Плински уреди

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
До Плимонт,

колку би ме чинела замена на филтер за плин, и една генерална проверка на системот за плин. Имам поминато преку 40.000км откако е монтиран и до сега ниту еднаш не е чепнато ништо.
Дали за ваква интервенција треба да закажам термин?

Во зависност од типот на плински уред цените на филтрите за плин се:
- 400 денари за филтер за течна фаза
-1200 денари за филтер за гасна фаза (кај секвенцинални плински уреди)
За цените за проверка на плински уред ќе напишам во понеделник. Колегата кој го води сервисниот оддел деновиве е отсутен. Знам дека за карбураторски плински уред проверката е 100 денари, а не ги знам цените за компјутерската дијагностика. Јас го заменувам деновиве и за проверка не ни наплаќам..
 
za bmw 520i e39 kolku cini plin so ates

Вашето БМВ 520 поседува 6-цилиндерски мотор. Цената за вградување на секвенционален плински уред на овој тип на мотор е 830 евра, ако е во комбинација со цилиндрична плинска боца, односно 860 евра со торусна плинска боца која се поставува на место на резевно тркало.Ова е цена до атест, трошоците за атест на возило со плински уред се околу 50 евра.
Во текот на утрешниот ден ќе постирам и фотоградии од БМВ со вграден плински уред
 
Фотографии од BMW 520 со вграден плински уред:

2r77bdl.jpg

x2udko.jpg

2aj9z0n.jpg

34pe04p.jpg

21ltwee.jpg

a7fjb.jpg

1431cna.jpg

f3x84y.jpg

5np69t.jpg
 
Imam peugeot 306 1.4 xr .Kolku ke me cini vgraduvanje na plinski ured.

Во Peugeot 306 производителот вградуваше повеќе типови на 1.4 мотори, но најчест е full-injection 8-вентилскиот мотор. Доколку тоа е случај и со вашиот Peugeot, ќе се постави Landi Plus Max уредот, во комбинација со цилиндрична плинска боца со зафатнина од 27 до 60 литри, што ќе Ве чини 540 евра. Ако возилото е од постарите генерации на 306 серијата , може да е опремено и со mono-injection или карбураторски тип на мотор.Во таков случај цената за вградување на плински уред е 405 евра ако моторот е mono-injection, или 260 евра ако е со карбураторски мотор. Кај Peugeot 306 можно е поставување само на цилиндричен тип на плинска боца, затоа што резервното тркало е поставено под возилото.
 
ало плимонт... што бидна со метанот? има ли најави за брзо време да се почне со точење и која последна цена сте ја слушнале дека ке биде? плус дајте цени за уреди за монтажи кај вас... верувам дека народов се размислува, па дајте да има правец на размислување...
 
Ме интересира разликите, предностите и недостатоците на секвенционалните плински уреди Ланди Ренцо макс плус и Тартарини, сериозно сум заинтересиран за вградување на плински уред па би ве замолил ако може подетално да објасните. Што е главната разлика, дали се иста категорија според ECU и слично. Би ви бил бескрајно благодарен доколку ми помогнете. благодарам однапред
 
Хало
Не се рабирам нешо од плинов па би сакал повеќе прашања до плимонт и остали:

1.Имам Форд фокус бензинац 1.4Duratec 59KW/80KS од 2009,троши 8.6 л/100 според компјутерот.Е сеа дали би ми се исплаќало да мењам на плин,колку пари би коштало во плимонт ставањето на плин и дали со овој модел би имало некакви проблеми возењето на плин?Едни викаат не ставај други ставај, незнам што да правам.
2.Гледам метан ќе почне да се продава и кај нас.Дали некој знае каде се ќе може да се пуни метанот,од кога, и дали ќе може да се стави на 5-6 тонски камиони,дали би се исплатело,и колку би коштала таа преадаптација.Знам дека автобусиве на ЈСП возат на метан а за камиони не знам.

Поздрав
 
ало плимонт... што бидна со метанот? има ли најави за брзо време да се почне со точење и која последна цена сте ја слушнале дека ке биде? плус дајте цени за уреди за монтажи кај вас... верувам дека народов се размислува, па дајте да има правец на размислување...

Најави за точење на метан постојат веќе пет/шест години, датираат од времето кога се изгради пумпата од страна на макпетрол , во кругот на ЈСП. Беше планирана и за точење на метан (КЗГ-компримиран земјен гас) кај автомобили. Меѓутоа и покрај повеќето најави, служеше единствено за автобусите на ЈСП.
Моментално постојат уште две метански пумпи - макпетрол Влае и макпетрол на влезот на Куманово од страната на автопатот. Најави за нивно пуштање во употреба слушаме од 15 мај па наваму, така да веќе никој во Плимонт не се замара кога ќе ги пуштат во употреба. Кога ќе навистина ќе проработат, незнам.
--- надополнето: 19 декември 2011 во 19:35 ---
Хало
Не се рабирам нешо од плинов па би сакал повеќе прашања до плимонт и остали:

1.Имам Форд фокус бензинац 1.4Duratec 59KW/80KS од 2009,троши 8.6 л/100 според компјутерот.Е сеа дали би ми се исплаќало да мењам на плин,колку пари би коштало во плимонт ставањето на плин и дали со овој модел би имало некакви проблеми возењето на плин?Едни викаат не ставај други ставај, незнам што да правам.
2.Гледам метан ќе почне да се продава и кај нас.Дали некој знае каде се ќе може да се пуни метанот,од кога, и дали ќе може да се стави на 5-6 тонски камиони,дали би се исплатело,и колку би коштала таа преадаптација.Знам дека автобусиве на ЈСП возат на метан а за камиони не знам.

Поздрав

Со денешните плински уреди, кои се целосно компјутеризирани, возењето на плин не се разликува од возењето на бензин. Генерално, губитокот на снага е многу мал, потрошувачката на плин ќе биде повисока за едно литро од онаа на бензин. Уредот чини 570 евра, доколку се вгради торусен резервоар (на местото на резервното тркало), или 540 евра доколку се вгради цилиндричен резервоар. Не ми се тука колкегите, не се сеќавам колкава гаранција имаат фордовите возила, во секој случај, доколку возилото сеуште е под гаранција, а сакате истата да продолжи да важи, ќе мора плинскиот уред да се уплати во мида, потоа тие ќе ве упатат во Плимонт. Доколку возилото се вози, често под високи вртежи (отворен пат), пожелно е да се вгради flashlube, заради заштита на лежиштата на вентилите од главата на моторот од појава на евентуален проблем на истите.
Гледано од аспект на економска исплатливост, возењето на плин е околу 40% поевтино одколку возењето на бензин. Можете самите да пресметате преку калкулаторот од нашата веб страна:

http://plimont.com.mk/Zashteda.aspx

Неколку фотографии од форд фокус со вграден плински уред

oqkp3q.jpg

25pidzb.jpg

351et68.jpg

154devo.jpg

av5zep.jpg

ak7fq1.jpg

Поздрав
 
Фала на одговор ќе наминам деновиве.
Што се однесува до метанот,макпетрол веќе донесоа специјални цистерни за превоз на метанот , што логички би значело скорешна негова продажба.
 
Фала на одговор ќе наминам деновиве.
Што се однесува до метанот,макпетрол веќе донесоа специјални цистерни за превоз на метанот , што логички би значело скорешна негова продажба.

Гасоводот (метан) не поминува покрај метанската пумпа на макпетрол во Влае. Затоа мора да имаат специјална цистерна за транспорт на метанот до самата пумпа. Онаа на влезот во Куманово се наоѓа покрај гасоводот и мислам дека се прикључени на самиот цевковод (поекономична варијанта за метанска пумпа).

Конверзијата на лесни и тешки дизел возила и автобуси, да користат метан како гориво е доста посложена отколку конверзијата на бензинските мотори. Метанските уреди наменети за дизел мотори се од специјален тип кој зависи од типот на дизел моторот.

Најчест и најлесен тип е dual-fuel (двојно гориво) конверзија, кај која, моторот продолжува да работи на дизел, со вбризгување на контролирани мали количини на метан за подобрување на согорувањето на дизелот, меѓутоа економијата е релативно мала (околу 20%).
Доста поскап тип е Mono-fuel конверзија, кај што, оргиналниот дизел мотор целосно се преработува и ќе функционира единствено на метанско гориво. Во тој случај, економијата е околу 50%.
Најсовремена и најекономична е хибридната конверзија (Mono-fuel конверзија, со додавање на електромотор на погонско тркало).
Кај сите три типа на конверзија, вбризгувањето на гориво го контролира ECU (компјутер)
 
Плимонт каде препорачувате да се пуни плин.
Некој викаат не пуни таму пуни ваму,некој викаат нема везе глеј кај е најефтино...
 
Плимонт каде препорачувате да се пуни плин.
Некој викаат не пуни таму пуни ваму,некој викаат нема везе глеј кај е најефтино...
не чекај за џабе, нема да ти одговори плимонт на ова... затоа што ова прашање до сега било поставено барем 20 пати, а екипата од плимонт се етици големи и нема да плукнат по никого... прашај ги оние кои возат подолго, ке ти кажат...
 
Tвое мислење?Или некој кој вози подолго
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom