Персирање

Не практикувам...на мажите ги викам брат/бато/другар/господине, а на жените госпоѓо/госпоѓице/девојко/моме. Вие го користам само во множина, и кога морам.
 
Зависи од понашањето на личноста.
 
Мене ме интересира дали персирате од вистинска почит или за да не испаднете некултурни?

Персирам затоа што така ме индоктринираа од малечка, да не испаднам некултурна:D
Во социјализмот не учеа дека МОРА на сите постари да им персираме, со што не се согласувам(n). Не секој заслужил да му се персира, особено не денес во времево во кое живееме.

Замислете некој повозрасен, вие му персирате, а тој ве третира подолу од :гомце:. Освен ако не ви е работодавач, ќе го отерате во три лепе, нели?

Заклучок, им персирам само на луѓе кои знаат да го ценат тоа. Останатите кој ги шиша:D
--- надополнето: 3 октомври 2012 во 18:59 ---
Јас захтевам да ме персираат сите оние кои се на подолните скалила на општествената и социјалната пирамида без оглед на години или пол.

Их, ама си скромен...не само да ти персираат, и на колена да клекнат треба :sneaky:
Според Дарвиновите законитости, истото ќе треба и ти да го сториш пред оние кои се на повисокото скалило од социо-економската хиерархија од тебе;)
 
Лесно беше во комунизмот со другар и другарке....Персирам најчесто непознати личности, ми е незгодно кога ме персираат.
 
Јас заборајв да му персирам летоска на Windfucker, па сега дури и на форумов му се обраќам со Вие....:X3:
Се во ред, ама никогаш не разбрав зошто Стефче архиепископот го персираат како Господин, Господин...
 
Се во ред, ама никогаш не разбрав зошто Стефче архиепископот го персираат како Господин, Господин...
Проста математика. Во обем е како двајца обични господини. 2 Х Господин.
 
Их, ама си скромен...не само да ти персираат, и на колена да клекнат треба :sneaky:
Според Дарвиновите законитости, истото ќе треба и ти да го сториш пред оние кои се на повисокото скалило од социо-економската хиерархија од тебе;)

секако дека треба... ако најдам некој таков
--- надополнето: 3 октомври 2012 во 21:07 ---
Ако зима некој 30 илјади денари месечна плата како треба да ти се обраќа?
може “ваша милости“ или “екселенцијо“ или “господе“....
 
Персирам повозрасни од мене, кои делумно или воопшто не ги познавам т.е. тек ги запознавам. Со тек на време поради Х околности ако ептен се зближам со нив, бариерата паѓа и применувам на ТИ. Најдобар пример ми се неколкуте асистент(к)и од факсот, џоа први френдови ! :D
 
Многу сум млад да ги персирам тие што не се многу постари од мене но затоа ги персирам сите постари што не ги знам или што се хиерархиски над мене во професијата а не ми се блиски.
Подоцна и врсниците што не ми се познати, зашто постари сме блабла.
 
Искрено, мене ептен ми лежи што не сме таква нација да персираме во секоја дадена ситуација. А најмногу ми се свиѓа дека овозможува повеќе зближување.
На работа да речеме, кога се вработив му персирав на газдата, после некој месец сама почнав на ти, и до ден денес сум на ти, што овозможува smooth соработка. Па побогу, повеќе време поминувам таму отколку дома, уште да треба сега да трепкаме со очињата додека разговараме.
Исто кога ќе ми персира некој, автоматски го сечам да ми се обраќа во второ лице еднина, без разлика дали е помлад или не.

Ептен ми се свиѓа што се‘ уште не сме роботска нација, олабавеност е многу потребна во секојдневните односи иначе ќе изгинеме. Секако, со непознати, а истовремено и постари покажувам почит, додека да опипам ситуација :icon_mrgr:

Ве молам вас персирачите не рипајте одма, не викам дека е правилно, мене така повеќе ми одговара :)
 
Мене сите треба да ми персирате. Имам 69 години, сум богат и уледен гражданин во моето село . Еве сите вие што имате проблем со персирање, можете да вежбате при комуникација со мене на форумов !!!
 
Персирам постари лица кои тоа го заслужуваат и со кои сакам да се ставам на определена дистанца, професори и асистенти од факултет нормално. Додуша асистентите не се многу постари од мене, но хиерархијаата и домашното воспитување ми го налагаат тоа.

Многу ретко мене ме персираат ( најчесто кога одам во банка или во некоја пософистицирана продавница - на нив тоа работата им го налага мене како муштерија да ме персираат), бидејќи и не сум толку постар . :)
 
Персирам само на постарите и кои го заслужиле тоа, инаку на некои лигуши немам намера ниту да персирам ниту да им лижам газ па колку и да биле над мене по било која основа, инаку ког амене ми персираат одма ги сечам и ги замолувам да се обраќаме на ти, некако повеќе сакам опуштен однос со било кого!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom