Песната над мојата

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Ги знам овие. Класични зачетници на прогресивот, баш песнава е една од тие со тој пртпознатлив прогресивен стил на гитарата, вокалот е онака типичен од тоа време. Има длабочина во рифовите, а вокалот ја осигура линијата на класик рокот во песнава.

Neutral Milk Hotel - In the Aeroplane Over the Sea
 
Метал бе, да има шутка и да се изнарипаш да ти е кеф. Жива песна, добра за ослободување од вишок енергија. И вокалот е добар.
П.С филмов како се вика "убиј ги сите и врати се сам", маме расплака овој на видеото


Frderic Chopin-Waltz Of Rain
 
Добра е. Многу сакам неправилни ритмови. Овој иако е ваков брлив изгледа му фали една кратка нота да го собере во правилен такт и баш тоа е тоа што не ми дава мир, како кога не ти собира нешто за влакно, ама ме тера внимателно да слушам. Го сакам и гласот на Јорк. Не ми се допаѓа онаа вревата само, на некои песни не ми одговара.

Get The Blessing - Cake Hole
 
Леџенди се овие од 90-ти. Извадоја салам албуми, 2 мислам беа на број ко шо ме држи меморијата. Особено ми се бендисува солирањето на братон од Квинс оф д стоун ејџ.
Опасна песна.

Tarmac Je cherche
 
Последно уредено:
Фино кулирачко песниче. Онака топло време, сунце сија, сите среќни, е на тоа ме асоцира. Плус е тоа шо е француски.

New Order-Elegia
 
Лошо, песната мене никако не би ми се допаднала, имам многу преслушано од турбо фолк али ова не е никако нешто најдобро ни приближно до најдоброто што сум го слушал, ова е серење на жанрот.

Foltin - 120 (Vezilka)
 
Песната си е добра, само шо мене ми е лично скурчена пошто беше хит пред 4-5 години во Апореа(прилепски кафич) и ептен тестисиве ми ги направија динчиња :D

The Government - Falling Away

Да ги постирам и тука битолкиве лујџенца со нивната песна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom