Собир на плоштадот Пела
27.02.2008 19:55 Со развиорени знамиња, патриотски песни и транспаренти. Македонија библиска, а не нова. Почна собирот во центар на Скопје, плоштадот Пела.
Го организираа група граѓани, целта е да се испрати порака, „Македонија, Македонски, Македонци, само тоа признаваме“.
Пораката на граѓаните ќе им ја испрати актерот Тони Михајловски, односно дека нема промена на уставното име на РМ.
Ги прашавме граѓаните кои дојдоа вечерва на митингот, велат, дека нема оправдување за обезличување.
„Мојата цел е од дете, кажано ми е од дедо ми дека оваа земја е Македонија и нема повеќе муабет. Дрво без корен не бива и народ без иднина не бива. Македонија е една“ велат граѓаните.
За разлика од минатата недела кога протестот го организираше невладината „младите знаат“ овој протест е проследен од засилено полициско обезбедување.
Полиција има и во центарот, но особено е засилено обезбедувањето пред грчката амбасада.
извор:А1