Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 287 40,8%
  • Златен даб

    Гласови: 190 27,0%
  • Amstel

    Гласови: 68 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 79 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,5%
  • Beck's

    Гласови: 18 2,6%
  • Други

    Гласови: 128 18,2%

  • Вкупно гласачи
    704
Едно што ми беше на wishlist, денес е на маса :D

Штета што ги снема кај нас BrewDog, добри пива прават.

20260724_203500.jpeg
 
Едно што ми беше на wishlist, денес е на маса :D

Штета што ги снема кај нас BrewDog, добри пива прават.

Прегледај го приврзокот 483485
Интересни пивца имаат овие, имаше тука кај мене нивен бар (или под нивна лиценца де) и супер мени имаа ама отидоа јабана (банкрот) пред некој месец
 
Интересни пивца имаат овие, имаше тука кај мене нивен бар (или под нивна лиценца де) и супер мени имаа ама отидоа јабана (банкрот) пред некој месец
Сега читам дека годинава ги купиле Американци за само 33 милиони. А во еден момент имале вредност и 1 милијарда.

Како крафт пивара имаа огромен раст. Панк ИПА-та мислам пред некоја година беше во топ10 најпопуларни пива во свет.
Се наоѓаше нешто и во Скопје, но 2 години има сигурно од кога го пиев последното овде.
 
Последно посетив нивен локал пред околу година, сега кога ги постираше викам чекај да видам кој ден што мени имаат зашто имаа одлични понуди за тука со пристоен квалитет и гледам permanently closed па почнав да читам и гледам банкрот прогласиле пред некој месец

Имаа едно hazy ipa нивна, една од ретките ИПА која ми била онака лесна за пиење
Али кој сум јас да кажам што е добра ипа тоа ти е како да го прашаш @Dani што е добар Weiss :)
 
да не остане детево без игра земав еден пакет 24 за да има и резерва топка за играње на (12 следува еден фудбал), па така да тоа се пие деновиве
Прегледај го приврзокот 483508
Да имаше затнат одвод и ова да беше кока-кола, ќе речам добра инвестиција си напраил 3 во 1. Вака прими мое дубоко сочувство :D

Него, сеа видов у веро го донеле Митос за релативно ок цена од 67 денари. Земав две комада онака од курташак.
 
Па и вака барем ќе прочисти црева.
 
Да имаше затнат одвод и ова да беше кока-кола, ќе речам добра инвестиција си напраил 3 во 1. Вака прими мое дубоко сочувство :D

Него, сеа видов у веро го донеле Митос за релативно ок цена од 67 денари. Земав две комада онака од курташак.
во шпар (поранешно кит-го) редовно е под таа цена ~65 е, а кога е на акција и <60 се наоѓа.
Автоматски споено мислење:

Поштувам ваква жртва за детето.
мора човек за децата да се жртвува повремено
 
20260725_231225.jpg

Последниве Шпански ги дотрошив. Гору долу солидни се изненадив од бројноста на пиварите и сортите. Исто така солидни јаки пива имаат.
20260725_231239.jpg

20260725_231254.jpg
 
епа колеги резултатите од прва сесија ќе бидат објавени за 2 неделиПрегледај го приврзокот 483562
Искрено ако добијам една 6ка за прелаз ќе сум среќен.
Зашто?
Од мое долгогодишно искуство (читај врска си нема овој) сметам дека рецептата што ми ја дадоа е малку згрешена
Рецептата беше правена на лице место за да се прилагоди на мојата опрема и стил што би сакал да го добијам

Од опрема како за почеток имам само кофа за ферментирање и хемиски термо метар како и она лулата за мерење алкохол така што ништо посебно.
И не сакав одма да зимам скапа опрема па го правев во 5л обично тенџере (вкупно да добијам околу 10.5л)

Зашто сметам дека е погрешна рецепта, прво за Weiss како што се гледа е доста карамела боја би очекувал да беше посветло (веројатно помалку Малт ми требало за количината) и имаше јак изразит мирис на хмељ значи и со тоа изгледа сум претерал

Ама еве го следното утро се гледа дека ферментира како лудо па ќе видиме што точно ќе искочи на крај

Ако некој го интересира и пресметка (рачунај цените се од Шведска може во МКД да уштедиш на опрема обична кофа со чеп е на крај краева, ама да ти е малку поскапо за хмељ/малт и тие заебанции јер помал пазар)

Опремата цирка 30-35€
- кофа за ферментирање 155сек
- хемиски термометар 30сек
- мерач на алкохол 90сек
- детергент за чистење 80сек (за околу 10-15 перења на опремата)

За пивото цирка 20-22€ за 25л пиво
- хмељ 40сек (доволно за 25л пиво, според моменталнава рецепта гледам на други рецепти за Weiss ова би била количина за некои 40-50литра)
- малт екстракт 150сек (читај подоле)
- квасец 40сек (за околу 25л)

Малт екстракт јас користев 1.5кг за 10л и сметам дека е многу, гледам на други рецепти каде луѓе и/или пивари објавиле рецепти и користат околу 2кг за 25л пиво така што си бара експериментирање.
Рецептите ги гледам на brewfather(.)app

Нормално ако забегуваш да бараш подобра опрема (специјални буриња за варење, за ладење за ферментирање) ќе дојдеш до некоја бројка од 750-800€ па нагоре барем во Шведска (буриња од 30-40л) помала специјална опрема нема мораш на начинот на кој го правев јас
Добро де најмало специјализирано буре што гледам е 25л за варење/ферментирање и е поскапо него да земеш од 40л
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom