Месец дена веќе сум во Германија, има преголем избор на пиво и не знам дали некогаш ќе ги пробам сите. До сега единствено лошо пиво што го пиев беше Krombacher. Пиев Erdinger, Paulaner, некои други на кои не се сеќавам како се викаат, ама до сега највеќе имам пиено Alpirsbacher. Искрено за пивово немав слушнато пред да дојдам. Има повеќе различни видови, ама највеќе ми легна Starkbier so 7,3% алкохол. Перфектен вкус, повише удира нормално заради поголемото количество на алкохол, ама најбитно од се е што ептен малце е газирано. Колку сакаш пиј, нареден ден не боли глава. А не како Скопско, ем грло да те фати од што е газирано, ем нареден ден да те искине глава ако испиеш 4+. После ова не знам како пак би пиел Скопско. Германија е рај за љубители на пиво.
Прегледај го приврзокот 182873
Живели и среќна нова!