Погледнете наназад да видите кој се идел на пивофест-сите од екс-Ју државите,никогаш немало ѕвезда од светски размери,навистина ќе биде чудо ако одлучат да се водат по анкетава.
Па не е за џабе пивофест уз пиво што оди највише? :salut:
*Just a joke
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Погледнете наназад да видите кој се идел на пивофест-сите од екс-Ју државите,никогаш немало ѕвезда од светски размери,навистина ќе биде чудо ако одлучат да се водат по анкетава.
Ова со Prodigy и Cypress Hill само чисто онака ради реда напишано им е.Ако Марјан Ристески е запознат со 2 песни од Продиџи ,тие гратис да му дојдат!
И глупиов народ голем процент се за Чолиќч ,пошто,нели наше дете е од бившата држава бла бла...а Продиџи е неразбирлива музика за нив ,да не речам наркоманска...
Ќе си почекаме за Prodigy,а во меѓувреме ќе носат изживеани фаци на кој се палеле нашите баби пред 34 години :kesa:
Перо Деформеро да ги донесат![]()
Перо и не е лош избор, чисто онака информативно![]()
Прилеп, 9 мај 2011 (МИА) - Балканската мега ѕвезда Здравко Чолиќ ќе биде главната атракција на годинашниов „Пиво фест“ што во Прилеп ќе се одржи на 16 и 17 јули годинава, најавуваат од локалната самоуправа која е организатор на манифестацијата.
Фестивалот на пивото и на скарата се одржува деветти пат, а последната вечер ќе биде резервирана за настапот на Чолиќ.
- Главна ѕвезда ќе биде Здравко Чолиќ, една од најголемите легенди на Балканот. Со него нема промашување, полни концерти, а и одамна не бил во Прилеп, што значи тоа ќе биде на општо задоволство, не само за прилепчани, туку и за сите посетители во Македонија. Главниот настап на Чолиќ е предвиден за 17-ти јули, на затворањето на Фестивалот, изјави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.
Ристески информира дека се очекува дефинирање на сите детали и потпишување на договорот со Чолиќ, кој треба да настапи во придружба на 18 гудачи и балерини.
Ланскиот „Пиво фест“, кој се одржуваше четири дена го посетиле околу 300.000 посетители. Според пресметките, лани се испиле околу 240 тони пиво и биле изедени 123 тони скара.
За годинашнава програмата на „Пиво фест“ се преговара и со други пејачи од овие простори, како што е Харис Џиновиќ, групата Ван Гог од Белград и со познати македонски музички ѕвезди. Програмата треба да биде комбинација на македонска и на балканска музика.