Подароци за посебни денови во вашиот живот...

  • Креатор на темата Креатор на темата Слушаш Ли
  • Време на започнување Време на започнување
Анчо - the buzzkill (темата е за подарок, а не што ќе биде откако ќе замине)

За овој подарок би ти требало подолго време за подготовка.
Некој убав албум
album.jpg

И во него сите среќни моменти што сте ги поминале заедно. Значи слики од вас двајца, некоја поезија што те асоцира на него или обратно, текст од вашата заедничка љубовна песна, обавезно перче од твојата коса :), карти од концерт или кино каде сте биле заедно и сте си поминале убаво и сите мали и навидум незначајни работи што никој нема да ги примети, но всушност тие ја градат врската.

Доколку немаш време да ги подготвиш сите овие работи, можеш исто да му подариш албум со една заедничка слика, па кога ќе е заминат он да почне сам да си го пополнува со слики, па кога ќе се врати заедно да ги разгледате.
 
Ако сакаш нешто да му купиш, купи му компас.
Да знае дека го чекаш и да знае каде треба да се врати.

Може не е скапо, не е вредно, но е доста креативно и има значење.
Јас така би направила.. ;)
 
Купи му убава рамка за слика и стави слика од вас двајца :pipi:
Зашо воопшто не ме чудеше да прочитам такво нешто? :) у секој случај добра идеа е само шо дали воопшто ке ја истакне рамката на видно место у неговиот дом...?

Јас само ке надоврзам на тоа шо членката погоре кажа и ке додадам да му напишеш нешто писмо некое или проза ... за се едно друго може да избледее секавањето ама за пишаниот збор, според мене, не...
 
Ако типот е е*иветар и златна дунда да му купи он ќе ја батали.Така да се зависи од него, а не од големината на подарокот. А ако сака да ја вара, и на највидно место да ја стаи рамката со слика, ко ќе стигне дотичната гастрбајтерка он може да ја тргне. :pipi:
 
Ако може да ми дадете предлог што да му купам на партнерот... Зашто ќе оди на пат.. И после една година ќе се врати.... Сакам нешто како зо сеќавање да му е...Однапред Благодарам .... И имајте убав ден...
Тебе ти е партнер така да ти треба да знаеш што најмногу сака и што највеќе ве поврзува.
Иначе јас би ти препорачал нараквица, нема да му смета многу и ќе се потсеќа на тебе а и не е се толку скапи :)
 
Ако сакаш нешто да му купиш, купи му компас.
Да знае дека го чекаш и да знае каде треба да се врати.

Може не е скапо, не е вредно, но е доста креативно и има значење.
Јас така би направила.. ;)
Ова е брилијантна идеа како што Вишна вели,компас би било одлично зашо во ретро стил се компасите и плус сигурно секоја вечер ќе го отвара :D
 
Не купувај ништо. Ваљда таму каде што ќе оди има интернет..па ќе му праќаш секој ден по една слика од тебе..се разбира гола и така секој ден ќе се сеќава и ќе мисли на тебе :)
 
Купи му рачен часовник, најдобра опција и секој ден ќе го користи :).
 
еј 25 години има бре.. Дете да не е ... :D

Иако имам само 22 години, се осеќам навредено со ова што рече дека game конзоли се за деца.

Ако не сака такви работи, направи му нешто твое. До толку ли немате креативност или не го знаете дечкото па прашувате непознати луѓе за вашиот дечко што би сакал?!
 
и јас се зачудив кога го напишала тоа татко ми со своите 47 години игра кантер нема потреба да коментирам натаму :D
 
Купи му нешто што постојано ке биде сонего..одбери ти шо сакаш..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom