По што ќе ја памтите 2008?

  • Креатор на темата Креатор на темата Foxy`BuTTerFLY
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Значи вака..Беше ова убава година, полна со изненадувања, одбивања на политички план, многу скандали, нови закони, политички афери, развој на македонската поп музика и слично.
Јас 2008 ќе ја памтам по прекрасниот годишен одмор, пресвртот во мојот живот- да останам сама дома да живеам, и неколку мали моменти кои ми ги разубавуваа деновите.
По што ќе ја памтите вие 2008?
 
Еден куп работи.... Дел од нив се моето прво вработување, полагањето успешно на сите испити од факсот. Глобално земено, супер година :helou:.
 
Имаше многу работи ... добри и лоши

најмногу ќе го памтам 31-ви ... во статистика имав

  • Вкупно одговори: 6,666
  • Мислења на ден: 6.66
Капак на се кога се јавив вечерта имав 66,66 денари кредит ... Цел ден во параноја ми помина ама еве жив сум :smir:
 
1. Двете мали ѕверчиња, Горазд и Калина
2. Ишишав суканиците :)
3. Облеков одело :)
4. Сменив фирма
5. Страшно многу нови деловни контакти, погледи и сфаќања
6. (конечно) си ја средив собата, од нула - нагоре
7. Белград


Доста е за годинава, нели? :)
 
Искрено ке ја памтам по лоши работи,изгубив драги личности кои навистина ми значеа...,и ред други работи...
Имаше и добри моменти мегутоа не беа вредни за којзнае колку да се памтат...
Така што се надевам дека оваа ке ми биде подобра во секој поглед...
 
По почетокот на мојава шмекерска кариера.Имат и лоши работи ама ако не се важни сеа, битно си научив по некоја лекција...
 
беше доста интересна оваа година, полна со разни добри и лоши случки кои секако ке бидат запамтени...
инаку јас оваа година ќе ја памтам по...
1.зачленувањето на форумов...
2.завршувањето на мојата прва година у гимназија... прекрасно, супер луѓе у класот(иако се големи бубалици), си поминавме супер време,
3.прекрасното лето кое го поминафме заедно со моето друштво...интересни моменти споделивме
4.девојка си фатив
друго не ми текнуе
 
По љубовта која што никогаш не очекував дека така ќе ме исполни,по една многу тажна работа којашто не сакам никогаш да ми се повтори и по безбројните пријателства,смеења,журки и мали слатки дешавки што ми го направија животот поубав :back:
 
Оваа година ке ја паматам по пекониот ден 3.3 кога изгубив ептен драга личност по што ми се смени животот.Потоа по супер летото во кое живеев 24 часа и се трудев да го заборавам проклетиот ден.По добрите успеси на училиште и добрата шанса за школување на поинаков начин :toe:.А и по тоа што го добив најпрекрасниот внук и конечно станав тетка
 
Оваа година беше за нигде дефинитивно.
3 недели по болници влечкање, потрес на мозок, грешка во дијагноза, премногу смртни случаи, а за љубов пак да не зборувам ич... многу јако се зафркнав...
единствено шо ми беше убо е полуматурата и кога бевме низ Македонија.
 
Со тоа што го запознав најдоброто нешто што ми се има случено во животот ,но и по големиот пад на мојот карактер...
 
По редослед.
Маријана - Работа - Дипломирање - Карта за Мејден.
 
Минатата 2008 година ќе ја памтам како година на најголеми турбленции во мојот живот и ќе се гордеам со тоа дека жива и здрава... психички непореметена ги испратив со првиот воз по отчукување на 00:00 часот.:pipi:
 
По матурата и запишувањето на факултет, по многуте патувања летоска а пред се Берлин, по неколкуте нови лица во кругот на пријатели, и по Филип. Убава година, си посакувам уште многу како 2008.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom