Пицата го открива карактерот. Да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата wild dolphin
  • Време на започнување Време на започнување

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Локација
Наше Скопје
pizza.jpg

Денес постојат стотици видови на пица кои одговараат на исто толку карактери на луѓето. Еден список на карактери според пицата кој не претендира да биде целосен, ги дели луѓето на следниве категории:

Традиционалист. Попознат како пица сноб. Овој лик сака пица каква што послужувале во Неапол во 1890 година. Печена на дрва со сос од домати, моцарела и свеж босилек и со завршница од маслиново масло.
Месождер. Не сака да слушне за пица без месо, а фефероните се неизоставен дел од додатоците.
Луд научник. Попознат како експериментатор. Сака да ја украси пицата со најоткачени работи кои му се на располагање, како што се путер од кикиритки, слатки производи или салата.
Фенси сирење тип. Секогаш инсистира на специјален тип на сирење, без оглед дали е козјо сирење или фонтина. Варијациите на овој карактер подразбираат и поклоници на ретки сорти печурки.
Капетан. Еден од поретките типови, кој секогаш сака морски плодови без огледа дали се харинги, школки, ракчиња или лосос. Контроверзен како и неговите пица желби.
Центар на внимание. Секогаш сака да комбинира чудни работи. На пример шунка со ананас. Неговата појава и желби ги дели луѓето на две категории: оние што се со него и оние кои се против него. Ќе го препознаете по реченицата: пробај – ќе ти се допадне.
Вегетаријанец. Познат и како: оној што јаде само здраво, без оглед дали е така или не. Не сака дури ни да сечат со нож со кој е сечено месо. Маслинки и печурките се неговиот свет.

ВО КОЈ ТИП ПИЦА КОНЗУМАТОР СПАЃАТЕ?

ЈА СПАЃАМ ВО ОНОЈ СО СИРЕЊЕТО, ФЕНСИ СИРЕЊЕ ТИП:pos2::pos2::pos2:
морам да признам вистина е сакам печурки многу, посебно некои специфични и редок тип... види ги ти мореее!!!
 
Традиционален месождер со извесни капетански амбиции.:helou:
 
луд научник кој шо е во центар на внимание со капетанско - месождерски примеси :)
 
Е како сеа ова.. па не е могуче вака, мене ме нема во овие :nesum: стандард пица
 
Фенси сирење тип. Секогаш инсистира на специјален тип на сирење, без оглед дали е козјо сирење или фонтина. Варијациите на овој карактер подразбираат и поклоници на ретки сорти печурки.
 
Месождер. Не сака да слушне за пица без месо.

Ми го открија и опишаа карактерот дефинитивно.
 
Интересно. Инаку и мене ме нема меѓу тие типови.
 
Јас се најдов во сите освен во вегетаријанци :)
 
Фенси сирење тип. Секогаш инсистира на специјален тип на сирење, без оглед дали е козјо сирење или фонтина. Варијациите на овој карактер подразбираат и поклоници на ретки сорти печурки.

:pipi::pipi::pipi:
 
Јас се најдов во сите освен во вегетаријанци :)
Ја се најдов исто во сите па и во вегетаријанската, но ме нема како група која не бира пица, што ќе дадат тоа. Јадам секаква, дури и само магдонос да има на неа :)
Значи посебна категорија која не бира, на која и е сеедно
 
Ако и додадеш и лук и оцет можеби ќе произведеш макало-пица :)
 
Ако дојде ред да си го откривате карактерот според пица...ќе почнам да му верувам на сценариото на Mike Judge...
 
Традиционалист. Попознат како пица сноб. Овој лик сака пица каква што послужувале во Неапол во 1890 година. Печена на дрва со сос од домати, моцарела и свеж босилек и со завршница од маслиново масло.
:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom