Имам направено за неа една справа, ја викаме "сонце во тегла". Веројатно некои од вас слушнале за неа, тоа е обична тегла која што ја ставаш на сонце/светло преку ден, и после навечер свети цела вечер со суптилно топло-жолто светло. Не е од оние флуоресцентни слаби светла, туку со електроника. Ги има на нет да се купат по 30-40 долари ама пластични се, поглупо здравје...
Затоа јас земав вистинска старинска тегла и со шмиргла ја избрусив однадвор целосно, да не остане ниту милиметар проѕирен. Напорна и тешка работа, бидејќи стаклото е тврдо ама кога работиш за драга личност нема гајле. После ја избрусив со поситна шмиргла за да се измазнат гребаниците. Со шмирглањето се добива дифузирано светло, скоро да е магично. Да ја немаше брусената површина, сијалицата внатре ќе се гледаше и глупо ќе изгледаше. Вака избрусено изгледа како да имаш жива светулка внатре.
Потоа земав една соларна градинарска светилка и ја расклопив. Соларниот колектор го вградив во капакот на теглата. Не е тешко, треба да се дупне само едно дупче низ кое минуваат жиците, и колекторот после со обичен силикон се лепи за капакот. На внатрешната страна на капакот ја залепив електрониката. Направив и мало електронско коло кое прави ЛЕД диодата да трепка на рандом интервали, симулирајќи свеќа.
Сето тоа се затвора а преку капакот се става памучна ткаенина со шари во форма на коцки. Нормално во ткаенината се сече делче за да се открие соларниот колектор. Ткаенината додава рустикален ефект, како оние теглите со ајвар.
За крај на страната изгравирав кратка порака во стаклото со дијамантска игла и дремел. Кога теглата свети, пораката јасно се гледа поради рефракција на светлото. Кога не свети пак, пораката се губи.
Еве од прилика како изгледа.