Со пилингот се острануваат изумрените клетки од површината на кожата, со што се овозможува стварање на нови. Така кожата може полесно да диши, преку нејзе полесно ги исфрламе штетните материи а сретствата за нега на кожата подобро се впиваат. Меѓутоа, ако претераме со пилингот, кожата станува "одерена" и обоена. Затоа не е лошо да се потсетиме за некои работи околу пилингот.
Пилин на кожата најдобро е да се прави еднаш или двапати неделно но не и повеќе. Во млади години пилинг може и да се прескокне но во касни години не, бидејки во зрели години процесот на обновувасње на кожата е поретка. Тогаш обавезно послен пилонг треба да се нанесе хидратантна крема, особено ако кожата ви е сува.
Кај нас може да се најдат многу сретства за пилинг, најдобрите се оние во вид на гел и крема, бидејки содржат состојки кои го омекнуваат и ја хранат кожата. На лицето и осетливите делови на телото сретството за пилинг се нанесува со блага масажа ( со масажата ќе ја подобрите миктоциркулацијата , со што се овозможува да се нахрани кожата со корисни супстанци ), а за грубите делови можете да бидете и поенергични. Сретствата се нанесуваат на влажна кожа ( ако сакате да заштедите време, купете сретство кое содржи и сапун, па едноставно употребете ги при тушитање ), употребувајте го како што пишува во упатството и испалакнете го со млака вода. Ако кожата ви е сува и осетлива, нанесете го пилингот не повеќе од еднаш неделно, со посебни сретства наменети за вашиот тип на кожата.
Со пилингот можат да се остранат и дамките на кожата, тоа се прави со сретства кои содржат овошни киселини. Но опрезно! Овие сретства ќе ви симнат добар слој од кожата ( неопходно да се остранат дамките ), а сончевите зраци можат да ја оштетат новиот млад слој на кожа. Затоа ваквите третмани најдобро е да ги направите во есен-зима кога сонце има помалку, користење на овошни киселини во лето или пролет само ќе ви го зголемат проблемот.
Освен што ќе ви се затегне кожата и ќе ви даде младешки изглед, редовниот пилинг ќе ви помогне да подолго време го задржите потемниот тен, бидејки сончевите зраци можат да продрат подлабоко. Но сепак за потемен тен ви предожуваме да користите креми за самопотемнување, бидејки премногу ако се изложувате на сонце ќе ви се оштети кожата.
За крај: немојте да нанесувате пилинг на брзина, пред важен состанок или искачање бидејќи може да се случи да кожата во тој момент биде поосетлива него ли порано и може да поцрвени послен пилингот. Затоа најдобро е тоа да го направите навечер и да ставите крема за противвоспалување како би вашата кожа имала време да се смири, отпушти и спреми за искачање