Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.655
- Поени од реакции
- 37.022
Хмм... не сум баш импресиониран.
Не е дека пивото е ужасно или многу лошо, ама нема неколку видливи недостатоци.
Прво, вкусот не знам точно како да го дефинирам. Нивото на горчината е слична како кај лагерот на Скопско. Стандардните Бок пива имаат помалку хмељ и... „поблаг„ вкус. Потоа, карамелизираните шеќери и меласи некако не ги осетив ни одблиску во потребната величина како за Бок/бокел.
„Главата„ на пивото, односно пената (пенливоста) е многу ниска и неодржлива. Ова е слабост и на лагерот на Скопско, и светлото пиво им е со „ниска глава„, ама темново е баш... flat дури и во однос на светлото скопско.
Темново Скопско го пиевме во Ердингер чаша, која е онака идеална за при пиењето да се создава и дополнителна пена (можеби некои не знаат дека дел од вкусот на пивото е баш во пената). На жалост многу малку пена се направи на турањето на пивото, и откако за многу кратко време се изгуби целата пена... потоа никакво прислно или природно мешање не успеа да направи нова пена.
Заклучок е дека темоното скопско е исклучително малку газирано и пената му е сосема неодржлива.
Се на се, донекаде разочарувачко искуство... но сепак ова се прелиминарни оценки а јас како детален гастроном (и пивски sommelier во амбиција) ќе морам да најпрвин да испијам цела гајба од темново скопско, за да дадам крајна оценка.
Нo не можам а да не се посомневам дека работава може да излезе во стилот на поговорката од едни постари колеги, „за добра свиња нема лоша помија„. Таков е пазарот овде и толку е едуцирана целната публика на ова пиво, се ви е јасно кога на саемот за пиво ќе видите дека 90+% од посетителите пијат Скопско или Даб.
Како за утеха (моја), за деновиве најавувам еден пост со импресии од скорешна мала дегустација на десетина разни (во главно темни) пива со пар пријатели... Needles to say, сите беа многу подобри од скопсково темно (па дури и едното бугарско темно пиво).