Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 279 40,5%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,3%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,7%

  • Вкупно гласачи
    689
Хмм... не сум баш импресиониран.
Не е дека пивото е ужасно или многу лошо, ама нема неколку видливи недостатоци.

Прво, вкусот не знам точно како да го дефинирам. Нивото на горчината е слична како кај лагерот на Скопско. Стандардните Бок пива имаат помалку хмељ и... „поблаг„ вкус. Потоа, карамелизираните шеќери и меласи некако не ги осетив ни одблиску во потребната величина како за Бок/бокел.

„Главата„ на пивото, односно пената (пенливоста) е многу ниска и неодржлива. Ова е слабост и на лагерот на Скопско, и светлото пиво им е со „ниска глава„, ама темново е баш... flat дури и во однос на светлото скопско.
Темново Скопско го пиевме во Ердингер чаша, која е онака идеална за при пиењето да се создава и дополнителна пена (можеби некои не знаат дека дел од вкусот на пивото е баш во пената). На жалост многу малку пена се направи на турањето на пивото, и откако за многу кратко време се изгуби целата пена... потоа никакво прислно или природно мешање не успеа да направи нова пена.
Заклучок е дека темоното скопско е исклучително малку газирано и пената му е сосема неодржлива.

Се на се, донекаде разочарувачко искуство... но сепак ова се прелиминарни оценки а јас како детален гастроном (и пивски sommelier во амбиција) ќе морам да најпрвин да испијам цела гајба од темново скопско, за да дадам крајна оценка. ;)
Нo не можам а да не се посомневам дека работава може да излезе во стилот на поговорката од едни постари колеги, „за добра свиња нема лоша помија„. Таков е пазарот овде и толку е едуцирана целната публика на ова пиво, се ви е јасно кога на саемот за пиво ќе видите дека 90+% од посетителите пијат Скопско или Даб.

Како за утеха (моја), за деновиве најавувам еден пост со импресии од скорешна мала дегустација на десетина разни (во главно темни) пива со пар пријатели... Needles to say, сите беа многу подобри од скопсково темно (па дури и едното бугарско темно пиво). :cautious:
 
Хмм... не сум баш импресиониран.
Не е дека пивото е ужасно или многу лошо, ама нема неколку видливи недостатоци.

Прво, вкусот не знам точно како да го дефинирам. Нивото на горчината е слична како кај лагерот на Скопско. Стандардните Бок пива имаат помалку хмељ и... „поблаг„ вкус. Потоа, карамелизираните шеќери и меласи некако не ги осетив ни одблиску во потребната величина како за Бок/бокел.

Главата„ на пивото, односно пената (пенливоста) е многу ниска и неодржлива. Ова е слабост и на лагерот на Скопско, и светлото пиво им е со „ниска глава„, ама темново е баш... flat дури и во однос на светлото скопско.
Темново Скопско го пиевме во Ердингер чаша, која е онака идеална за при пиењето да се создава и дополнителна пена (можеби некои не знаат дека дел од вкусот на пивото е баш во пената). На жалост многу малку пена се направи на турањето на пивото, и откако за многу кратко време се изгуби целата пена... потоа никакво прислно или природно мешање не успеа да направи нова пена.
Заклучок е дека темоното скопско е исклучително малку газирано и пената му е сосема неодржлива.

Се на се, донекаде разочарувачко искуство... но сепак ова се прелиминарни оценки а јас како детален гастроном (и пивски sommelier во амбиција) ќе морам да најпрвин да испијам цела гајба од темново скопско, за да дадам крајна оценка. ;)
Нo не можам а да не се посомневам дека работава може да излезе во стилот на поговорката од едни постари колеги, „за добра свиња нема лоша помија„. Таков е пазарот овде и толку е едуцирана целната публика на ова пиво, се ви е јасно кога на саемот за пиво ќе видите дека 90+% од посетителите пијат Скопско или Даб.

Како за утеха (моја), за деновиве најавувам еден пост со импресии од скорешна мала дегустација на десетина разни (во главно темни) пива со пар пријатели... Needles to say, сите беа многу подобри од скопсково темно (па дури и едното бугарско темно пиво). :cautious:
Ама ич не е лежано затоа ни пења ни бутур.
 
Мислам дека во комерцијалниве пива, целосно ја запираат ферментацијата и накнадно додаваат СО2 (или N2 кај некои од поскапите пива, за добивање на кремаста пена).

Така да, секако е некој пропуст во процесот на производство. Човек ќе си каже дека не би смееле да пуштат нов производ без да ги испеглаат грешките, ама изгледа дека проценката за домашниот пазар и домашните клиенти им е баш: „за добра свиња нема лоша помија„.
Синоќа уште две флаши отворив, и двете исто беа со мала и неодржлива „глава„ и тотално негазирани. По две минути не се познаваше дали во чашата има пиво, или кока кола. :cautious:
 
Да де ама без разлика како е карбонизирано глава се добива со одлежување на пивото,во некој случаеви ни со одлежување,во конкретниов случај поради адитивот кој шо го додаваат на готово скопско за да добијат темно.
 
И јас денес го пробав црново скопско грч ладно на прв поглед на кока кола ми личеше. И нема толку алкохол. Старопрамен со 5% повише мава. Си играат овие со пивово.
 
Да де ама без разлика како е карбонизирано глава се добива со одлежување на пивото,во некој случаеви ни со одлежување,во конкретниов случај поради адитивот кој шо го додаваат на готово скопско за да добијат темно.
пс му мерев алкохол 4,63 %
 
Само што ја отворив втората флаша темно скопско и од втора не успеа да ме импресионира. Не е лошо, побајаги нагорчува на крај ама не е лошо. Не знам дали е сугестија ама многу потсеќа на нормалното скопско.
 
Полошо темно пиво, од Скопско темно, немам пробано.

Edit: Уствари може таков впечаток добив поради тоа што беше кочан ладно, многу горчеше некако, како што почна да се топли ми се свиѓаше повеќе.

Overall не е лошо, ме потсеќа на еден Porter што го пиев, не ми текнува името.
 
Последно уредено:
Smoke Jumper eдно од омиленитетемни пива на left hand brewing.
Stella Artois, и скоро го открив König Ludwig Weissbier.
 
Едно од омилените во последно време. Ептен ми лизга, мераци.
am.jpg
 
Каде го има? Малце алкохол..:unsure:
Не знам другар, не сум во Македонија. И овде ретко го наоѓам во маркет за дома, ама си одам во еден паб и не ми се излегува. [emoji1]

Немав ни проверено колку алкохол има, ама има богат вкус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom