A ти ги имаш старите?
Не ни треба нас учебници. Посебно нашата паралелка.
:salut:
Добро јас кажав за тие што учат и што им требаат учебници. Иначе да, на мене не ми требат. :pos2:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
A ти ги имаш старите?
Не ни треба нас учебници. Посебно нашата паралелка.
:salut:
Проблем со учебниците имаа речиси сите ученици, бидејќи од годинава се бесплатни и требаше да ги обезбеди МОН. Откако беше поделено тоа што беше набавено, се појави проблемот со учебниците за четврто и за седмо одделение, кои се' уште не се отпечатени
Десетина часови минати пред компјутер, испечатени стотици страници, потрошени куп пари, препишување од тетратка во тетратка... Ова, последниве два месеца стана секојдневие на многу родители чии деца одат во седмо или во четврто одделение, а кои на секој начин се обидуваат да им обезбедат материјали за учење. Иако учебната година е почната пред повеќе од два месеца, овие ученици, како и средношколците во стручните училишта, се' уште немаат учебници за повеќето предмети што ги изучуваат. Кога ресорното министерство, и покрај сите најави дека до 1 септември ќе има учебници и оти тие ќе бидат бесплатни, не си го одржа ветувањето, одговорноста за набавка на материјалите ја презедоа родителите, кои не сакаат образованието на нивните деца да биде импровизација која се темели на диктирање и препишување.
УЧЕБНИЦИ ОД ИНТЕРНЕТ
- Моите деца се во четврто и во седмо одделение. И за двете годинава нема учебници за сите предмети. Бидејќи увидовме дека наставата не можат да ја следат и доволно да научат само од основните содржини што ги запишуваат во тетратка, одлучивме сите книги да ги извадиме од интернет-страницата на Министерството за образование и да ги испечатиме. Тоа не само што е дополнителен трошок, туку и многу труд и потрошено време, бидејќи не е лесно материјалите да се преземат во соодветен формат и да се испечатат - вели Марија С., чии деца учат во едно скопско училиште.
- Учебниците треба да бидат подготвени за наредната учебна година. Оваа година учениците ќе ја поминат како што се поминувале последните 20 години. Ние сакаме да го промениме тоа - соопшти неодамна Тодоров.
А кога учениците од основните училишта ќе добијат книги уште не се знае. Од Министерството вчера само кратко рекоа дека учебниците се готови и оти наскоро ќе бидат дистрибуирани, но кога ќе биде тоа се' уште не се знае.
Е така ние се образуваме, со пишување, како во краљевина Југославија. Ебате институциите, после ела запиши го со знаење и оценки, тикви.- Се наруши целиот процес во образованието. Има непотребен застој. Претходно се знаеше, со издаваштво не се занимава државата, туку издавачките куќи. А сега целото издаваштво на учебници го презеде државата. Помалите деца не можат да учат без учебници. Ним им е потребна соодветна литература за полесно да ги совладаат предметите. Дополнителен проблем е строгата контрола врз наставниците, на кои им се закануваат со казни и ги ограничуваат во предавањата - смета Новковски.
РЕСАВСКА ШКОЛА
Директорката на Бирото за развој во образованието, Весна Хорватовиќ, вели дека нема податок кои ученици немаат учебници, но не верува дека процентот на таквите учебници е огромен.
- Од стручен аспект има одредени проблеми при наставата, бидејќи таа полесно се реализира со учебници. Но за оние предмети што нема учебници наставниците треба да се снајдат, преку работни листови, истражувања на интернет, работни групи... Стручните училишта овој проблем го имаат со години, па така, додека да им стигнат книгите може да ги користат материјалите што ги користеле претходно - вели Хорватовиќ.
Наспроти ваквиот став, наставниците предупредуваат дека за учениците е многу тешко и напорно предавањата за сите предмети да ги запишуваат во тетратка.
- Учениците од седмо одделение имаат учебник само по историја. Се' друго пишуваат во тетратка. За нив тоа е многу напорно. Правиме се' за да ја реализираме програмата, но тоа не е лесно. И други години се случувало да недостига по некој учебник, но едно е да фали еден, а друго е да фалат сите - објаснува наставничка од Основното училиште „Љубен Лапе“.
Родителите предупредуваат дека ваквата конфузија им штети на децата од повеќе аспекти. Од една страна наставата со тетратки ја сфаќаат несериозно и се потпираат само на тоа што им е запишано во тетратката, а од друга страна успехот им е се' послаб.
Наредната година......:pos2::pos2: Ова е најлесното решение на проблемот, префрли го за наредната година, исто како со компјутерите, дојде и наредната т.е. оваа година и пак ако не полошо на исто си остана проблемот- Учебниците треба да бидат подготвени за наредната учебна година.
Најпрво треба дотичниот да каже зошто 20 години правеа пошто-пото квази експерименти во образованието, да се запраша што стана во тие последни 20 години, зошто се завртеа преку глава наопаку, знам дека му е совршено јасно ама изгледа ќе му треба голема храброст да го каже одговорот.Оваа година учениците ќе ја поминат како што се поминувале последните 20 години. Ние сакаме да го промениме тоа - соопшти неодамна Тодоров.