- Член од
 - 17 јануари 2009
 
- Мислења
 - 2.814
 
- Поени од реакции
 - 4.667
 
Ѕинго замина и лесна му земја. Остави неизбришлива трага зад себе, која ни 100 шлепери тоалетна нема да ја избришат. Веројатно оставил некоја пара и за потомството, па ги обезбедил, со неговите десет прсте, следните генерации (нешто скромно, претпоставувам). Вечно ќе остане во спомените на неговите современици, кои на еден или надруг, а можеби и на повеќе начини, им го направил животот повеќе неподнослив отколку што е. Но, така одат работите. Верувам дека неговите ќе одат по истиот пат и ќе бидат потсетник за животот и делото на оваа, од повеќе аспекти, истакната фигура. 
Но, не жалете. Ѕинго не е ни единствениот, ни првиот кој вака го задолжил Македонецот. Некои од тоа елитно друштво, и денес, иако малку подостарени и здебелени, се живи и здрави, успешни и задоволни бизнисмени. Угледни. Влијателни. Почитувани од секоја опозиција и власт. А ако не се, нивните деца не се ништо понаивни од нив.
				
 Па немаше меч мислам да не се скандира против него (дали Вардар или репрезентација), а он уште подраконски возвраќаше на истото. Колку пари се излеаа од касата на Вардар за казните во негово време е добро прашање. Но се изгуби тој набој во Скопје кој се чуствуваше во воздухот пред секое дерби или европски меч, согласен сум со тебе, после 2002-03 година некаде.