Подобро е да си судија.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.802
Имам забележано дека кога има две спротивставени страни, или една страна против проблем или проблеми многу полесно владеам со ситуацијата односно ги гледам јасно работите. Кога јас би се нашол внатре во ситуација т.е. сум една од страните или против себе имам некој проблем или проблеми многу потешко ми оди да ја разрешам таа ситуација. Дали дека сум внатре во ситуација и проблемите ги сметам еднакви или преголеми спрема мене па не можам да ги разрешам. Едноставното ставање над проблемот многу полесно се решава.
Од страна е многу полесно ама внатре во ситуација мнооогу потешко, и тешко оди, така да со самото мое гледање на моите проблеми од страна како да е некој друг проблемите изгледаат помалку застрашувачко големо нерешливи.......
 
Од страна си објективен, додека ако си директно вмешан во ситуација си пристран што влијае на твојата објективност што резултира врз крајната одлука која нема да е најверојатно реална. Без емоции полесно би било се. Али вие и вашата етика против роботизација.
 
Али вие и вашата етика против роботизација.

Види сега роботизација значи негирање на проблемот пикање на главата во песок како Ноевите. Замисли се ти дека си робот без свест без мисли работиш во фабрика за автомобили со само една одредена акција цело време. Го можеш тоа? Одговорот е не затоа што си живо суштество со свест, а не мртва машина која извршува само одредени функции......
 
Не целев кон буквалноста.
Од страна не си пристран, не чуствуваш мразење, љубов, нервоза, нетрпеливост.. И ако си како да си (како што викаат во шпанскиве серии деновиве) опериран од емоции И кога си директно вклучен во ситуација сигурно би донел одлука паралелно споредена со иста каде притисокот од гореспоменатите емоции е присутен е далеку по реална и вистинска.
 
Па нормално дека од страна е полесно.
Everything is funny as long as it doesnt happen to you
Е сеа дали полесно значи и подобро....
емоциите се the special ingridient во секоја одлука
 
Кога гледам од страна некои како се расправаат за баналност, се прашувам во каков ли глуп свет живеам. Меѓутоа сум се уловил како и јас некогаш пожестоко се бранам кога сум у дуел :)
И сега се сетив, како да гледаш бокс меч, така едноставно изгледа од страна, но ај влези во ринг очи во очи со некој.
 
Без емоции полесно би било се. Али вие и вашата етика против роботизација.

Aко во некоја расправија нема емоции, нема да има расправија воопшто.
Нема да има некои посебни дуели, пошто на двајцата ќе им биде сеедно дали се во право или грешат.
Немаат емоции и нема што да ги турка во полемизирање и елаборирање на нештата.

Што се однесува до темава, да, послесно е да судиш за другите, јасно е тоа, не за друго-нема последици врз тебе одлуката која ќе ја донесат или зборовите што ќе се кажат.
Дури и ако си во иста ситуација нема да можеш да го примениш советот што пред тоа си го дал зашто е лично и „не, мојата ситуација е иста ама сепак...не е така“
:)
 
Чеј беее.... за какви емоции станува збор? Имам цел! :)
 
Back
На врв Bottom