Фала многу мои идни колеги
А како е со математиката. Имам прочитано дека доста голем број од студентите кои се запишани на биохемија и физиологија доаѓаат од средно медицинско, каде се учи математика само 1 година. Јас во гимназија учев 4 но некако си ја преспав. Професорката пак по биологија (наставна насока има завршено) ни кажуваше дека таму и било полесно отколку математика во средно. Па незнам сега како е ??? Инаку гледам дека се учи и физика, која исто така бара познавање од математика и физичка хемија???
Што си се уплашил толку од таа математика
и со физичките хемии, јас на применета хемија имав 3 математики (мат 1, мат 2, математички методи во хемија) и 8 физички хемии (Физичка 1, Физичка 2, структура на атом и хемиска врска, структура на молекули, радиохемија, кристалохемија, електрохемија, методи за определување молекулски структури) + 2 физики, па до сега сум жив.
Математиката јесте да е малку безвезе во прва година, си учиш и си мислиш што ќе ми е ова чудо, јас на хемија дојдов, после кога ќе дојдат физичките хемии ти станува јасно зошто си учел математика.
Ако сакаш чиста хемија, каде ќе научиш многу за спектроскопија и структура, синтеза на нови соединенија нивна карактеризација и својства дојди на применета, нека не те плашат математиките, физиките и физичките хемии, ептен е јако кога ќе навлезеш во стручните предмети, посебно структура на молекули кај ти се спектроскопиите, па експерименталните предмети: експериментална неорганска, органска, аналитичка, мераци.
Ама пази, ако не си упорен, лесно можеш да заглавиш, просечно годишно се запишуваат на насоката по 10 студенти, оти е најтешка.
Кај мене во генерација тие што се запишаа на аналитичка биохемија пола и повеќе беа од медицинско и средно стручно, сите положија математика, асистентката е супер, професорот исто.
Со среќа, што и да запишеш, немој само некоја наставна насока, бидејќи ќе бидеш навистина многу ограничен. За другото избери си ти.