Планина или плажа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување Време на започнување

Што повеке сакате?


  • Вкупно гласачи
    443
Статус
Затворена за нови мислења.
Па незнам што поточно да одберам но сепак плажа, но не ги одбивам понудите ако ми понудат да одиме и во планина :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Планина!! најубаво е.. зелено.. цветови.. шарени.. јаболки.. оревчиња... верверички... венчиња.. :pipi:
 
Планина нормално! Уште мало езерце да има во близина :) Плажите не дека не ги сакам, ама ме нервира кога се преполни и кога сите буљат (глуп збор, ама...) у секоја девојка или секој дечко што ке помине...
Во планина ми онака: “Сам, па како знам!“ Со уште 2-3 личности кои ми се при срце...крај! :helou:
 
Дефинитивно планина. Ми лежи на карактерот. Делува меланхолично. Сонувам за идила во борова шума, трошна дрвена куќарка со вжарен камен и чаша црвено вино среде зимската ноќ... забегав! Но генетиката физички ме преодредила за дете на летото. Никој не би рекол дека повеќе ја сакам зимата. Кога одам на одмор, не излегувам од морето. Обожавам да нуркам. Повеќе време поминувам во вода, отколку на плажа во текот на летото. И никогаш не сум изгорел. Но затоа добивам фараонски тен :wink:
 
ПЛАНИНА!!!

Летоска на планина,зимоска на плажа.Е ај нека каже некој дека не е идеален изборот.

Нпр летоска едно 20-тина дена на Берово или Маврово,а зимоска една недела крстарење по Нил....аиии што мерак ми праи.
 
Плажа си е плажа, планината досадна ми е веќе, во Маврово киснам :vozbud:
 
Планина.Не сакам лето а и не поднесувам топло.Најубаво ми е на чист остар планински воздух.
 
Плажааа дефинитивно.Не сакам ич кога е ладно како на пример што е сега:icon_conf
 
И тоа и тоа...ама ако морам да изберам..планина...свеж воздух, далеку од сечиј поглед, далеку од галамата, гужвата...сам, среде природа и зеленило
 
планина, плажата ми е место за лигуши, седиш спиеш и разгледуваш наоколу!
Место за мене е планина! Со многу движење, акција, расшетување, чист воздух!
планирам на пролет да идам на Мусала по втор пат, ако има некој што има информации дали ќе се организира и што...како....
 
Ја сакам планината, ама без плажа, езеро или море не можам.
 
Во лето плажа, во зима планина :).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom