Пинк 15 - Македонија

Српската медиумска групација Пинк во неделата упати извинување до македонската јавност, поради употребата на терминот БЈР Македонија, наведувајќи дека станува збор за груба грешка.

„Со оглед дека медиумска групација Пинк ја доживува Македонија како исклучително пријателска земја, во која работи повеќе години, им се извинуваме на сите граѓани кои што ја доживеаја конотацијата како навреда, што секако не ни беше намера“, стои во соопштението.

Групацијата Пинк ја употреби референцата во соопштението од петокот, во кое информираше дека наместо досегашната програма „Пинк 15“, гледачите во Македонија ќе имаат можност да следат пакет со четири програми наречен „Пинк интернешнл“, кој ќе се емитува преку кабелските оператори. /крај/со/ап/


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
Изовр: http://www.makfax.com.mk/283315/pink_se_izvini_za_upotreba_na_terminot_bjr_makedonija?utm_source=twitterfeed&utm_medium=twitter
 
Се известуваат медиумите дека на ден 17.05.2012 (четврток) во 12.00 часот пред Српската амбасада во Скопје, вработените на ТВ Пинк 15 кои, осум месеци работеа без плата, ќе одржат прес на кој ќе ги обелоденат сите вистини за работењето година ипол наназад на веќе непостоечката телевизија. Сите медиуми се добредојдени.
 
Од еден куп телевизии ке остане Македонија на 5 до 6 тв канали нешто слично како во Хрватска не рачунајки ги локалните станици. Барем квалитетот да биде сконцентриран на нив а не да даваат серија за серија без сопствена продукција без откупени права за спортски натпревари, изгледа вака е полесно до заработувачка серија и куп реклами.. За ПИНК нема што да се каже горниот пост се кажува, 8 месеци без плата па ке чекаш да плати пари на државата за лиценца.
 
Се известуваат медиумите дека на ден 17.05.2012 (четврток) во 12.00 часот пред Српската амбасада во Скопје, вработените на ТВ Пинк 15 кои, осум месеци работеа без плата, ќе одржат прес на кој ќе ги обелоденат сите вистини за работењето година ипол наназад на веќе непостоечката телевизија. Сите медиуми се добредојдени.

Од каде ја најде информацијава ако не е тајна?
--- надополнето: 16 мај 2012 во 13:34 ---
Ја најдов информацијата. :)
 
И онака освен една емисија македонска за свадба немаше ништо друго македонско а се фалеше газдата дека ќе биде целосна телевизијата македонска (n) ,добро е што ја затворија сега и онака не ни е потребна ;)
 
Е сега во замена ги имаме OBN i HEPPY

На макс тв ги имаш ОБН и Хепи, а на тоталтв можеш да си ги гледаш другите пинкови. Јас со тоталтв ги гледам другите пинкови, па затоа пинк 15 воопшто не ми недостасува. Ми недостасува само тоа што ќе немаме наш македонски пинк, па така да им завидувам на другите држави. :D
 
Вработените од Пинк 15 на протест во Белград

петок, 01 јуни 2012, 12:02

getImageThumbnail.php
Вработени од Пинк 15 Македонија заедно со нивните колеги од српската Телевизија Авала денеска протестираат пред седиштето на ТВ Пинк во Белград. Причината за собирот, кој се очекува да започне во секој момент, се неисплатените плати и придонеси. Конкретно, вработените од Пинк 15 Македонија, побаруваат 8 плати од сопственикот на компанијата Жељко Митровиќ за нивниот ангажман. Тие веќе еднаш протестираа поради истите причини и пред српската амбасада во Скопје. Нивниот денешен протест во Белград со колегите од ТВ Авала е подржан од Синдикатот на медиумски работиници на Србија.

Пинк 15 ја изгуби дозволата за работа во Македонија на почетокот на месецов. Причините беа неподмирениот долг кон Советот за радиодифузија и неправилности во работењето.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=50599
 
не сфаќам како толку се радувате што повеќе пинк ја нема :D као демек сте биле принудени да ја пуштате.

искрено сеедно ми е за пинк што згаснала зашто не ме интересирала ко програма и несум ја пуштал, додека вие се замарате а сте сосема свесни дека можете да ја избришете ако толку ве мрзи да ја смените кога ке мотате по канали :P
 
Се надевам некој ќе го купи просторот каде беше сместена Пинк 15 и К15 ,ама тоа се надевам ќе е некоја телевизија која ќе си ја знае работата и нема да згасне многу брзо
 
Лелеее... не еден туку 4 Пинк канали, Преродбата продолжува надградена и проширена
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom