ми се појавува по една линија под двете очи, некаде над образите, како вдлабнатина.
Сепак, решение е добар одмор на очите.
Кога станува збор на негата за лице, секогаш најдобра е онаа која се заснова врз придорни производи. Еве неколку совети за природна нега на вашето лице:
* Против темните подочници можете да се борите со чај направен од листови од магданос. Прелијте 20 грама листови од магданос со еден децилитар врела вода, поклопете и оставете да стои 15 минути. Потоа чајот исцедете го, оставете да се олади, натопете памучна вата која ќе ја користете ги како облоги за очите. Овие облоги би требало да ги ставате секоја вечер, најмалку три дена по ред, иако релузтатот ќе го забележите уште после првиот ден.
* Облоги за подочници можете да направите и од листови од цвет од роза и кламилица. Соодносот нека биде 2:1, два пати повеќе листови од роза, отколку цветови камилица.
Додадете два децилитри врела вода, процедете и во течноста натопете памучина вата, која ќе ја ставите на очите.
* Исто така темните подочници можете да ги неутрализирате ако ставите свежа пресечена смоква на долните капаци од очите.
* Ако капаците и подочниците ви се отечени од плачење, сјајот можете да го вратите со помош на свежи краставици. Ставете тенки кругови од краставица на очите. Држете ги на очите дур не се загреат, а потоа заменете ги со нови, свежи парчиња.
* За отечените капаци може да користите и компир. Изрендајте жив компир и ставете го во чиста газа. Ставете на очите и држете десет минути. Внимавајте парчињата од компирот да не дојдат во контакт со очната слузница. Откако ќе ја тргнете газата, очите убаво измијте ги со вода.
Подочњаци...генетски изглеа сум ги наследил.
Сите Далматинци шо ги знам од мое семејство ги имаат...
Башка изглеам ко панда...
Недајбоже да ме сретнете насабајле нервозен, ќе ви го дезинтегрирам телото со погледот...:kesa:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.