Феномен
Џомба
- Член од
- 21 август 2008
- Мислења
- 4.837
- Поени од реакции
- 111
Почна „процесот на векот“ во Австрија: Јозеф Фрицл пред судот раскажа дека имал тешко детство
Сент Полтен, 16 март (МИА) - Австриецот Јозеф Фрицл, на кого му се суди за систематско силување на ќерката, која ја држел затворена цели 24 години во подрумот од својот дом и која родила седум деца од него, пред судот, за време на првото заседание од процесот против него, раскажа колку тешко детство имал, пренесе Франс прес.
-Детството ми беше многу тешко, рече 73-годишниот обвинет пред судскиот совет од тројца судии и осум судски поротници, кога тие го повикаа да раскаже за фазите од неговиот живот.
Во судот Фрицл изјави дека не бил посакувано дете и дека мајка му систематски го тепала.
-Мајка ми не ме сакаше. Таа имала 42 години кога ме родила и едноставно не сакала деца, истакна Фрицл.
Тој раскажа дека често пати, за да ги избегне ударите на мајка си, се криел под машината за шиење или зад купот со дрва во домот. Кога имал 12 години Фрицл и кажал на мајка си дека веќе нема да толерира да го удира. Оттогаш за неа тој се претворил во Сотона.
Тој дополни дека никогаш не бил близок со мајка си. Фрицл раскажа дека татко му се појавувал во домот од време на време.
Во судот обвинетиот меѓутоа се обиде да ја оправда суровоста на мајка му кон него.
-Животот на мајка ми, исто така, не бил розов. Таа била израсната на фарма и требало да почне да работи од осумгодишна возраст, рече Фрицл.
Уште на почетокот на процесот Фрицл се произнесе за виновен по сите обвиненија, со исклучок на тоа за убиство на едното од децата, кои ги родила ќерка му од неприродната врска со него. За останатите обвиненија Фрицл може да добие кзна од една до 15 години затвор.
На почетокот на процесот обвинетиот не сакаше медиумите да го снимаат неговото лице и затоа се криеше со сина папка. Во првите минути од судското заседание, кога претседателката на судот Андреа Хумер им нареди на телевизиите, кои имаа камермани во судската сала, да престанат да снимаат, Фрицл ја симна папката од лицето и почна да одговара на прашањата на судот.
Кога се претставуваше, тој истакна дека е пензионер, откако наполнил 60 години, а појасни дека пензијата му е 1.100 евр месечно. Потврди дека има недвижен имот, но дополни дека банкротирал.
Следните судски заседанија за делото, што во Австрија веќе е познато како „процесот на векот“, ќе продолжат под затворени врати, заради податоците и деталите кои ќе бидат претставени во судската сала и кои би можеле да ги навредат жртвите на Фрицл.
Ниту едно од децата на Фрицл од врската со ќерка му, ниту самата ќерка, нема да се појават во судската сала, за да сведочат. Ќерката на Фрицл, 42-годишната Елизабет, веќе ги забележала своите сведочења во 11-часовниот видеозапис што ќе биде прикажан пред судот.
Јас би рекол, смртна казна за вакви луѓе, безразлика колку години имаат!