Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 279 40,5%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,3%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,7%

  • Вкупно гласачи
    689
И кучињата сакаат пиво... И тоа многу... Еве на која врста кое пиво им е омилено

1311478468_beer_and_dogs_01.jpg


1311478538_beer_and_dogs_02.jpg


1311478524_beer_and_dogs_03.jpg


1311478522_beer_and_dogs_04.jpg


1311478540_beer_and_dogs_05.jpg


1311478503_beer_and_dogs_06.jpg


1311478543_beer_and_dogs_07.jpg


1311478541_beer_and_dogs_08.jpg


1311478548_beer_and_dogs_10.jpg


1311478470_beer_and_dogs_12.jpg


1311478546_beer_and_dogs_14.jpg


1311478559_beer_and_dogs_22.jpg
 

It's shit like this, evolution.

There, позната meme реченица checked, a за пиво топикот, Туборг е едно од најгрозните пива и пиете маркетинг само, тренд, мода. Дека сите го пијат. Најлошо пиво. Инаку на искачање ретко пијам пива, едино ако сум расположен за пива - неколку Хајнекенс. За домашна употреба - Скопско. И така.
 
Кога сме кај пиво и машките пиво седенки, кои и јас како женско ги почитувам како светост во машкиот свет, бујрум една рекламна кампања за пиво на кое можат да позавидат сите светски брендови од оваа бранша.
Уште малку момци, па девојките нема да ве прашуваат прашања од типот: "Шо бе пак ќе идеш со другарите на пиво?" туку "Зашто вечерва не си со другарите на пиво. Искачај и да не си се вратил до 12".:D
 
Скопско го расипале ,за нигде е!Се префрлам на Даб (Македонски производи - За наше добро:)).
 
Тоа шо си се префрлил на Даб е од што нема избор. А не е за наше добро.
 
Guiness FTW !
Највише ми се свиѓаше од све шо испробав последниве месец дена -.-
 
Тоа шо си се префрлил на Даб е од што нема избор. А не е за наше добро.

Епа не сум рекол Туборг,Лашко,Карлсберг,Старопрамен,Унион,Јелен,Печко,Стела...доволен избор.
Дабот ќе го пијам слично ми е со сите овие помеко,барем е домашно.
 
Епа не сум рекол Туборг,Лашко,Карлсберг,Старопрамен,Унион,Јелен,Печко,Стела...доволен избор.
Дабот ќе го пијам слично ми е со сите овие помеко,барем е домашно.
И јас не сум рекол дека не пијам Даб. Слично ми е на Скопско. Но ако го споредам што беше Скопското за Даб пред Скопското да го расипат ќе сватиш каков избор имаш.
 
Едукација така малку...

Многу нешта за пивото се познати, но очевидно е дека се уште има за откривање. Особено ако се имаат предвид најновите сознанија за неговата пена и лековитоста.
Пивото е всушност течен леб- грижливо обработен сок од житарици. За негово правење се потребни и умешност и наука. Први во чест на своите богови го произведувале и пиеле Сумерците. Подоцна тоа се вдомило и станало омилен пијалок во многу други земји, главно на север на Европа.
Ако сте имале можност да испиете чаша од можеби најпознатото пиво на светот- ирското Guinness, или барем да сте биле во нејзина близина и сте ја посматрале, сигурно сте забележале дека пената на ова темно пиво е бела. Од што е составена и зошто бројни меурчиња патуваат кон дното, а не кон површината?
Нужно знаење: светлината која до предметите стасува од Сонцето е бела- се состои од цел спектар на фреквенции на електромагнетни бранови кои ја одредуваат бојата. Дел од тие фреквенции материјалите впиваат, а дел рефлектираат. Освен тоа, некои материи исто така зрачат светлина на свои специфични бранови должини.
Пената на пивото се состои од илјадници мали меурчиња кои главно подеднакво ги рефлектираат сите бранови должини, па нивната боја е бела. Долго време е водена расправа за тоа дали меурчињата се движат во пивото кон долу или кон горе. Одговорот е- во обете насоки. Се разбира, би било логично да се очекува да патуваат исклучиво кон површината, зашто се исполнети со гас и поради тоа се полесни од самото пиво. Меѓутоа, со овие движења управува механиката на флуидот, а во чаша пиво таа создава сложени струи и бранови. Помеѓу нив најважна е циркулацијата, односно кружењето на течноста.
Во средиштето на чашата меурчињата се движат кон површината. Кога ќе стасаат таму, се движат на страна кон рабовите на чашата. Со тоа свое кревање и ширење тие ја повлекуваат и течноста, која потоа низ ѕидовите на чашата се враќа кон дното и со себе ги повлекува меурчињата.Поради тоа во чашата подеднакво можат да се видат оние што патуваат угоре и удолу.
Во ваквите експерименти најчесто се користи Guinness затоа што неговите меурчиња се главно исполнети со азот, а не со јаглероден двооксид. Дифузијата на азотот прилично се разликува од дифузијата на CO2 и мошне влијае врз убавината на брановите на пената, еднакво како и составот на самото пиво.
Интересно е исто така дека научници дури неодамна откриле какви форми попримаат меурчињата за најефикасно да го исполнат просторот во кој се густо стеснети едни до други. Всушност, тие се обликуваат во две незначително различни тела кои најекономично се согласуваат во тридимензионалниот простор. Овие форми се користат и во изградбата на еден павилјон за Олимписките игри.
Што се однесува на лековитоста на пивото, многу нешта се познати, а за многумина малку.
Доколку се конзумира во разумни количества, пивото ја гасне жедта, освежува и го поттикнува доброто расположение. Неговата лековитост ја препознале уште во прадамнешни времиња. Во стариот Египет како пијалок било задолжителен дел од оброците на робовите градители на пирамидите. Но, освен враќање на силата по напорна работа, пивото во тоа време како пијалок на сиромашните ја заменувало нечистата вода, зашто во процесот на неговото добивање со ферментација се уништувале бактериите ое водата. И во Грција пивото било пијалок на сиромашните, но се користело и како лековито средство кај проблемите со мокрење, против температура и главоболка, како и за лечење на шеќерна болест.
Многумина лекари тврдат дека помало количество на пиво девно (0, 5 л) поволно дејствува при лечење на некои тешки болести, на пример туберкулоза, колера или рак, како и оти има заштитен ефект против срцев инфаркт, висок притисок, шеќерна болест и гихт. Меѓу другото, пивото позитивно влијае врз прокрвавување, циркулација на крвта и крвен притисок, како и врз количеството на шеќер и вредноста на маснотии во крвта.
Пивото има посебен благотворен ефект и кога е збор за болести и пореметувања во функционирањето на мочните органи. Од прадамнешни времиња се користи како домашен лек во случај на воспаление на бубрезите, меурот и мочните патишта, како и често отежнато и болно мокрење. Со излачување на мочта се намалува бројот на бактериите, а на жените за време на менструација им се препорачува конзумација на барем 2 децилитра пиво.
Еднакво така умерена конзумација на пиво позитивно дејствува врз коските, нервите и мускулите и го намалува ризикот од појава на жолчни камења. Тоа го поттикнува варењето и го намалува ризикот од инфекција со опасната желудникова бактерија Helicobacter pylori.
Благодарение на големиот удел на витамини од Б- групата, пивото придонесува за убавината и здравјето на кожата, косата и ноктите, и е докажано дека умерената конзумација ја спречува појавата на дијабетес во старечкото доба.
Во прилог на конзумирање на 1 чаша пиво дневно оди и намалувањето на ризикот од појава на депресија, зашто поволно дејствува врз психата и така го поттикнува доброто расположение, релаксира, ја намалува напнатоста и ги разградува нервозата и стресот.
Треба да се наспомне дека не би смееле да отстапуваат од конзумирање на 1 до 2 чаши дневно ни лица кои внимаваат на својата линија, зашто токму спротивно на врежаното мислење пивото воопшто не дебелее оти не содржи маснотии и има помалку калории од млекото. Напротив, безалкохолното пиво е идеален фитнес напиток за оние што се занимаваат со некој од формите на телесна активност.
Се разбира, никогаш не треба да се заборави дека пивото, како и секој друг алкохолен пијалок, е здраво само во разумни количества, додека во преголеми не му користи, туку му наштетува на организмот, првенствено на црниот дроб, панкреасот, желудникот и коските.
Едно не баш пријатно откритие за пивопиите: комарците за 15% повеќе нив ги привлекуваат! Ги привлекува мирисот на алкохол во здивот, како и зголеменото производство на јаглероден двооксид, зашто така добиваат „сигнал“ дека луѓето помалку ќе се бранат од нив.
Тоа го откри студијата на Motpellier истражувачкиот центар. Комарците 15% повеќе ќе ги привлечат луѓето кои испиле чаша или две пиво. Научниците веруваат дека инсектите ги поврзуваат мирисот на пивото со намалената човечка одбрана од каснување, во комбинација со „примамливиот“ мирис на алкохолот.
На сите кои во лето се „разладуваат“ со пиво стручњаците им советуваат најнапред да се намачкаат со средство против комарците.
Бидејќи африканските комарци шират маларија, зголемената можност од каснување на луѓето кои пијат претставува важно сознание во нејзината контрола. Истражувачите го повториле експериментот со луѓе кои пиеле вода и откриле дека тие на комарците не им се посебно привлечни.
 
Ах пиво... Неможеш а да не се насмееш иако му е рано на детево за пиво. Али такво е пивото неодоливо, сите го сакаат...


П.с Скопско, отидов по Скопско.
 
Црно лашко FTW. Пред некое време пробам и Каменитца со вкус на лимон и многу беше убаво, ама исто ко да не пиеш пиво, џабе фрлени пари.
 
Скопско/Митос(грчко)Лашко темно/Хајнекен/Карлсберг(ако се најде) .... Амстел и Туборг никако ...одвратни се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom