Подобро се учи од свои или од туѓи грешки?

Учам од туѓите грешки бидејќи ќе ми требаат најмалку 3 живота за да научам од своите....



...... но затоа тука е redtube па можам да видам where did i went wrong!
 
а како е можно и подобро да не се прават грешки ,за да немора потоа од нив да учиш и да се поправаш?
И за какви „грешки„ зборувате? кој е тој што одредува дали нешто е погрешно направено или не?
можеби мојата постапка за мене е во ред и е исправна , но според друг да е погрешна . Што во тој случај ? ќе мислите дека сте постапиле погрешно или....?
Не постои „нешто„ на светов да е сосема погрешно.Дури и ѕидниот часовник кој не работи успева да биде точен двапати во денот :icon_lol:
 
а како е можно и подобро да не се прават грешки ,за да немора потоа од нив да учиш и да се поправаш?
И за какви „грешки„ зборувате? кој е тој што одредува дали нешто е погрешно направено или не?
можеби мојата постапка за мене е во ред и е исправна , но според друг да е погрешна . Што во тој случај ? ќе мислите дека сте постапиле погрешно или....?
Не постои „нешто„ на светов да е сосема погрешно.Дури и ѕидниот часовник кој не работи успева да биде точен двапати во денот :icon_lol:
Значи ја утна скрос поентата на темата. Не се збори овде за морал или етика. Значи лична перцепција дека некој се зезнал т.е дека направил грешка. И какво прашање е тоа “за какви грешки зборувате“? Не е во филозофија темава, се збори за грешки кои човекот ги прави во животот, со луѓе, во однос на одлуки.

Не станува овде збор да одредуваме што е погрешно или исправно. Не збориме за ПОГРЕШНО, туку за ГРЕШКИ.
 
Безразлика дали наше или туѓо.. учиме од се - за кое веруваме дека било грешно.
Разликата е во начинот на складирање на податоците.
На наша кожа ќе се осети во поголем интезитет.. и ќе влијае на долгорочната меморија.., додека пак грешката кај други можеме лесно да ја заборавиме.
Се работи за индивидуален карактер, но во секој случај подобро се учи од сопствените грешки.
 
Не се учи од туѓи грешки, џабе зборат така...Додека не осетиш на себе немаш поима од ништо. За многу работи треба искуство на свој грб..
 
Ништо не те боли како твоја грешка. Да ја осетиш на твоја кожа. Други може колку сакаат да пробуваат да те подучат од нивните грешки, ама ретко кој го прифаќа тоа. За тие што можат да учат од туѓи, блазе си им. Дефинитивно е полесно него да се изгориш...
 
И од двете добиваш еден вид поука како битие кое е тука да научи,али различни "учењата".
Од туѓите грешки гледаш од аспект као : ах,зар оволку боли оваа грешка?
А всушност ништо незнаеш може толку да боли а може тебе едноставно таа грешка да не те лази.
Така да ништо не е како својата кожа..Самиот ти си се што имаш.Се почнува од тебе :)
 
Po moe mislenje, covek UCI koga saka od svoite greski, a greskite na drugite Mozat da ne potsetat samo sto mozi da se sluci so nas ako go pravime toa, :-)
 
Има моменти во животот кога мислам дека никогаш не учиме од грешките, туку ни се посреќува, па престануваат да се повторуваат, на сметка на новите што ги правиме.
 
Не се учи од туѓи грешки. Се додека не осетиш на своја кожа, тешко дека ќе научиш нешто од туѓа грешка.
 
Не може да генерализираш за вакво нешто. Се учи и од туги и од свои грешки, и сепак може да повториш и своја грешка и туѓа. Не знам што има да се дебатира тука.
 
Ниту од свои па уште помалку од туѓи, со главата директно во ѕид или како беше онаа: теле се учи, вол не.:)
 
A што праиме со моментот кога некогаш си so fucking тврдоглав, знаеш дека грешиш и упорно го повторуваш тоа? Сите сме се нашле у ваква ситуација, секој има повторено грешки по мал милион пати, прашањето што вистински треба да се постави е дали сакаш да научиш од сопствените грешки, дали си толку возвишен дали свеста ти е на толку високо ниво, за да ги признаеш грешките, а дури после да учиш од нив. Пошто поаѓајки од себе и од луѓето што ме опкружуваат секојдневно, ретко кој греши ретко кој признава дека греши, а уште помалце па да учи на свои или туѓи. Туѓата грешка, остава насмевка на наше/ваше лице, затоа што нема кој нема да каже „ ех требаше он/а вака и вака да напраи“ или моментот „јас да бев на негово/нејзино место сигурно немаше да се заебам вака“. Злобни сме ние луѓето, секоја чест за исклучоците (ако има такви) мада не верувам затоа што никој не е совршен...one way or another everybody has a twisted mind :eek:

Иначе за мене искрено од една имам научено, и нема да ја повторам, за за се друго сум у репит мод
 
Додека не осетиш на своја кожа, со штета добиена од грешката, нема да ти дојде умот, ни ќе научиш нешто и ќе повторуваш. Туѓите грешки за жал брзо се забораваат и некогаш си толку заслепен, си викаш ајде нема и мене тоа да ми се случи, можеби ќе е поинаку и и ти ја правиш грешката за која многу пати и си слушнал и си викал дека нема тоа да го правиш и ти. Како и кај готвењето, додека еднаш не го згрешиш, не можиш да го поправиш и да го направиш перфектно. Од прва се случува да го погодиш, но е ретко, иако пр. рецептот ти е на располагање, се ти кажале како се прави, но зависи и ти што имаш од состојките и дали си сфатил се правилно ( и од твојата ситуација, ако гледаме ете на проблемите од животот, ова за споредба).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom