Планираат да ни дадат учебници, или не?

A ти ги имаш старите? :pos:
Не ни треба нас учебници. Посебно нашата паралелка.

:salut:

Добро јас кажав за тие што учат и што им требаат учебници. Иначе да, на мене не ми требат. :pos2:
 
Учебници ќе има, ама не се знае кога

Проблем со учебниците имаа речиси сите ученици, бидејќи од годинава се бесплатни и требаше да ги обезбеди МОН. Откако беше поделено тоа што беше набавено, се појави проблемот со учебниците за четврто и за седмо одделение, кои се' уште не се отпечатени
Десетина часови минати пред компјутер, испечатени стотици страници, потрошени куп пари, препишување од тетратка во тетратка... Ова, последниве два месеца стана секојдневие на многу родители чии деца одат во седмо или во четврто одделение, а кои на секој начин се обидуваат да им обезбедат материјали за учење. Иако учебната година е почната пред повеќе од два месеца, овие ученици, како и средношколците во стручните училишта, се' уште немаат учебници за повеќето предмети што ги изучуваат. Кога ресорното министерство, и покрај сите најави дека до 1 септември ќе има учебници и оти тие ќе бидат бесплатни, не си го одржа ветувањето, одговорноста за набавка на материјалите ја презедоа родителите, кои не сакаат образованието на нивните деца да биде импровизација која се темели на диктирање и препишување.
УЧЕБНИЦИ ОД ИНТЕРНЕТ

- Моите деца се во четврто и во седмо одделение. И за двете годинава нема учебници за сите предмети. Бидејќи увидовме дека наставата не можат да ја следат и доволно да научат само од основните содржини што ги запишуваат во тетратка, одлучивме сите книги да ги извадиме од интернет-страницата на Министерството за образование и да ги испечатиме. Тоа не само што е дополнителен трошок, туку и многу труд и потрошено време, бидејќи не е лесно материјалите да се преземат во соодветен формат и да се испечатат - вели Марија С., чии деца учат во едно скопско училиште.
- Учебниците треба да бидат подготвени за наредната учебна година. Оваа година учениците ќе ја поминат како што се поминувале последните 20 години. Ние сакаме да го промениме тоа - соопшти неодамна Тодоров.

А кога учениците од основните училишта ќе добијат книги уште не се знае. Од Министерството вчера само кратко рекоа дека учебниците се готови и оти наскоро ќе бидат дистрибуирани, но кога ќе биде тоа се' уште не се знае.
- Се наруши целиот процес во образованието. Има непотребен застој. Претходно се знаеше, со издаваштво не се занимава државата, туку издавачките куќи. А сега целото издаваштво на учебници го презеде државата. Помалите деца не можат да учат без учебници. Ним им е потребна соодветна литература за полесно да ги совладаат предметите. Дополнителен проблем е строгата контрола врз наставниците, на кои им се закануваат со казни и ги ограничуваат во предавањата - смета Новковски.

РЕСАВСКА ШКОЛА

Директорката на Бирото за развој во образованието, Весна Хорватовиќ, вели дека нема податок кои ученици немаат учебници, но не верува дека процентот на таквите учебници е огромен.

- Од стручен аспект има одредени проблеми при наставата, бидејќи таа полесно се реализира со учебници. Но за оние предмети што нема учебници наставниците треба да се снајдат, преку работни листови, истражувања на интернет, работни групи... Стручните училишта овој проблем го имаат со години, па така, додека да им стигнат книгите може да ги користат материјалите што ги користеле претходно - вели Хорватовиќ.

Наспроти ваквиот став, наставниците предупредуваат дека за учениците е многу тешко и напорно предавањата за сите предмети да ги запишуваат во тетратка.

- Учениците од седмо одделение имаат учебник само по историја. Се' друго пишуваат во тетратка. За нив тоа е многу напорно. Правиме се' за да ја реализираме програмата, но тоа не е лесно. И други години се случувало да недостига по некој учебник, но едно е да фали еден, а друго е да фалат сите - објаснува наставничка од Основното училиште „Љубен Лапе“.

Родителите предупредуваат дека ваквата конфузија им штети на децата од повеќе аспекти. Од една страна наставата со тетратки ја сфаќаат несериозно и се потпираат само на тоа што им е запишано во тетратката, а од друга страна успехот им е се' послаб.
Е така ние се образуваме, со пишување, како во краљевина Југославија. Ебате институциите, после ела запиши го со знаење и оценки, тикви.

Уф, почнав да се изразувам како оние на црн бумбар-бел бумбар
...Тањче, многу си убава ама државата треба ...па и да се направи...не бива...ја кога би бил министер...дрн
 
- Учебниците треба да бидат подготвени за наредната учебна година.
Наредната година......:pos2::pos2: Ова е најлесното решение на проблемот, префрли го за наредната година, исто како со компјутерите, дојде и наредната т.е. оваа година и пак ако не полошо на исто си остана проблемот

Оваа година учениците ќе ја поминат како што се поминувале последните 20 години. Ние сакаме да го промениме тоа - соопшти неодамна Тодоров.
Најпрво треба дотичниот да каже зошто 20 години правеа пошто-пото квази експерименти во образованието, да се запраша што стана во тие последни 20 години, зошто се завртеа преку глава наопаку, знам дека му е совршено јасно ама изгледа ќе му треба голема храброст да го каже одговорот.
 
Ја има ли некој книгата по физика за II година средно образование од Крсто Крстевски? Ако има нека кажуе, бизнис да праиме, ми треба. :)
 
Имам земено учебници само по: македонски, латински и биологија, друго ништо, па за дополнителна нервоза давам по 50 денари за секој предмет за скрипти, се утепувам од пишување во тетратка и за крај што нема врска со учебнициве, не се возам гага како прва и втора година..
 
Пфф, ни ги дадоја нас сите, еден квалитет, у пич*у матер. Учебникот математика отворен е само ЕДНАШ, за домашна да напишам, и еве гледам страната е скината. Од квалитетот, да.
Ма ајде, не планирам јас да плаќам после ништо!
 
Кај нас уште не ни дадоа, нема ни да ни дадат.
Барем по општите предмети да ни дадеа, иначе германски учебник и работна 800 денари:nesvest:
 
Има време, 10-ти јуни е далеку :nesvest:
Ај сега не пцуј сега ако можеш...налет вакви аматерски организирани подвизи.
 
нас во средните училишта не дадоја учебници па си купив
 
незнам до кога планираат да не ни го дадат учебникот по гер за 3та и 4та год... :uvo:
 
кај нас уште нема учебници.. иам нешо фотокопирано шо ми требало.. иначе сум 4та год гимназија и имаме само филозофија учебник добиено.. малце бесмислено е да не лажат властиве..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom