Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 280 40,3%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,1%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 78 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,6%
  • Beck's

    Гласови: 18 2,6%
  • Други

    Гласови: 124 17,9%

  • Вкупно гласачи
    694
Со цена од 66 денари (во Веро) за лименка не знам како ќе бидат конкуретни кога имаме наплив на поевтини (а на вкус тука некаде) пченични пива од Германија и Белгија. Му давам втора шанса вечерва. :)

Прегледај го приврзокот 460673

Баш по вкус не му се тука некаде туку многу подобри. А со цена се тука некаде.
 
Баш по вкус не му се тука некаде туку многу подобри. А со цена се тука некаде.
Не мислев на германските пива во Веро, туку на оние во Топ Дринкс и сличните продавници, кои се една класа подолу, ако не и повеќе.
 
Како мислиш пивата од топ дринкс се класа подолу!?!?!
Обично тука се коментираат пивата од топ дринкс што се на распродажба пред истек на ро, иначе таму има одлични пива и поголем избор и од веро и од сите заедно маркети само тие пива си се со нормална продажна цена.
 
Како мислиш пивата од топ дринкс се класа подолу!?!?!
Обично тука се коментираат пивата од топ дринкс што се на распродажба пред истек на ро, иначе таму има одлични пива и поголем избор и од веро и од сите заедно маркети само тие пива си се со нормална продажна цена.

Мислев слично како овој коментар:

Го пробав пред некое време, ама не го искоментирав Скопско вајс пошто ќе дојде @wiksa и ќе рече "кој си бе ти вајзени да коментираш?"
*во моја одбрана негде 60 пробани имам на листата :D

Ама ако треба да го оценам би го сместил негде на средина. 2.5/5.
Реално не е повраќаница ко што го нападнаа. Една класа над тоа е. Пробајте ги оние што се продаваат по ДИМ, Кит Го и сл... Скопското бар има некаков карактер во споредба со нив.
Е да, не е да се споредува со Ердингер, Пауланер, Вајнштефанер.

Но, на крај ме радува фактот што се шири понудата со нов стил на пазарот.
Нашиот народ многу е навикнат на лагер и освен тоа друго не прифаќа.

И овој:

Eichbaum (Германија), Van Pur (Полска), Champigneulles (Франција), Feldschlossen Dresden... сите се исто срање.

Не може една пивара да има 20 пченични пива со по 5.2% алкохол. Истото пиво го продаваат цело време само во различно пакување.
Уште цена кога ќе му видиш 25 денари, а донесено од Германија, каде што заработка треба да има продавницата, увозникот, произведувачот... па види што пиеш. Шишенце вода Пелистерка е иста цена овде.

Од Eichbaum можеби само Steam Brew да се нијанса подобри и мислам дека повеќе работат на него како продукт, маркетинг едно друго...

Инаку Eichbaum, Beeraclez, Schloss Fels, Theodore, Ewen, Hop Rider, Troll Brew, Apostel, Steininger, Zahringer, Stephans Brau, Eberts Burg... сите овие се нивни брендови, главно лошо пиво само со различна етикета.
 
Па сега не е дека во Топ Дринкс имаат акции само на Eichbaum пива.

Еве последно на пример јас лично сум одговорен за уништување на повеќе пакети Peroni Doppio Malto. Mногу убаво а потценето пивце. :)
Лефе имаа напати, Амстел (ама холандскиот), итн и куп други за кои во моментов не ми текнува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom