Лета авион за Мелбурн, а во него една плавуша, од туристичка класа преминува во прва класа и си седнува на седиштето. Во еден момент ова го забележува една од стјуардесите, се доближува до неа и ја замолува да и ја покаже картата. Кога погледнува, и кажува на плавушата дека картата е за туристичка класа и дека таа мора да се премести таму. Плавушата и одговара:
- Јас сум плавуша, јас сум убава, летам за Мелбурн и ќе седам ТУКА.
Стјуардесата си заминува, оди во пилотската кабина и вели:
- Една тврдоглава плавуша седи во прва класа и за жива глава не сака да се врати во туристичка класа.
Тогаш ко-пилотот решава да оди до плавушата и да ја разубеди да се врати во туристичката класа. Но плавушата му го одговара истото:
- Јас сум плавуша, јас сум убава, летам за Мелбурн и ке седам ТУКА.
Зацрвенет од лутина, ко-пилотот се враќа во кабината и му кажува на капетанот во авионот дека нема смисла повеќе да се разговара со плавушата, најдобро е да ја прјават во полиција во Мелбурн. На тоа капетанот одговара:
- Абе таа е само плавуша и јас ке го решам проблемот со неа. Јас сум свршен со плавуша и го зборувам јазикот на плавушите.
Оди и и шепнува нешто на плавушата на увце. Плавушата поцрвенува цела, станува и срамежливо вели:
- Ох, извинете, тоа не ми ни падна на памет.
Потоа оди во туристичката класа. Стјуардесата и ко-пилотот биле запрепастени од реакцијата на палвушата и го прашале капетанот што и кажал на увце. А тој им одговара:
- И реков дека прва класа не лета за Мелбурн!!!