Почна „процесот на векот“ во Австрија

  • Креатор на темата Креатор на темата Феномен
  • Време на започнување Време на започнување

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Почна „процесот на векот“ во Австрија: Јозеф Фрицл пред судот раскажа дека имал тешко детство

Сент Полтен, 16 март (МИА) - Австриецот Јозеф Фрицл, на кого му се суди за систематско силување на ќерката, која ја држел затворена цели 24 години во подрумот од својот дом и која родила седум деца од него, пред судот, за време на првото заседание од процесот против него, раскажа колку тешко детство имал, пренесе Франс прес.

-Детството ми беше многу тешко, рече 73-годишниот обвинет пред судскиот совет од тројца судии и осум судски поротници, кога тие го повикаа да раскаже за фазите од неговиот живот.

Во судот Фрицл изјави дека не бил посакувано дете и дека мајка му систематски го тепала.

-Мајка ми не ме сакаше. Таа имала 42 години кога ме родила и едноставно не сакала деца, истакна Фрицл.

Тој раскажа дека често пати, за да ги избегне ударите на мајка си, се криел под машината за шиење или зад купот со дрва во домот. Кога имал 12 години Фрицл и кажал на мајка си дека веќе нема да толерира да го удира. Оттогаш за неа тој се претворил во Сотона.

Тој дополни дека никогаш не бил близок со мајка си. Фрицл раскажа дека татко му се појавувал во домот од време на време.

Во судот обвинетиот меѓутоа се обиде да ја оправда суровоста на мајка му кон него.

-Животот на мајка ми, исто така, не бил розов. Таа била израсната на фарма и требало да почне да работи од осумгодишна возраст, рече Фрицл.

Уште на почетокот на процесот Фрицл се произнесе за виновен по сите обвиненија, со исклучок на тоа за убиство на едното од децата, кои ги родила ќерка му од неприродната врска со него. За останатите обвиненија Фрицл може да добие кзна од една до 15 години затвор.

На почетокот на процесот обвинетиот не сакаше медиумите да го снимаат неговото лице и затоа се криеше со сина папка. Во првите минути од судското заседание, кога претседателката на судот Андреа Хумер им нареди на телевизиите, кои имаа камермани во судската сала, да престанат да снимаат, Фрицл ја симна папката од лицето и почна да одговара на прашањата на судот.

Кога се претставуваше, тој истакна дека е пензионер, откако наполнил 60 години, а појасни дека пензијата му е 1.100 евр месечно. Потврди дека има недвижен имот, но дополни дека банкротирал.

Следните судски заседанија за делото, што во Австрија веќе е познато како „процесот на векот“, ќе продолжат под затворени врати, заради податоците и деталите кои ќе бидат претставени во судската сала и кои би можеле да ги навредат жртвите на Фрицл.

Ниту едно од децата на Фрицл од врската со ќерка му, ниту самата ќерка, нема да се појават во судската сала, за да сведочат. Ќерката на Фрицл, 42-годишната Елизабет, веќе ги забележала своите сведочења во 11-часовниот видеозапис што ќе биде прикажан пред судот.

Јас би рекол, смртна казна за вакви луѓе, безразлика колку години имаат!
 
што човек ќе беше тој Фрицл....колку сакам да го бара сапунот у затворот.....ц ц ц ц:tv:
 
Со папката си го криеше лицето :uvo:
 
Siot moj gnev nasobran...seta moja covecka sila...site moi najcrni i najstrasni misli bi gi izvadil kaj ovoj.

Oooo, dajte mi jas da mu sudam.
 
На лошо оди работава, сега створот е медиумска сензација место да скапува на непозната локација. Гледам вчера вести, веста пред оваа за Фрицл беше за некои двајца педофили од Македонија кои се изживувале врз ќерките на едниот од нив. Не треба да се раскажуваат вакви работи во јавност, да бидат ударна вест, и слично, туку едноставно да се погубуваат створовите. Ниту една казна, ниту една рехабилитација нема да го оправи болниот ум, тој секогаш ќе остане таков. Затоа треба да се истреби оризот, без многу медиумско отекување.
 
stvarno ova vestive stanaa u posledno vreme psihoticni i pritoa stavajki akcent isklucivo na politika i crna hronika...pa ima luge so slabi srcinja aman:kesa:
 
ЈОЗЕФ ФРИЦЛ ГИ ПРИЗНА СИТЕ ЗЛОДЕЛА
Австриецот Јозеф Фрицл, кој 24 години ја држеше во заробеништво својата ќерка, со која има седум деца, денеска на почетокот од третиот ден од судењето ги призна сите точки содржани во обвинението.
8A26FFD76196DA41B74C6D29F9E426FE.bmp

Фрицл (73) денеска ја прифати и вината за заробување и убиство преку непружање на лекарска помош на новороденче, точка од обвинението која ја отфрли на првиот ден од судењето.

„Монструмот од Амштетен“, кој 24 години во подрум од семејната куќа ја држеше во заробеништво својата ќерка Елизабет, најверојатно ќе биде осуден на доживотна казна затвор.

Фрицл во Амштетен својата сега 42 годишна ќерка ја држел во заробеништво од 29 август 1984 година до 26 април 2008 година во подрум специјално изграден за таа цел. Со неа преку инцестуозни односи зачнал седум деца, од кои една починало непосредно по раѓањето.

Судењето на Фрицл започна во понеделникот во австрискиот град Санкт Полтен.

Пресудата најверојатно ќе биде донесена в петок, а процесот предизвика голем медиумски интерес и е следен од 200 новинари од цел свет.


Свињата ги признала сите дола, од кога ја изгледала видео снимката од изкажувањето на "неговата ќерка" .
Нека го стаат на гилотона, да му ебам психопатот.
 
Никогаш не сум оправдувал смртна казна ама за овај гаден случај кој ја потресе целата светска јавност мислам дека само тоа е соодветна санкција .
 



Еве го Фрици, богами има фаца на животиња.
 
создравје да си ја служи доживотната казна која ќе ја одлежува во санаториум:vozbud:
-бил роден за да силува....ајде?!?:tapp:
edit:3000 пати извршил силување.....:nenene:
 
73 години има мноогу долга казна ќе му биде :toe:

А да го дадат на црнец педер да си игра со него до крајот на животот?:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom