Само од сопствена грешка можеш да научиш.Туѓите грешки не те засегаат,затооа не те погодуваат.Само од сопствена глава кога ќе пострадаш тогаш ќе разбереш
Како некој парадокс секогаш учам од своите....Кога се случуваат на друга особа ми се толку далечни едноставно морам да ги осетам на моја кожа....ама....кретен сум ги повторувам онака константно
Јас секогаш,ама баш секогаш најдобро учам од моите сопствени грешки.Од туѓа грешка никогаш не сум извлекла поука.Мора да осетам на своја кожа за да сватам.За среќа немам направено некои посериозни грешки во животот и се надевам нема ни да направам.
мислам дека секој треба да си учи од своите грешки, затоашто сите сме различни и различно приоѓаме на работите, многу е поефективно да осетиш на своја кожа. искуството е најважно, бар според мене.....освен нели за оние работи за кои веќе се знае што ќе ни се случи ако ги правиме.....:smir:
Се учи од двете, само што од своите е поверодостојно бидејќи е искусено на своја кожа, туѓите грешки можат да бидат само како потстрек или превентива за во иднина во слични ситуации. Тоа што сам ќе го почувствуваш, никој нема да го почувствува за тебе.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.