Пиволенд на Кале 11-15.09.2013

  • Креатор на темата Креатор на темата bootboy
  • Време на започнување Време на започнување
Чек, сериозно, одите на Пиволенд да пиете пива кои може секој ден да ги пиете? :facepalm: Не е тоа поентата. Земете некое малце поскапо пиво кое никогаш не сте го пиеле, пробајте нешто друго освен Скопско и Даб, кои може секогаш да ги купите од маалска продавница...

Епа кога Скопско и Даб, што ги имаме у продавници, на Пиволеднов се 80 денари тогаш муабет да не праиме за пивата што ги немаме по продавници...
Ок е тоа да пробаш ново пиво, ама 200 денари за 0,5л. ајрон мејден ?!
Може е ок таа цена пример во Британија, Германија, Чешка... ама во Македонија кај што се работи за дневница од 500 денари, нормална е таа цена ?
Така ќе треба едно пиво цела вечер да го лигавам и да глеам да ми остане за наредниот ден...
 
Бојан, се гледа од далеку дека не си почитувач на пивото. Вистински почитувач на пиво не жали пари за да проба нешто што досега нема пробано. Кога работев за дневница 500 денари штедев месец дена пред пиволенд и штедев месец дена после пиволенд за да пробам нешто што претходно немав видено, или имав видено само на интернет.

Бај д веј, на запад некои од пивата знаат да бидат мошне скапи, така да некои од цените се ОК.
 
Другар плаќаш за организацијата,пеачите,дружењето и забавата што ја носат на тацна.
Ако не ти чини имаш и други алтернативи.
 
Па идам јас да пробам пиво а не да се летвосам како тинејџер во петок. Пиволендот за тоа е, нови вкусови, дегустации. За пијанчење со Скопско и Даб може секој ден, каде било. Плус разликата од Скопско од 80 и некое убаво англиско пиво од 160, секако дека ќе одберам англиското.
 
Може ја на цениве глеам вака зошто сум студент со 0 приходи, шо зависи од плата на родителот...

Другар плаќаш за организацијата,пеачите,дружењето и забавата што ја носат на тацна.
Ако не ти чини имаш и други алтернативи.
А па шо програма имаат оваа година :pos:

Па идам јас да пробам пиво а не да се летвосам како тинејџер во петок. Пиволендот за тоа е, нови вкусови, дегустации. За пијанчење со Скопско и Даб може секој ден, каде било. Плус разликата од Скопско од 80 и некое убаво англиско пиво од 160, секако дека ќе одберам англиското.

А каде спомнав ја пијанчење, па шо испадна сеа као ја се жалам зошто неможам као човек да се начукам и да се фалам колку сум испил... ?
Реков и претходно, ок е тоа со нови вкусови да пробаш, никој не вика ништо за тоа ама ете според мене можеле малце да ги намалат цените.
 
Пиво на пиволенд 80 денари скапо и сите се жалат.
У дискотека ред бул 250, пиво 100+, вотка, коњак, виски исто 100ка.

За у диско никој не се жали туку фул дискотеката, а на шанк увек тепачки кај за себе па и на женска да се пушти пијачка. Доаѓа пиволенд и 80 денари скапо, и 40 да се стаи пак скапо ќе ви е.
 
Oва никад не го разбрав, без разлика каде се одржува фестивал на пиво, која е поентата на истиот ако цените се ко у дискотека?
 
Јас го разбирам затоа што ко што у дискотека плаќаш персонални давачки, музика и се остало истите трошкови и тука ги има. Сигурно пиво странско што е 3 долари да речеме нема тука 50 денари да го стаат само ради тоа што е Пиволенд. Реално да збориме секогаш има такви на што ќе им е скапо и на тие што ќе им е евтино, биди сигурен и 50 да е пиво, пак ќе има што ќе кажуваат дека е скапо или друг проблем ќе бараат.

Љубителите на пивото свесни се за цените уште од првата година и треба да знаат дека ако у џеб немаат ајфон, клучеви од мерцедес/ауди/бмв и новчаник со 1000ки дека треба да си штедат за да дегустираат други пива. Еве конкретно и јас на пиволенд никогаш не сум пиел пиво што го има кај нас од причина што истото можам секад да го пијам и дегустирам странски со тоа што увек си штедам бар 1 недела унапред.
(да не ме разбереш погрешно неам ни јас полни џебови и јас сакам пиво за 50, ама нема)
Поука: Сите неможат да бидат задоволни од цените, факт.
 
Ок, мислев праиме муабет за домашниве пива и сличните на нив кои комотно може да се продаваат по пониски цени од тоа шо ќе се продаваат на Пиволенд. Сигурно дека не очекувам Корона да се продава за 50 ден :)
 
Па и за домашниве исто ти се фаќа, а домашни верувам дека 90% увек у ранец си носат од трафика.

Тоа ми е апсолутно најдебилно нешто, ќе идам на Пиволенд/фест и од дома ќе пикам у ранец пива. Глупости.
Ама ако тоа се дешава, дефинитивно организаторите напраеле утка у нешто.
 
И јас мислам дека е најголема утка како прво и срамно, не за тие што донеле туку за организаторите. А, често тие што носат обично доаѓаат со цел да се испијанчат. Чист пример беше лани една дешавка последниот или претпоследниот ден ако не се лажам.

Нејсе, убав помин на сите што ќе идат :)
 
Епа кога Скопско и Даб, што ги имаме у продавници, на Пиволеднов се 80 денари тогаш муабет да не праиме за пивата што ги немаме по продавници...
Ок е тоа да пробаш ново пиво, ама 200 денари за 0,5л. ајрон мејден ?!
Може е ок таа цена пример во Британија, Германија, Чешка... ама во Македонија кај што се работи за дневница од 500 денари, нормална е таа цена ?
Така ќе треба едно пиво цела вечер да го лигавам и да глеам да ми остане за наредниот ден...
Лично јас на вакви настани претпочитам да пијам пива кои не се секојдневни, до кои тешко се доаѓа во МК или воопшто ги немало преходно во МК. Најчесто коштаат троа повеќе но затоа постои зборот штедење. :)

Значи одам за дегустација на 1 до 2 нови/несекојдневни пива, а не за да се начукам од даб, скопско и сл. пива коишто секаде и во секое време во СК можам да ги најдам за релативно ниски цени.

Но, овие се мои лични гледишта и, не значи дека секој треба да гледа и размислува како мене. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom