Пиволенд на Кале 11-15.09.2013

  • Креатор на темата Креатор на темата bootboy
  • Време на започнување Време на започнување
Другар плаќаш за организацијата,пеачите,дружењето и забавата што ја носат на тацна.
Ако не ти чини имаш и други алтернативи.

Сите изведувачи се домашни и сходно на тоа коштаат по 100 евра во просек ( а голем дел ќе пеат и без пари) . Едноставно е да се сфати кога некој те ебе, не треба да си генијалец да сконташ дека идат на 100% ќар од секое продадено пиво, а за возврат нудат нешто што и така никој не го слуша и за што нема интерес. т.е домашна музика .

Не е муабетов како Охриѓанине и Јанко да ја праиме- “ак не ви чинит не идајте/смени канал’’, Град Скопје е учесник во организацијата и не смее да си дозволи вакви заврзламии и појебавања.

он. кажав, ќе идам само на Едо и Славе пошто сум убеден дека само таа вечер ќе вреди за овој рекет
 
Прв проблем е што трае долго, може требале да го сведат од четврток до сабота, пошо и така недела од секогаш било шит со гасење музика во 11 и пол.
Програмава рака на срце не е ништо различна од претходните години и отприлика стално била ѓубре со чест на исклучоци. Некој што рече „ако не врне“, може и подобро е да подзаврнува пошо такви прашини знаат да се исподигаат таму у тоа сувата трева има да пљукате кал три дена после. Кале е добра локација, близината со чаршија и целиот амбиент се многу подобри него оној асфалтон кај БТ.

За цените.....многу е тешко да се збори, мада се сложувам со повеќето од вас, генерално цените на се' се многу качени и во маркет и во кафич ама пак на основ на продадена голема количина може да напраат друга математика (ама раширените ануси не им дозволуваат таму да им оди мозокот)....

Јас одам со тактика да пробам пива што не сум ги пробал и ми одат малку повеќе пари, ама многу пијам пиво и мераклија сум си. Не викам дека нема да пијам скопско или даб (или краткиот репертоар од 8-10 маркетски пива), ама ќе глеам нешто такво да пијам.....пред некоја година на Кале знам на Пауланер штандот поминавме една ноќ и им ги пробавме сите пива, па Ердингер итн....ентузијаст за пиво, ќе стегне гз, што да кажам - сум купувал пива германски, холандски, чешки па и со не баш исплатлива цена, ама тука е филмот тоа да се напраи....каде на друго место!?!

Нашите големи пивари прво и основно се тешки говнари со тоа што тотално немаат однос спрема конзументите и упорно го испосеруваат вкусот на пивото, со посебен акцент на Скопска пивара....гајби и буриња иам испиено и пак пијам, ама ги сметам за идиоти - нема да гледаат да напраат нешто со квалитетна програма (па макар и посериозна музика) и да продаваат достапно пиво, наместо да го распродадат скапо преценетото пиво што го напраиле летово....пак ќе остане „вашар - варијанта“, ќе се разликува од прилепсконо само по не-носењето на некоја мега-популарна мега-булшит ѕвезда од калибарот на Цеца, Брега, Северина....такви срања и боље да не носат овде....

....и оној Пане, место да праи селски приредби секој викенд (виноленд, пачаленд, сирењеленд и не знам уште што) и да го обмотува плоштадот со најлони, подобро е да состави еден солиден настан со кој сите ќе се гордееме и ќе ни биде мерак да отидеме, а не вака....
 
Муабетот '' еве, се осврнуваме на македонските изведувачи годинава '' колку е безвезен.
Кажете дека никој не ви иде и дека немате идеја кого да викнете, а да не се Електрични Оргазам и Нокаут.
 
едино што вредеше денес:


Другото, превише етно!

А да, и тоа што го пуштаат моментално е фино, иако комерцијала и после 2 и никој више не е таму (освен мои другарки)...

Програмава е или етно фолк, или диџеи, или поп, или суперхикс-стил-на-све-испомешано.
Друго, нема.
 
Пиволендот е искрено тапа, ниту има некој избор на пива, ниту музичко име за кое вреди да се отиде. Буквално последниве пет години не е ништо сменето, ниту изборот на пива е проширен, ниту квалитетно музичко име имаат донесено.

Неколку врсти пива, Лашко, Скопско, Хајнекен, Амстел, Унион, и на ридот имаше некои англиски и белгиски пива. И овие последните беа изгор, од 250 до 300 сите. Во глобала, истите пива ги имаше и на минатите фестивали.

Невиден срам е, за на најголемиот фестивал во градот да не успееш барем еден голем музичар или бенд да договориш. Мислам, Суперхикс, ДНК, Next Time, Тамара Тодевска (леле мори мајко), Вера Јанковиќ (леле мори мајко х2) and the list goes on... :facepalm:
Истото и во музичкиот дел се репризира, секое одржување истиве од погоре.

Мизерија. Не одете.
 
Ко шо реков, испаднав теле и се смешав со масата шо купив пиво за 80 0.4. Али морав да го пробам тоа скопското младо и ми беше по ќеф. Иако цените у курац го претераа.

Китановски као соло или трио ама само Китановски би бил таман. Никако со Хаџиманов. Блех со џез не иде. Ептен го просељачува.
Скокнавме и до Бени, како издржа толку долго алал да му е.

После латино. Е тоа беше таман иако искомерцијализирана музика имаше. Музиката може и да ја слушаш и да денсаш во себе ко споулавен.

За следен пат сигурно нема да идам. Не ми се експериментира со пива, пошо и немаше некој вау избор, повеќето се веч виџено. Скапо е. Калливо е. Уште и музиката да не се потрефи и слободно пакувај куферите и правац дома.
Мислам моеш и во кафуле да си поминеш топ. Па и поевтино.
 
Неколку врсти пива, Лашко, Скопско, Хајнекен, Амстел, Унион, и на ридот имаше некои англиски и белгиски пива. И овие последните беа изгор, од 250 до 300 сите. Во глобала, истите пива ги имаше и на минатите фестивали.

Не се 200 денари максимум како што збореа ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom