Пилешки специјалитети

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Потпечен пилешки стек

Потребни состојки:
- 1 кг. стек
- 2 кисели павлаки
- 300 гр. кашкавал
- зејтин, сол и вегета

Подготовка:
Рерната вклучете ја да се загрее на 250 степени. Тавата за печење намрсете ја со зејтин. Стековите убаво исчукајте ги со сол и вегета и редете ги во тавата, така што нема да оставите простор помеѓу нив. Одозгора премачкајте ги со павлака. Ставете и еден филџан вода (околу 200 мл). Намалете ја рерната на 200 степени и ставете ги стековите да се печат 30 минути. Потоа кашкавалот рендан или сецкан на парчиња ставете го врз стековите и оставете да се потпече уште 10-15 минути. На крај уживајте во потпечениот стек :)
 
Запечени пилешки батаци

Потребно:

20гр. сусам
30гр. сенф
1,5 кг. батаци
2 лаж. масло
малку сецкан магданос
2 чешниња лук
150гр. кечап
сол и бибер

Во блендер се ставаат лукот,кечапот,сенфот,маслото,магдоносот,солта и бебирот и се мешаат.Батаците се засекуваат на неколку места и се премачкуваат со предходно подготвената смеса,врз нив се става сусам и се печат.


Тестенини со пилешко и сирење

Потребно:

400гр. пилешки гради
150гр. сирење
200мл. павлака
400гр. шампињони
500гр. тестенини (по избор)
босилек,магдонос,сол,бибер

Тестенините се варат.Во тава се топи сирењето и во него се додава пилешкото исечкано на коцки,се пржи 5-6мин. и потоа се додаваат шампињоноте и зачините.Откако убаво ќе се испржи се додава павлаката се пржи уште 2-3мин и потоа сосот се додава во исцедените тестенини и се меша.
 
Пилешко со печурки:

За 4 оброци се потребни:

1кг пилешки стек (јас го правам со пилешкиот стек на Цекин);
1 паковање свежи шампињони;
1 морков;
1 главица кромид;
1 мало парче лук,
вегета, бибер
200 мл. бело вино

Најпрво ги ставаме кромидот и лукот да се пропжат во маслиново масло, потоа го додаваме ренданиот морков. Откако убаво ќе се пропржат, ќе ги додадеме претходно излупените и исецкани печурки. Додаваме околѕ 300 мл вода за да се сварат печурките. Потоа го додаваме пилешкото, претходно исецкано на мали парченца. Додаваме вода да се покрие целата смеса и оставаме да се вари. Откако водата ќе испари, пропржуваме кратко, месото да се зарумени. На крај го додаваме белото вино пржиме уште некои 10тина минути и веќе сме мртви гладни и со нетрпение чекаме да седнеме да јадеме. Ја поставуваме трпезата и уживаме во прекрасниот вкус на ова пилешко селско месо со печурки. На здравје :)
 
Пилешка тава со компири

pileshka-tava-kompiri-250x250.jpg


Состојки

  • 700 гр. компири жолти, исечени покрупно
  • 4 парчиња лук испасирани
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • 700 гр. пилешки гради
  • 2 лажички црвен пипер
  • бибер
  • 4 лажици магдонос свеж, исецкан
  • 2 парчиња лимон 1 исцеден, 1 исецкан на парчиња
  • 3 парчиња кромид црвен, исецкан на тенки парчиња
Рецептата овде
 
Потпечен пилешки стек

Потребни состојки:
- 1 кг. стек
- 2 кисели павлаки
- 300 гр. кашкавал
- зејтин, сол и вегета

Подготовка:
Рерната вклучете ја да се загрее на 250 степени. Тавата за печење намрсете ја со зејтин. Стековите убаво исчукајте ги со сол и вегета и редете ги во тавата, така што нема да оставите простор помеѓу нив. Одозгора премачкајте ги со павлака. Ставете и еден филџан вода (околу 200 мл). Намалете ја рерната на 200 степени и ставете ги стековите да се печат 30 минути. Потоа кашкавалот рендан или сецкан на парчиња ставете го врз стековите и оставете да се потпече уште 10-15 минути. На крај уживајте во потпечениот стек :)

Кашкавалот да се стави откако ќе изврие водата и заедно со павлаката да се згусне, да нема течност?!
Баш сега го пробувам и го правам овој рецепт и помина веќе половина час, а гледам уште има течност над стекот. Па се прашував за кашкавалот :)
 
Кашкавалот да се стави откако ќе изврие водата и заедно со павлаката да се згусне, да нема течност?!
Баш сега го пробувам и го правам овој рецепт и помина веќе половина час, а гледам уште има течност над стекот. Па се прашував за кашкавалот :)
Стекот го премачкуваш со павлака и го печеш додека изврие водата. 15 минути пред крај го ставаш кашкавалот.
п.с.Ја додека да ти одговорам претпоставувам биднал стекот :D
 
Стекот го премачкуваш со павлака и го печеш додека изврие водата. 15 минути пред крај го ставаш кашкавалот.
п.с.Ја додека да ти одговорам претпоставувам биднал стекот :D

:D да, да бидна и превкусно беше :D само што заради рерната ми требаше повеќе време, место половина час мене додека ми изврие ми помина саат време :icon_lol: али битно превкусно беше.
Одличен рецепт (y)
 
:D да, да бидна и превкусно беше :D само што заради рерната ми требаше повеќе време, место половина час мене додека ми изврие ми помина саат време :icon_lol: али битно превкусно беше.
Одличен рецепт (y)
Мило ми е што ти се бендиса :pipi:
 
Пилешко Жилиен


Потребно е:
300 гр пилешки стекови, исчистени од жилички и вишок мрснотија
2 главици кромид
1 лукче
300 гр печурки шампињони
100 гр. томатело
200 гр рендан кашкавал
3 јајца
1 павлака
сол, бибер, ловоров лист, масло, вода

Во тенџере со посолена вода варете ги стековите, додека не станат меки и целосно бели. Тргнете ги настрана. Кога ќе се оладат, исечете ги многу тенко по должина или искинете ги како конци, да бидат ровки.
Во длабок сад, испржете на загреано масло 2 главици кромид ситно рендани и лукчето ситно исечкано. Додајте бибер, ловоров лист, сол и шампињоните на ливчиња (без водата, ако користите од тегла). Пржете на тивок оган, да се стопи кромидот, а шампињоните да испарат. Додајте го пилешкото, мешајте и налејте половина чаша вода. Крчкајте го уште 10/15 мин.
Во земјена тава истурете ја смесата од пилешко со печурки. Ако има од ловоровиот лист, извадете го. Додајте 100 гр томатело, промешајте и ставете да се пече. Ако има потреба, додајте вода, да не е суво.
Печете половина час на 220 степени.

На 10 минути пред крај, во сад за матење, изматете ги јајцата со една павлака и ренданиот кашкавал. Смесата треба да биде течна, но не и прерастресита. Наросете бибер и малку сол. Полијте ја тавата со сместата, и потпечете додека да фати златножолта коричка.

Послужете топло, со брускети или препечен леб, и салата.

Добар тек ;)
 
Пилешко со лимон

Потребни состојки:

- 100 милилитри бело вино
- 1 кг. пилешки стек
- малку оригано
- 4 лажици зејтин
- 6 чешниња лук
- 1 лимон
- малку магдонос
- сол

Подготовка:
Пилешкото месо исецкајте го на покрупни парчиња.
Измијте го лимонот, исечете го на половина, па секоја половина исечете ја на 6 дела.
Главицата лук поделете ја на чешниња без да ги лупите, ставете ги во тава со месото, парчињата лимон и 4 лажици масло. Посолете ги и измешајте ги состојките. Додајте го виното, покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете го месото на 200 степени 30 минути.
Тргнете ја фолијата и продолжете со печењето уште 20 минути. Посипете го пилешкото со исецкан магдонос и сервирајте го.
 
Величествената, правил сам го само без белото вино.. И беше малку тегаво и исушено... Иначе на вкус е ного убаво, особено со миризбата на лук (само јас го излупих луко).

ментал ноте: нареден пат и винце.
 
ЛезбоБуч пилешко џигерче?

Всушност, овој треба да е “неопходен рецепт” за сите бучосвинки

Состојки:

1). Сланина, нормално исечена, не тенко околу 750 грама
2). Ореви, 250 грама
3). Пилешки џигерчиња
4). Флашица Кикоман соја сос/или шо се фаќа при рака, освен дилдото (не е сос)
5). Чепкалки за заби
6). Алкохолен појалок (Blue Lesbian на пример), цигари и некоја бучдевијантна музика
Најтешкиот дел од овој рецепт е предприпремата. Сите знаеме дека бучлезбојте се јаки на вилици (затоа имс е такви, стегнати), за за кур не ги бива, па се име тешко. Но...
Приготвување и предприпрема:
Во чаша, онака, машка, машествена, Бучот нека си налее алкохол, да смири нерва што в куња и готви иако бичот треба да готви (??). По неколку, доаѓа релативно смирение на нерва.
После, Бучон нека земе парче сланина, да стваи оревче на среде, парче пилешко џигерче и да го срола, завитка, не како џоинт, аман. Па да го надене со чачкалица и да го стави во тава.
Толку. Ама тешка мака за Бучоња е . Ќе успејШ, без гајле, ако Бичот се цицлаи и средуе, а ти си Буч. Ќе ти пројде, ако не кркни уште една онака, мушки.

Печење:

Загреј рерната на 200 степени целзиусови, пред да ја ставиш тавата во рерна, напиј се уште една и залиј ја тавата со сосот. Онака, мушки. Бучофски. Да ги удајш до пола клаените ролчиња.
По едно дваесеттина минуит, тамам навреме да се спотнеш, да смрдиш ко твор под небричена мишка, ко што е ред, извади ја тавата и внимателно преврти ги (ова е најтешкиот дел – внимателно – оти како може рунтаа, немиена, гнасна, Бучоња да биде внимателна, али нека се проба). И врати ги на уште дваесеттина минути.
Готово, извади ги. Викни Бичот на маса. Ако не е навреме седната, шознам, не сум девијантен па....среди сама проблемот.

А, ќе заборавев:
Што се 10000 бучој со калаши?
- 10000 психички пореметени лица со калаши! :):):):):)
 
Pileski kopani - cetiri
Prezla
Zejtin za przemje

Biber
Kari
Cimet
Mleko

Zacinite po vkus kolicinski se stavaat zaedno so mlekoto vo prezlata. Kopanite se prpelkaat vo zacinosanata i mlekosana prezla.
Se przat na mnogu jak zejtin dodeka ne se zarumenat bajagi.

Se sluzat so temno lashko pivo za Buchot i svetlo pivo za Biatchot. Po dva.

:D :D :D :D
 
Моето омилено пилешко соте
Стек исецкан на коцки се динста во зејтин, сол, вегета, бибер, чаша бело вино, ловор и вода.
По 45 минути откако ке испари течноста се додаваат пеќурките, лажица сенф, лукчче, 2 павлаки со поголема масленост и сите зачини кои ги обожавате. Пропржувате убаво, досолувате.....
Може да го ставите во релна да се запече со рендан кашкавал а и не мора:)
 
Moze da go jadat strejteri?

A ide so pekarski kompir? Sto ide kako prilog a da ne e obratna hrana?

Btw, pred nekoj den pravev slicno, so svinsko na kockicki. Malku bese pojke so skrama odozgora. Izgleda pavlakata ne bese so 24% maslenost.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom