Бидна и тоа. Од денес и јас се приклучувам кон баграта возачи на плин на форумов
Прво, морам да признаам дека воопшто немав дилеми околу изборот на компанијата која ќе ја изведе инсталацијата на уредот, затоа што
Плимонт се неприкосновени на македонскиот пазар. Од препораки по пријатели кои веќе се задоволни корисници, преку одличната покриеност со информации на интернет просторот (
веб сајт, социјални медиуми, форуми и тн.), па се' до информациите кои може да се добијат телефонски и на лице место, се' што прават оддава впечаток на сериозна компанија која не остава простор за некаков сомнеж.
Знаеме дека фирма која во денешно време не е присутна на интернет - исто како да не постои. Епа, за @plimont, важи обратното. Тие се присутни, ажурни и конкретни. Презадоволен сум од информациите кои може да се најдат на нивниот сајт. Од основни објаснувања за LPG, најчестите прашања на корисници, па се до ценовници, пресметки за заштеда, начини на плаќање, процедури за А-тестирање и галерии во кои може да научите нешто повеќе за изведбата на плинските уреди... Работи кои можеби одземаат време создадат и ажурираат, но решаваат многу дилеми кај потенцијалните клиенти кои се' уште се двоумат околу одлуката за преминување на LPG. За тоа, симнувам капа.
Исто така,
позитивно изненаден од педантната изведба на техничките лица. За „цепидлака“ како мене (или со други зборови - човек кој сака да се грижи за состојбата на возилото), вистинско охрабрување е кога ќе видиш дека автомобилот се „конзервира“ пред почеток на изведбата. Најлони на седишта, фолија на волан, менувач, рачна кочница... Се' по пропис и професионално. Не дека се работи некоја валкана работа, ама зошто да се случат несакани дамки од страна на техничарите кога може да се делува превентивно?
Инсталацијата беше брза и завршена уште истиот ден. Пред предавањето на возилото следуваше кратко запознавање со плинскиот систем, гаранцијата, начинот на користење и тн. При предавањето на возилото, визуелна тура околу инсталираната опрема (плинскиот резервоар, полначката, индикаторот и контролите за префрлање од бензин на плин и тн.) и секако - кратко упатство околу начинот на користење. Не дека треба да си гениј за да сфатиш како се префрла од бензин на плин и обратно, ама никогаш не е на одмет да се разјаснат некои работи. После тоа, пали - вози!
Иако денес поминав некои 30-40 километри, имав можност да ја „нагазам“ малку C4-ката и на автопат. Не забележувам никаква варијација од возењето/брзината на бензин до возењето на плин. Се' е исто. Освен цената на горивото, нормално. При крај на возењето си викам: „чекај да видам дали мириса на плин“ и се доближувам со носот до издувот да видам дали го има оној мирис на „купус“ кој често во минатото сме го чувствувале - нема ништо слично. Никаков мирис на плин, особено не на зелка. Тоа ми се допаѓа
Утре одам да завршам работа со документацијата на технички. За да нема нејаснотии околу тоа, дури се потрудиле и да ги објаснат чекорите (1. потврда од технички, 2. потврда од МВР, 3. извршување на технички преглед) кои треба да се поминат за да се добие документот за „А-тестиран уред“.
Плимонт, ви благодарам. Сега, може да зачести одењето на викенд надвор од Скопје...