Еднаш пиев Карслберг у кафич и ми имаше вкус како да ми ждрига некој што испил 1 гајба скопско и 4 двелитарки топло горско помешано со кутија родео меко. Пред некој ден ми се засвиѓа флашата од 700мл и си купив, одлично пиво.
За ова дојдов, полско темно пиво иако не е баш класично темно туку е некоја темна верзија на светло пиво, ако можам така да се изразам. Не е црно.
9% алкохол, тоа посебно ме заинтересира. Земав 2 лименки чисто да пробам, 55 денара е ги има во Жито. Вкусот е малце тежок и горчлив на прв цуг ама после си легнува, имам некое чувство дека е тешко и не е за пијанка, мислам дека летно време нема да биде добро, ќе боли глава и ќе тежи на стомак. А цената одговара многу за алкохолот што го има, 3 лименки земја, 150 денара

А и што е финтата со 9% алкохол не ми е јасно.