Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 279 40,5%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,3%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,7%

  • Вкупно гласачи
    689
:place: :place: :place: :place: :place: :place: :place:
Оваа порција уште побогата мх мх мх цццц....зашто бе вака ми праиш друже по сабајле :D
Уште од сабајле да се нашиљиш да ти биде послатко поручек :D Е има ли некаде што служат со литарска кригла?
 
Топ 5 листа на најбољи купечки пива

1. пилснер
19902195459.jpg

2. лагер
19902221888.jpg

3. ирски ејл
19902252492.jpg

4. англиски ејл
19902281198.jpg

5. темнен стаут
19902304231.jpg
 
Како те бендисува Old speckled hen? Го меркам веќе некое време.
Мене ми се свиѓа: нема претерано хмељ (што ми одговара), има една суптилна блага нота, кремасто е и лизга - питко е. Инаку од ејлови, стаутови и weiss beer често ме маа алергија бидејќи имаат висок ниво на хистамини, затоа преферирам пилснери и лагери. Овој ми е најпогодениот англиски ејл.
 
Конечно пропив пиво,гадниот вкус што го имав полека исчезнува,а го пропив на Пивофестот во Прилеп,срамота беше јас да пијам коњак другите сите пиво и поради тоа...Туборг неможам ич да пијам,златен даб најдобро ми лежи како и крали марко...друго немам пробано :D
 
Јас сум малку ветеран во пиње пиво, и исто Туборг никако ! ама добро било воа тоа, реклами ! А пробај го, а одвратно !
Не ми се допаѓа и тоа ти е.
Инаку мој фаворит за секојдневно пиење (price / performance :) ) ти е Каменица. 95-100 денари, за 2.2 литра. Сосема пристојно пиво за сосема пристојна цена, ви го препорачувам.
Скопско ми е многу газирано, но за чудо точено скопско е сосема в ред, а Даб секогаш преферирам пред скопско. Лашко е исто ок.
Не знам какво е новово КенБах не знам дали некој го има пробано.
--- надополнето: 19 јули 2012 во 20:42 ---
Туку едно домаќинско прашање, Се обидел ли некој да прави дома сам пиво ?
Не теоретски, ами прашувам успеал ли некој да произведе и на што личи ?
Има варијанти да купиш сладуван јачмен сам, и сам да сладуваш јачмен. Има ли некој искуство ?
 
Има :). Само овде повеќето намирници не можеш да ги најдеш. Слад има виталија. Хмељ, квасец од ибеј. Мене ми излезе ок, но цената ми излезе скоро исто ко скопско флаша.
Е сега за понапредно правење треба кег и CO2 боца. Со флаширање и природно карбонизирање секогаш останува талог. Со кег мислам дека е полесно зошто нема флаширање.
Исто мислам дека во пивото нема потреба да остане благо, следно што ќе пробам е со вински квасец за шампањ да не остави никаков шеќер. Да личи повеќе на вино со 7-8% алкохол.
 
Тешко за дома да произведиш, мислам тоа пак ќе биде пиво но далеку од посакуваното ќе ти биде. Многу битни се состојките, сете процедура и по моје водата.
 
Тешко за дома да произведиш, мислам тоа пак ќе биде пиво но далеку од посакуваното ќе ти биде. Многу битни се состојките, сете процедура и по моје водата.
Водата е најмал проблем, доколку сакаш има 20 литри купечка 210 ден. Така да доколку се има воља се може да се направи.
 
(y)
Има :). Само овде повеќето намирници не можеш да ги најдеш. Слад има виталија. Хмељ, квасец од ибеј. Мене ми излезе ок, но цената ми излезе скоро исто ко скопско флаша.
Е сега за понапредно правење треба кег и CO2 боца. Со флаширање и природно карбонизирање секогаш останува талог. Со кег мислам дека е полесно зошто нема флаширање.
Исто мислам дека во пивото нема потреба да остане благо, следно што ќе пробам е со вински квасец за шампањ да не остави никаков шеќер. Да личи повеќе на вино со 7-8% алкохол.

Бравос бе Костур123 (y) !
Кажувај рецеп, искустство ! Морам да пробам. Мора ли в зимо да се прави (сум читал во други годишни времиња има бактерии кои го расипуваат и може да скисне) ?
Што највеќе ти дигна цена, сладот ? Која количина направи ?
Јачменот е 15 ден кило ако земаш од директен производител, во виталија е мин 4-5 пати поскап.

btw Не знам што ти е кег (оние метелантие буриња за пиво ли се?)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom