Почна судењето на Тупурковски за тајванските кредити

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.100
Веб-сајт
www.kajgana.com
Васил Тупурковски на обвинителната клупа седна заедно со неговиот некогашен заменик во Агенцијата за обнова и развој - Јован Андонов Реган. Обвинети се за финансиски малверзации со тајванските кредити.

Ова не е обично судење, ова е политичко судење, му рече Тупурковски на судијата Јани Нича. Побара обвинителството да го повлече обвинението, оти ниту го разбирал, ниту пак, сторил некаков криминал.

„Не сум прекршил ниеден закон и тоа не може да се докаже на ниеден начин. Таков беше статусот на Агенцијата, значи сум немал никакви обврски за коишто ме теретат“, изјави Васил Тупурковски, поранешен директор на Агенцијата за обнова и развој.

„Никој не претрпел никаква штета, бидејќи од тајванскиот кредит има повеќеструка финансиска профитабилност, заработија и банките и државата“, додаде Тупурковски.

На Тупурковски му се суди бидејќи додека раководеше со Агенцијата за обнова и развој потпишал штетни договори со осум фирми. На име кредити им дал околу три милиони долари, без никаква гаранција.

Тој денеска тврдеше дека сите договори биле законски и аминувани од тогашната Влада на Љубчо Георгиевски.
 
Ова не е обично судење, ова е политичко судење, му рече Тупурковски на судијата Јани Нича. Побара обвинителството да го повлече обвинението, оти ниту го разбирал, ниту пак, сторил некаков криминал.

Има време, ќе му се објасни и ќе разбере.
 
Има време, ќе му се објасни и ќе разбере.


Може и премногу да му се разјасни па да се присети дека во владата на Љубчо министер за финансии беше еден денешен премиер,кој сигурно им ги врати кредитите на Тајванците,барем оние 50% кој не беа украдени.:)
 
парите за кои што се товари дека ја оштетил државата, 3 милиони, доделени без банкарска гаранција, значи дека тие пари не се вратени назад, или гревот е само во немањето банкарска гаранција?

и точно ли е тоа дека агенција не бара банкарска гаранција, односно банките го прават тоа?

што е со останатите милиони? најлесно ќе се види така .. по ист аршим ли се доделувани? кој барал гаранција агенцијата или банките?

и малку ми е чудно, како ја оштетил државата кога тоа се тајвански кредити? ..кои патем лично он ги донесе

баш сакам да видам како ќе се одвива процесот.. ама се ми се чини дека ќе го репнат
 
Го искористија, го обележаа (не дека си беше цвеќе, али и своите нечисти сметки му ги препишаа) и го шутнаа.
Сега и ќе го судат. Кај нас изгледа само жртвени јагниња стигнуваат до обвинителна клупа.
Како и да е, него му го ќуморсаа образот одамна, па сеа што ќе се случи понатака и не е толку битно. Важно ние ќе си изгледаме уште една шарада на "правдата", а разни Минчовци, Штерјовци, Ѕинговци, Ленчиња и остатокот од фелата на чело со Б.Ц слободни ќе ни се шетаат пред нос
 
Го искористија, го обележаа (не дека си беше цвеќе, али и своите нечисти сметки му ги препишаа) и го шутнаа.
Сега и ќе го судат. Кај нас изгледа само жртвени јагниња стигнуваат до обвинителна клупа.
Како и да е, него му го ќуморсаа образот одамна, па сеа што ќе се случи понатака и не е толку битно. Важно ние ќе си изгледаме уште една шарада на "правдата", а разни Минчовци, Штерјовци, Ѕинговци, Ленчиња и остатокот на фелата на чело со Б.Ц слободни ќе ни се шетаат пред нос

Токму тоа ми беше зборот,инаку од кредитов на Тајванците најмногу се офајдија оние кој купуваа деловни простории по Скопје,Прилеп,Битола и други градови во Македонија,денес се газди на цели трговски центри а парите ако треба да ги враќаат тоа ќе го прават со кириите што ги земаат за тие објекти.Сепак државата доколку навистина е правна како што се обидува да ни се представи има сознанија каде завршиле Тајванските кредити,со гаранција или не.Ги кркнува во затвор крајните корисници па по година дена пролонгиран притвор и самите ќе молат да ги вратат кредитите итоа дуплирано за 10 годишните камати.Абе лесно е се ако не се сака политички да се искомплицира,нели?:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom