Одлична организација, одлични бендови... релативно слаба посетеност, барем според мене, во однос на квалитетот на бендовите и ди џеите кои настапија.
Јас стигнаф пред да почнат Overflow. Мошне енергичен бенд. Не им ги знаеф песните... ама супер беа.
The Kings of Idle, ОМГ,
Очите ти се шес’ банки
Atheist Rap, кучиња стари, на нивниот настап имаше многу гооооолема шутка. Многу весели луѓе, и ептен се добри у живо. Жути и Димче од Суперхикс им свиреа труби на една-две песни. И Пеце пееше на една додека пејачот на Атеист Рап скокаше по сцена ко мало дете
Drum&Brass Trio на почетокот беа сосема добри, но со тек на време сето тоа стана само празно пиштење преку траките на Трипнотик.
Од весела и жива електронска музика со живи интрументи тромбон, саксофон и флејта на крај сето тоа стана тотално анојинг.
После него веднаш продолжи Fluid со фанки сет.
Јас беф при крај со сили и топлотна енергија... стоеф едвај на подиум да го чујам Иљче... ама издржав само една негова трака да слушнам и тргнаф накај дома.