Перо Антиќ со кукавичка изјава дека доаѓа од „ФИРОМ“

  • Креатор на темата Креатор на темата Memento Mori
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Секој македонец самиот си проценува за тоа колкав македонец ќе биде и на каков начин ќе го искаже тоа. Тоа е гордост ( ако на некого воопшто му претставува ) која ја носи секој во себе и не се покажува само на зборови и удирање во гради туку и на дело, во секоја прилика во секој момент од животот. Тоа е дел од тебе едноставно , или го имаш или го немаш. По сево ова што го видов/слушнав Антич ми личи на многу збунет тип. Човек без цврсто СВОЕ ЈА ( шо би кажал дедо ми ). Еднаш така , еднаш вака, или си или не си, до кога парите ќе ни бидат приоритет.

Овој не е професионален спортист?? Ама ете ако не биде Македонија не играм, па цела Звезда зад него застана. Ама докажан е овој веќе, со стегач од Звезда играше за репрезентација:confused::confused:, ако тој игра како заложник во Олимпијакос подобро нека си иде бе, нека не лижи гзој за пари, па уште ми драпате професионален спортист, проф. спортист одлучува сам за себе а не како ќе му свират некој цигани од пиреја.

п.с Или има уште едно гледиште, толку да е глуп што не размислува за последиците од неговите глупости.
Вака се гради авторитет , со јасен став. Точно времињата беа други, ама и Олимпијакос не е последниот клуб на светот.

И за крај можеби сите ние меѓу кои и јас ја тупиме 20 страни за македонштината на Антич, а човекот можеби и во себе нема никакви патриотиски чувства т.е нема место за никаков патриотизам или национална припадност освен за спортот. И тоа е за респект , има луѓе шо не се замараат со тоа од каде се и се против секакви националистички , патриотски определувања туку само го живеат животот со она што им е најважно. Ама ако е така барем да знаеме, а не еднаш да слушаме Македонија друг пат ФИРОМ.

Тоа е тоа.
 
Не верувам да си дозволеа грците да губат играч во најважните 2 утакмици во сезоната поради политика. Плус веќе окрка 600 000 евра Перо за плата во првата сезона па го боли цеф сега дали ќе го избркале. Си се обезбеди за 3 генерации. И претходно печалел а и ќе печали така да не е работата дека без леб ќе останел ако кажел Македонија како што некои сакаат да прикажат овде. Нејсе....македонска работа. Ионака никој не те тркала овде во мизернава ни државичка така да на здравје нека му се уште 600 000 евра во наредната сезона. Само си ја уништи гордоста
Во право си никој со сила не го тера да вика фиром само си одлучил. Чисто се сомневам дека ќе го избркаат од клубот ако каже Македонија. Дури и да има шанси за тоа (а најверојатно нема) треба да го преземе тој ризик. Јас сум им кажувал на Грци во Грција дека сум од Македонија....некој се курчат некој не реагираат некој се понашаат како мутави итн. Требал да го преземе тој „ризик“. Како и да е глупа изјава од Перо.
 
Зашто со цел памет споредувате политичари и спортисти. Нешто што за мене е неспоредливо и каде-каде спортистите треба да бидат дијаметрално различни од политичарите и да имаат далеку поголемо патриотско чувство кон својата земја.
Едно та исто.
Политичар - работа, спортист - работа. Не гледам никаква разлика. Oсвен тоа што професијата политичар е далеку поодговорна и по хоштаплерска, да не кажам лоповска.
Хахаха, ако спортистите треба да имаат далеку поголемо патриотско чувство кон својата држава од политичарите кои ја водат таа држава, тогаш ебате државата што ке биде. -_-
 
Очигледно различно мислење имаме за спортот и спортистите. Јас кога би бил спортист под чест би ми било доколку ме споредуваат со политичарите, навреда би ми било.

А ти толку убаво си ги опишал политичарите у првиот пасус така да немало потреба да ги споменуваш у вториот.
 
Во право си никој со сила не го тера да вика фиром само си одлучил. Чисто се сомневам дека ќе го избркаат од клубот ако каже Македонија. Дури и да има шанси за тоа (а најверојатно нема) треба да го преземе тој ризик. Јас сум им кажувал на Грци во Грција дека сум од Македонија....некој се курчат некој не реагираат некој се понашаат како мутави итн. Требал да го преземе тој „ризик“. Како и да е глупа изјава од Перо.

И јас им кажувам де, голема работа. Ама јас сум јас, не сум Перо Антиќ. И на крајот, тоа ФИРОМ е нешто кое сме го прифатиле ние, и нешто со кое сакаат да не набутаат сега во НАТО.
Не рекол Скопје.

На сите можат да ни бидат повредени чувствата, ама не гледам зошто да барам вина во човекот во овој случај. Ако не, да не одиме никаде и да не учествуваме во ништо - па секаде сме ФИРОМ, и на пример, Калиопи ќе ја најават така на Евровизија. Треба ли да ја пљукне водителката?

ФИРОМ е нешто што сами си го запишавме и прифативме.
 
Едно е да некој друг ти го напише тоа име а сосема друго е само да си го кажуваш. Едно е ако ти е принудено тоа а друго е ако доброволно си го кажуваш. Замисли Калиопи да излезе и да почне да вика Воут фор Фиром не иде страмота. Е сега незнам дали го тепале Перо и гореле со цигари за да каже Фиром ама мене ми изгледаше доста доброволно. Има голема разлика од доброволно фиромизирање или под принуда.
Инаку јас не го прифаќам Фиром ти можеш да си зборуваш за самата себе немаш право во множина.
 
И јас не го прифаќам Мендух Тачи ама тука е, што да правам.
И не би рекла дека Перо ,,доброволно,, и ,,од мерак,, го кажал истото.
Не кажал ПОГРЕШНО, затоа што ОФИЦИЈАЛНО сме ФИРОМ.
 
Не кажал ПОГРЕШНО, затоа што ОФИЦИЈАЛНО сме ФИРОМ.

Не ми се веруа што читам човече :facepalm:
Чим сме fyrom официјално зашо негодуваме против него? Дај да го прифатиме ко Перо што го прифати и крај.
 
И сеа шо праиме ,абе уаа предавник е :facepalm: а само да видам некој да рипа ако Македонската Кошаркарска репрезентација избори пласман на Олимпијада....бескичмењаци едни...сега и Спанулис го пцујат,му викаат уааааа предавник
 
Не ми се веруа што читам човече :facepalm:
Чим сме fyrom официјално зашо негодуваме против него? Дај да го прифатиме ко Перо што го прифати и крај.

Ќе ме заболи да го чујам од устата на Никола, Бранко, Љубе, Шеќерка... Ќе ме заболи да го чујам од нашите амбасадори, нашите дипломати.
Перо е спортист, а не дипломат или политичар.

Мавајте се од земја, но човекот не направил ништо навредливо за Македонија, напротив, има донесено среќа, колку што овие првонаведениве заедно не успеале никогаш.
 
Добро бе дали разбирате дека спортистите ги боли кур за политика? Што треба сега да направат во Грција поради тоа што се сликал Спанулис со македонското знаме? Да го наречат предавник?
Не бе, нема да го наречат така, тие немаат македонски синдром, синдром на многувековно самоуништување меѓу себе. Ебате простиот народ кој живее од завист, за тоа што му се десило на комшијата, за пукање сеир, народ кој живее само за да исплука некој. Калиопи не знаела англиски, Ѓоко Таневски кажал дека се чувствува ко риба, овој вака оној онака, а сега у последниве денови мојот хоум пејџ на ФБ е исполнет со Гулабица, еееееееееееј со Гулабица, да бидам искрен нит сум ја гледам нит знам која е ама поентата ми е дека цел народ сега се исмева на тоа, па уште и пораки од типот: Лајкни ако сакаш да биде Гулабица убиена со куршум.
Со вакво понашање не само што не сме за во Европска Унија, не сме ни за во северозападно Зимбабве.
 
Ќе ме заболи да го чујам од устата на Никола, Бранко, Љубе, Шеќерка... Ќе ме заболи да го чујам од нашите амбасадори, нашите дипломати.
Перо е спортист, а не дипломат или политичар.

Мавајте се од земја, но човекот не направил ништо навредливо за Македонија, напротив, има донесено среќа, колку што овие првонаведениве заедно не успеале никогаш.

Не се маваме од земја, туку се чудиме на лицемерието.
И да, амбасадори се и спортистите, можда не со официјална акредитација но се амбасадори и промотори на земјата од каде што доаѓаат.
 
И сеа шо праиме ,абе уаа предавник е :facepalm: а само да видам некој да рипа ако Македонската Кошаркарска репрезентација избори пласман на Олимпијада....бескичмењаци едни...сега и Спанулис го пцујат,му викаат уааааа предавник
Сега сигурно е предавник што се сликал со Грк.
 
Не се маваме од земја, туку се чудиме на лицемерието.
И да, амбасадори се и спортистите, можда не со официјална акредитација но се амбасадори и промотири на земјата од каде што доаѓаат.

Од таа причина кога игра за репрезентација не вика ФИРОМ.
И што викаш, овој Грков до него, со македонското знаме, што е? Предавник на Грција?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom