ПМФ

  • Креатор на темата Креатор на темата GraFusion
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво нов сум тука и сакам да прашам. Дали се учат премногу формули напамет на Биохемија и физиологија, на пример: процеси во одвивање, синтези, гликолиза и сл. И незнам што е разликата помеѓу биохемија на биологија и аналитичка биохемија на хемиски факултет. Ми се чини дека втората е полесна, бидејќи нема физиологии, но гледам дека има повеќе математика (2 семестри) што не ми се допаѓа баш.:sick:
 
Напамет формули досеа сум учел молекуларна, а ќе бидам 4та на биохемија-физиологија. Азотните бази и да знаеш да нацрташ водородни врски. И сеа ми текна, Биохемија 2 мислам, формула на холестерол како да имаше, ама такво прашање имаш едно у цел тест. А за процесите, да знаеш колку АТП се трошат, при кои реакции и кои ензими учествуваат. Биохемија на растенија на пример на испит ти дава фотосинтеза и такви ствари и ти снаоѓај се. Ама пак од 5 прашања, едно такво ќе ти даде, демек тие шо учат повеќе де. Микро од 12-13 ферментации една паѓа на испит, од вкупно 5 прашања.

На аналитичка многу повеќе хемија се учи(би требало), а на биохемија-физиологија хемија имаш само првите 4 семестри. На биохемија-физиологија во трет семестар имаш споено Invertebrata и Vertebrata(полагаш кај двајца професори плус кај 2 асистентки), имаш споено Аналитичка и инструментална хемија(Аналитичка полагаш и плус задачи), Биохемија на растенија исто не е за потценување, Биохемија 1 ние се извлековме со само 3 колоквиуми, а на една генерација после мене им дала плус 2 практични. За споредба генерација пред мене првите два предмети се учеа во два семестри. Сепак не е толку тешко како што изгледа, се постигнува. :)
 
Здраво нов сум тука и сакам да прашам. Дали се учат премногу формули напамет на Биохемија и физиологија, на пример: процеси во одвивање, синтези, гликолиза и сл. И незнам што е разликата помеѓу биохемија на биологија и аналитичка биохемија на хемиски факултет. Ми се чини дека втората е полесна, бидејќи нема физиологии, но гледам дека има повеќе математика (2 семестри) што не ми се допаѓа баш.:sick:

Види разлика меѓу овие насоки секако дека постои, прво онаа што е на биологија е потешка. Секаде кај што се учи биохемија и на чиста хемија да отидеш имаш 2 биохемии и ти тражат формули на шеќери, азотни бази, циклуси и слично, но не учиш на памет, ги учиш еднаш и после се повторуваат во циклусите. Циклусите немој да те плашат, ептен се логични, ако знаеш малку органска хемија да разликуваш оксидација/редукција немаш гајле.

Според мене насоката аналитичка биохемија е супер осмислена како насока во која можат да се научат многу методи за анализа на биохемиски материјал, имаат многу биохемии, имаш интересни изборни предмети и слично, но многу студенти се провлекуваат со нула знаење. Незнам што е работата, многу фаќаат на препишување и комбинации.

За биохемиско-физиолошка имам 3-4 познаници и децава навистина учат, оние што не учат не положуваат.

Математика 1 и Математика 2 имаш на Аналитичка биохемија, но нешто се збореше дека ќе прават измени во наставниот план, бидејќи добиваат титула инженер по хемија - аналитичка биохемија, а немаат доволно предмети од хемиските дисциплини за да ја носат таа титула.

Сакав да кажам, не е цел само да запишеш факултет и да го завршиш без никакво знаење, било да е теоретско или практично, ако сакаш биохемија иди на биологија. :)
 
Фала многу мои идни колеги :) А како е со математиката. Имам прочитано дека доста голем број од студентите кои се запишани на биохемија и физиологија доаѓаат од средно медицинско, каде се учи математика само 1 година. Јас во гимназија учев 4 но некако си ја преспав. Професорката пак по биологија (наставна насока има завршено) ни кажуваше дека таму и било полесно отколку математика во средно. Па незнам сега како е ??? Инаку гледам дека се учи и физика, која исто така бара познавање од математика и физичка хемија???
 
Што си се уплашил толку од таа математика :D и со физичките хемии, јас на применета хемија имав 3 математики (мат 1, мат 2, математички методи во хемија) и 8 физички хемии (Физичка 1, Физичка 2, структура на атом и хемиска врска, структура на молекули, радиохемија, кристалохемија, електрохемија, методи за определување молекулски структури) + 2 физики, па до сега сум жив.

Математиката јесте да е малку безвезе во прва година, си учиш и си мислиш што ќе ми е ова чудо, јас на хемија дојдов, после кога ќе дојдат физичките хемии ти станува јасно зошто си учел математика. :D

Ако сакаш чиста хемија, каде ќе научиш многу за спектроскопија и структура, синтеза на нови соединенија нивна карактеризација и својства дојди на применета, нека не те плашат математиките, физиките и физичките хемии, ептен е јако кога ќе навлезеш во стручните предмети, посебно структура на молекули кај ти се спектроскопиите, па експерименталните предмети: експериментална неорганска, органска, аналитичка, мераци. :)

Ама пази, ако не си упорен, лесно можеш да заглавиш, просечно годишно се запишуваат на насоката по 10 студенти, оти е најтешка.

Кај мене во генерација тие што се запишаа на аналитичка биохемија пола и повеќе беа од медицинско и средно стручно, сите положија математика, асистентката е супер, професорот исто.

Со среќа, што и да запишеш, немој само некоја наставна насока, бидејќи ќе бидеш навистина многу ограничен. За другото избери си ти.
 
Фала многу мои идни колеги :) А како е со математиката. Имам прочитано дека доста голем број од студентите кои се запишани на биохемија и физиологија доаѓаат од средно медицинско, каде се учи математика само 1 година. Јас во гимназија учев 4 но некако си ја преспав. Професорката пак по биологија (наставна насока има завршено) ни кажуваше дека таму и било полесно отколку математика во средно. Па незнам сега како е ??? Инаку гледам дека се учи и физика, која исто така бара познавање од математика и физичка хемија???
Убаво ти кажала професорката од средно. :D Ja барем лесно поминав, а за физика, на биохемија-физиологија имаш биофизика и нема задачи, само 2 колоквиуми полагаш, ако ги положиш добиваш оценка. Да не речам ептен основни работи се учат. За на аналитичка биохемија ти објаснија погоре.

И се сложувам со Harry Haller , немој наставна, барем на биологија можам да ти кажам 2 семестри учиш Invertebrata, два семестри Vertebrata, два систематика на виши и да не набројувам ќе ме сфатиш ваљда. :D
 
Здраво, да прашам дали некој знае од колку до колки часот се уписите на ПМФ утре?
 
Некој да не знај дали има услови за запишување на година во смисол на освоени кредит пошто имам 2 неположени од зимскиов ама 14 од 30 кредити ми носат, а за летниот муабет не ми се прај :)
 
Некој да не знај дали има услови за запишување на година во смисол на освоени кредит пошто имам 2 неположени од зимскиов ама 14 од 30 кредити ми носат, а за летниот муабет не ми се прај :)

па нели е едноставно: ги презапишуваш тие два неположени.
на шо си на ПЕ ЕМ ЕФ? :D
 
Ако е така нема криза :)
На применета физика сум.

Морат така да бидит. Не дека јас ти давам конечен и официјален одговор, пошо секој институт си имат скорос вои принципи, ама би требало да не е проблем. Ти прашај си на студентски бе, шо ти е проблем.
А плус и гужва на физика...:icon_mrgr:
 
Абе го намалија буџетот за образованието ради то страв ме фаќа хахахах а и преку вечер можи да сменат некој закон па да не можиш да запишиш појке од 35 кредити како шо ми се случи минатиот семестар. Ко ќе завршиш на ПМФ не само шо ќе добиеш диплома туку и никаква ситуација после во животот не ќе можи да те за*би, на се ќе бидиш спремен :icon_lol:
 
Дечки да ве прашам, на страната на ПМФ во образование имаат ставено едни предмети што треба да се изучуваат за додипломски студии, а на wikipedia има други предмети...некој ми спомна дека овие на wikipedia биле точни затоа што програмите биле семенети и олсенати, меѓутоа незнам колку тоа е точно па сакам да слушнам мислење од форумџииве :)
 
За која насока ? Инаку секој институт си има своја веб страна и таму би требало да се точни предметите, со сите измени. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom