Пироманија

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Веб-сајт
ygeneration99.blogspot.com
Пироманија е емоционално задоволство и возбуда (:vozbud:) при палење на оган и подметнување пожари.Во психологијата е заведено како “пореметување при контрола на импулсите“ а во некои случаи кај лицата кои палат оган се јавува и сексуална возбуда.
Најчесто овие луѓе добиваат еуфорија и adrenalin rush кога палат нешто а према некои испитувања “светиот грал“ на пироманот е - палење на противпожарна станица...:vozbud: при што имало и случаи на оргастичко задоволство и долговремена фиксација кон замислениот пожар во противпожарната служба...

matchs02.gif


Овие лица не треба да се мешаат со такви кои свесно подметнуваат пожари заради некои други причини,освета,политика,воени дејства и слично...кај Пироманот на прво место е задоволството од чинот,од самото горење на оганот и гледањето на пожарот.

db2645-crazy-pyromaniac.jpg


Исто не треба да се меша детската и адолесцентска љубопитност,фрлање петарди,бакљи,прскалици и други запаливи материјали.

fire.Par.15124.Image.-1.-1.1.gif


Во светски рамки се претпоставува дека околу 1% од населнието се пиромани.Кај нас најпознат случај последниве години беше оној на скопскиот пироман Гагарин Зенделовиќ кој во 2006 запалил зграда во Кисела Вода при што уби 4 лица а многумина поминале со потешки и полесни последици.Алкос и зависник од медикаменти (дневно трошел по 4 ленти лескилиум) често подметнувал пожари но ниту еден со такви ужасни последици...Овој пироман подоцна бил осуден на скромни 14 години затвор но во затворот,чекајќи трансфер во лудницата во Демир Хисар - се обесил...

Тој и на денот на пресудата ја побарал својата сопруга, која не присутвувала на рочиштето. Додека бил во Шутка, Зенделовиќ често дома праќал писма во кои ги поздравувал своите деца, но и ги повикувал да го посетат и да му донесат цигари.

Според неговите блиски, дополнителен притисок кај Зенделовиќ создавала и одлуката на судот да се лекува во Демир Хисар. Тој не сакал да оди на лекување, а тоа го призна и веднаш по пресудата:

- Мислам дека не сум за во Демир Хисар - изјави тој.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2978&stID=72615

30973.jpg


ЗАТВОРОТ "СКОПЈЕ" НЕ Е ПРЕЧКА ЗА СКОПСКИОТ ПИРОМАН
Гагарин се закани дека ќе ја пали "Шутка"

Директорот на истражниот затвор "Скопје" испратил допис до Основниот суд Скопје 2 известувајќи дека Гагарин Зенделовиќ, обвинет за подметнување пожар во Кисела Вода се заканил дека ќе ја запали и затворската зграда во која е сместен. Ова вчера го потврди и судијката што го води случајот против Зенделовиќ. Таа рече дека добила неколку дописи од директорот на истражниот затвор во скопската населба Шуто Оризари дека Зенделовиќ се однесувал агресивно. Психијатарот д-р Марија Ралева од Клиничкиот центар во Скопје одговори дека ваквите закани на Зенделовиќ биле предизвикани од хроничната депресија од која тој боледувал. Психијатарот Ралева изјави дека лекарствата што Зенделовиќ ги земал во истражниот затвор не биле соодветни за лекување на неговата болест.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2891&stID=65420

Што мислите за пироманијата? Дали некогаш сте почуствувале задоволство при палење или гледање оган? Дали сметате дека ваквите лица се закана за општеството?
 
Што мислите за пироманијата?

-Заебана ствар,али ако дијагностицираниот е држен под контрола со помош на лекарства нема опасност и нема потреба од други мерки.

Дали некогаш сте почуствувале задоволство при палење или гледање оган?


-Како помал,да.Имав голем мерак да палам се што ќе најдам.Палев огромни огнови високи по неколку метри,и онака филингот додека гледаш како согорува пластиката е закон.
Палев се.Картони,гајби неколку пати и контејнер.
И по дома палев,најчесто ќе наредев куп од канчиња од кисело млеко и се вивнуваше голем оган.
Не зборам за пиротехника,туку голем убав оган :)
Имав обид и една стара ќебапчилница во мое маало али немав нешто посебно за да потпалам.
Веќе не ми е fun.

Дали сметате дека ваквите лица се закана за општеството?

-Ако не се под контрола и те како.
 
јас дефинитивно сум пироман. дома ќе ме иселат. обавезно ако имам при рака ќибрит или упаљач мора да запалам и да поуживам малку :vozbud: добро сега малку можам да се контролирам ама порано немаше шанса. еднаш пожар в село направив јадев ќотек немерен и пак умот не ми иде... и ден денеска сум истиот само малку да речеме постабилен. им ги крадев сите упаљачи низ куќа, ги чував во една кутија и кога бев сам дома уживанции :pipi: ама после кога ги најдоа........:sakas_ust
 
Филингот е во прашање.Се осеќаш како да паѓаш во транс.Како полека да заспиваш и немаш други грижи.Не ни размислуваш,само полека тонеш.
 
Филингот е во прашање.Се осеќаш како да паѓаш во транс.Како полека да заспиваш и немаш други грижи.Не ни размислуваш,само полека тонеш.

Според ова што го опишуваш значи чуството е исто како да си на дрога =) .

Имам навика да изведувам егзибиции со запалката <=-- (вери импорант: спик маседониан !) , но не сум до толку .
 
Абе и јас играм со запалки, и често ко мал знаев да палам, ама па за да гаснам :) едноставно обожавам да го слушам звукот на гасење на оган со вода (што име има оваа болест :pos:)
 
Мене ме одвикнаа да си играм со оган као мал ме плашеа демек ако држам запалено гранче, ќе се измочам у гаќи...и така прекинав.

Гадно пореметување, да уживаш да палиш, покрај можни човечки жртви се прават и големи економски штети. Интересно е како го класифицираат делото намерно палење на дел од шума (посебно изразено последните години) најчесто заради ослободување на површини за пасишта или ниви (според одредени претпоставки). Дали овие дела се рачунаат као пироманија или као друго казниво дело?

Btw, браос за Тојкатер, доста интересни теми изотвори деновиве -инцест, пироманија, канибализам...
 
Btw, браос за Тојкатер, доста интересни теми изотвори деновиве -инцест, пироманија, канибализам...
Ќе мора да му смислиме болест (име де) за пореметувањето :D

Он топиќ, барав нешто за пожарникарските нариви... нема име тоа - желбата да гасиш запален оган /:
 
iskreno i mene me smiruva da gledam vo ogan najverojatno poradi toa sto mojot horoskopski znak e ognen znak no ne se smetam za piroman ne sum do tolku zabegana za da zemam da palam se okolu mene za da gledam ogan hahaha :pipi:
 
Да не се повторуваме и јас како мал сум имал склоности палам картони,кесиња и гума која патем имаше многу "убав" мирис...но сеа веќе друго,освен цигара ,друго немам запалено последно време....
 
Кога бев мал секогаш палев огин на секое можно место, ме викаа Пироман. Има 2 интересни случаи..
1) Еден ден на 1 Мај мислам се собравме сите, цела фамилија на нивата кај дедо ми и јас немав што да правам а во главата ми беше само огинот, земав кибрит и почнав да ја палам жолтата трева која почна постепено постепено да се проширува и зголемува насекаде околу нивата... почнаа да ми пискат... братучедите почнаа да носат вода за да го изгаснат... знам оти тогаш загази едно дрвце (орев).
2) Како и секое мало дете сака се да дознае па еден ден почнавме да палиме огин со другарите во подрумите од зградите... носевме картон и си горевме огин... еден ден не видоа и не кажаа на родителите.. после тоа следуваше пискање и забранување за излегување така да моравме да ги послушиме... Сега кога ќе ми текне можевме и цела зграда да ја запалиме :pos:
 
Е сега вака:
Во младоста, ми сместија едно цимерче помало од мене. За првпат го пуштиле од дома, и го гледам нешто ептен исплашено ми делуваше, па седнав на едно столче пред масата, почнав да палам мали ливченца од хартија и да ѓи ставам у пепељарата. Ме гледаше онака исплашено едно 2-3 минути, а мене ми светкаа очите, како на пироман. После немав цимер недела дена и дојде едно дете кое го знаев претходно. :pos2:
 
Ќе мора да му смислиме болест (име де) за пореметувањето :D

Он топиќ, барав нешто за пожарникарските нариви... нема име тоа - желбата да гасиш запален оган /:
Можда во некој (во моментот кога ужива во палење чкорчиња) се јавува малото човече-уништувач на се околу него, девастаторот. Кај тебе се јавила другата личност, спасител...фајрмен Сем.
Има нешто во нас што не тера да палиме, кршиме...коа сме кај палењето, кај некого само тоа постои...ваљда затоа ваа појава е наречена пироманија.

оф
Он топиќ, барав нешто за пожарникарските нариви... нема име тоа - желбата да гасиш запален оган /:
Апокалипто, иам обука завршено за пожарникари, најтешкиот дел после справувањето со пожар е раскревање на опремата, мотање на цревото...стварно не е лесна професија, да гасиш зад некоја хипнотизирана од оган будала :)
 
Па нека му направат камин или печка нека си купи и нека пали зима, лето ете му занимација на пироманот или пак нека го запослат у некоја фабрика за топење железои нека ложи печки така поривот за оган секојдневно ќе му биде задоволен.

Дефинитивно е психичко растројство каде пироманот со цел да ја намали напнатоста која ја чуствува пали оган и на тој начин се ослободува од напнатоста.

--- надополнето ---

Пироманија е емоционално задоволство и возбуда (:vozbud:) при палење на оган и подметнување пожари.Во психологијата е заведено како “пореметување при контрола на импулсите“ а во некои случаи кај лицата кои палат оган се јавува и сексуална возбуда.
Најчесто овие луѓе добиваат еуфорија и adrenalin rush кога палат нешто а према некои испитувања “светиот грал“ на пироманот е - палење на противпожарна станица...:vozbud: при што имало и случаи на оргастичко задоволство и долговремена фиксација кон замислениот пожар во противпожарната служба...

А во некои случаи кај лицата кои палат оган се јавува и сексуална возбуда- Пирофилија
 
Значи од мал сум пироман, све почна кога на 5 години со прскалка запалив пола од тепихот, после на купуев по 20 ќибрита на ден и низ цел двор ги расфрлав и еве ме сега на 16 године праејќи димна у соба ќе ја запалев куќата па ќе беше...:nesvest:
 
Back
На врв Bottom