Иначе денеска го правев сервисот.
Оригинални јабучици FIAT првпат заменети

) ќе ви покажам слики ако уште ги имаат јабучиците.
Ставив италијански јабучици и француски рамена.
Денес дојде филтерот за воздух (кој пасувал и на Simca) и маслениот филтер.
Сменав кабли и свеќици (NGK).
И масло.
Е сеа, ставив полошо масло да се извози моторот. Испаднаа два проблеми.
Претходно ламбичката за притисок на масло светкаше, па се гасеше.
Го сменав автоматечто (сензорот) сеа свети постојано.
Мајсторот рече дека е запечен моторот од што не е возена колата. Го заклучивме тоа кога го испуштивме новото масло целото беше црно.
Ставивме нафта внатре да го исчистиме моторот, кога ја испуштивме беше цела црна, што ни кажа дека бевме во право дека сепак моторот е ептен запаечен од стоење в гаража.
И кога го ставивме пак новото масло сијаличката на силна туржа се гасеше на ниска се палеше (нормално бидејќи нема притисок на ниска туража).
Кога направив тест возење истото го праеше на крај пак се уклучи и на силна и на ниска туража пак свети. :uvo:
Утре планирав со неа за СК да заминам. Да одам на работа со неа. Да се пофалам...а вака сеа од страв да не е нешто сериозно неможам да ја носам.
Иначе митовите за потрошувачка се следните
10л/100км на економична вожња - градска. Често менување брзина, ниски обртаи.
СИЛНА туража, цепење до крај машината (угорнина 3-та брзина и 110км/ч) некаде 15л

))) а можда 20

)))
Што е ОК и нормално за секоја кола.
Реално, скопска вожња ќе цепи 12 литри на 100км.
Плин 13л/100км што се трпи некако