D
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пивски сомелиер: Златен Даб едно од најдобрите светски пива
„Златен Даб е совршен пример за пиво од типот „европско лесно-лагер пиво“, тој е одличен претставник од оваа група на пива. Од техничка гледна точка, воопшто не е лесно да се направи слатко пиво, затоа што квалитетот на овој вид пиво е зависен од свежината, балансот меѓу сладот и отскокнувачката арома, благиот одложен вкус и повеќе неутрални ароми. Токму заради точно дефинираниот вкус и мирис, нивната појава и развој, не може да се сокрие ниту една грешка во вкусот и мирисот. Златен Даб до екстрема и на брилијантен начин ги исполнува овие прецизни критериуми. Лично јас Златен Даб го рангирам како едно од најдобрите пива на светскиот пазар“, оцени Михаел Зепф, пивскиот сомелиер.
Златен Даб е едно од најдобрите пива на светскиот пазар, смета Михаел Зепф, врвен пивски сомелиер што беше во посета на Прилепска Пиварница.
„Златен Даб е совршен пример за пиво од типот „европско лесно-лагер пиво“, тој е одличен претставник од оваа група на пива. Од техничка гледна точка, воопшто не е лесно да се направи слатко пиво, затоа што квалитетот на овој вид пиво е зависен од свежината, балансот меѓу сладот и отскокнувачката арома, благиот одложен вкус и повеќе неутрални ароми. Токму заради точно дефинираниот вкус и мирис, нивната појава и развој, не може да се сокрие ниту една грешка во вкусот и мирисот. Златен Даб до екстрема и на брилијантен начин ги исполнува овие прецизни критериуми. Лично јас Златен Даб го рангирам како едно од најдобрите пива на светскиот пазар“, оцени Михаел Зепф.
Пивскиот експерт својата оцена за квалитетот и рангирањето на Златен Даб ја формираше врз основа на три основни фактори во дефинирањето на пивото, пената, бојата и вкусот, хармоничноста и балансот на вкусови и свежината.
Тој, Златен даб го категоризира како интернационално слатко пиво, затоа што „уште при првата појава со изразено светла боја и фино меурчеста и цврста (стабилна) пена привлекува внимание. Со принесување на чашата, цитрусната арома се насетува уште со носните дразби, а потоа истото чувство доаѓа и до непцето каде што свежнината доаѓа до свој полн израз. Додека пак, последниот ефект на вкусот е совршен баланс меѓу дискретно слатка арома и мека горчина што отскокнува“, дополни проф. д-р Зепф во своето објаснување.
Според проф. д-р Зепф, високиот квалитет на Златен Даб се должи на високата и напредна технологија што ја поседува Прилепска Пиварница, што е посебно важна при правењето на лагер пиво. Еден од најголемите критериуми за квалитетот на пивото е свежината, која се добива преку кислородот и затоа ниското ниво на кислород во наполнето шише е исклучително важно.
За проф. д-р Михаел Зепф:
Михаел Зепф е пивски експерт од светски ранг. Доктор по пиварство, член на управниот одбор на Доменс академија (меѓународно активна организација за едукација и консултација за пиварство, пијалаци и храна) и одговорен за активностите на Светската пивска академија во Европа. Својата професионална кариера ја започнува на Техничкиот Универзитет во Минхен каде го брани докторатот по пиварството. Од 2010 година еден од најценетите пивски сомелиери и судии за Европската награда Пивска ѕвезда.
http://denar.mk/28217/biznis/pivski-somelier-zlaten-dab-edno-od-najdobrite-svetski-piva
Splendora; сигурно ти аплаудира пред компјутер на изјававаКојзнае колку пари му лупнале Сашо и Панда со посредување на Чатлевски на овој професоров за да каже дека тињана што ја точат во прилеп е една од најдобрите светски пива,башка и сумњив афторитет ми е професорон чим толку го фали дабот![]()
Splendora; сигурно ти аплаудира пред компјутер на изјавава![]()
башка и сумњив афторитет ми е професорон чим толку го фали дабот![]()
Еве нешто за професорот.
http://www.worldbrewingacademy.com/courses-a-programs/faculty?view=employee&id=30
Отворете ја анкетата повторно да видите каков растур ќе направи Дабот. Ако ништо друго во последно време мислам дека повеќе се пие од Скопското.
Splendora; сигурно ти аплаудира пред компјутер на изјавава![]()
Немаше ни да ја видам изјавата да не ме означеше, ама да, се согласувам дека е тиња
Сепак, различни вкусови си постојат, така да, кој што сака нека си пие.
Го пијат хипстеришта и сељачишта демек нова амбалажа паштета капаче реклами ова она а тиња не видена е даботНајголем гаф на сашо ЌЕ ГО РУШИМЕ СКОПСКО,во секоја продавница треба да има најмалку по 5 гајби даб
Абе горското поише се троши од дабот море хеј
![]()
Кој го пие не е битно, битно е колку се пие. Нека се отврои темата повторно и тоа анкета даб против скопско и да видиш дека ако во оваа анкета скопското е кликнато 10 пати повеќе пред 9 години денес дабот повеќе се пие. Што се однесува до рекламите, амбалажата тоа во право си но маркетингот може да те натера да пробаш еден производ а не редовно да го конзумираш.
освен локал патриоти некој мразачи на скопје и хипстери никој друг не го пие дабот,другите не ни чувствуваат потреба да гласаат на такви апсурдни анкети исто како да направиш анкета кватро кола или кока кола, ќе се јават вљубениците во кватро додека конзумирачите на кока кола дури им е неприродно да гласаат на таква апсурдна анкета, кажи ми кај тоа се пие повеќе дабот ? Јас немам видено во ниедна продавница кафана или кафич некој да порачува даб или да се троши, освен во една скопска дискотека каде што прилепска пивара им направи тенди менди им даде се бесплатно само да служат даб дури и таму поише туботгот се троши а дабот си седи,бедни се прилепска пивара БЕДНИ исто како што дабот им е беден изговор за пиво да не е туборгот и пепсито пропаднаа одамна. Доказ за тоа ти е и што само три шлепери со пиво од прилепска има излезено од дистрибутивниот центар во скопје, и тоа пази истото пиво се ротира земале во продавница три гајби му поминува рокот го враќаат назад им даваат тазе пиво
Уосталом на успешен производ не му треба некој си професор за кој што прв пат слуша да му каже шо е добро, си знае народот си троши скопско
АХ МОЈАТА ЧУДЕСНА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА МЕКИЦИТЕ ОД СТРАЖА БРЕНД И ДАБОТ ПИВО БИЛ![]()
Ме интересира дали си излегол од Скопје некогаш. Бидејќи твоите тврдења се базират како што гледам само на Скопје. Значи Охрид, Прилеп, Битола, Струмица во овие градови со голо око се гледа дека Дабот повеќе се пие, дали на кафичите и ресторантите повеќе им одговара соработката со Прилепска Пивара незнам но знам дека добивката од пивото Даб во 2012 е за 4 пати повисока во споредба со 2011. А овој тренд и понатаму продолжува. Во Струмица на пример во „у Пабо„ се нудат и Скопксо и Даб на точење. Скопско ретко кој да нарача.