Pearl Jam

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Во најава нов албум на дечкиве што ќе излезе на 15ти Октомври, но мене лично првиов сингл не ми се допаѓа, ако вака им звучи албумот мислам дека ќе биде промашување. Многу брзо, дифтарски и исфорсирано, па и убациле солажа прекомплицирана и непотребна за музиката што ја претставуваат. Се надевам дека грешам, како и да е ќе видиме што ќе биде, во меѓувреме дадете свои првобитни впечатоци.

 
Не е лошо парчево, али не наликува баш на стариот препознатлив звук... :confused:
Дури и малце ко на панк ми врти, барем ритамот.
Се на се , ок е синглов, али ако им биде целиот албум ваков, ништо не прават.
 
Воопшто не личи ова на нив со новиов сингл, навистина ќе биде загуба ако и другите песни им бидат вакви... :confused:
 
Навистина ич не личат на старите Pearl Jam, многу се "брзи". (facepalm emiticon)

 
Кај е гласот на еди?? Не личи ова на нив, мада не е толку лошо
 
Еден од најслушаните бендови ми се , сме навикнале да ги гледаме во поинакво издание , но никогаш не би ги категоризирала како лоши туку подинамични :) во случајов
 
Времето на гренџерите помина. Лично ми се допаѓа песната погоре, ама не е ова гренџи воопшто. Ми звучат ко некој чуден спој од Foo Fighters и Airbourne ама на Pearl Jam воопшто.
 
Песнава е ебење. Многу ми се допаѓа. Првата Mind Your Manners ми беше онака, не е по мој вкус, ама сирениве еееееееееееееееееееееееееее лудило.
 
Нешто подобро, по Перл Џемски настроено е од првата песна, али ќе видиме, уште се чека некоја олдскул гранџерска песна од албумов :)
 
После Sirens мислам дека на добро ќе тргне албумот... барем се надевам на тоа.
 
Не знам што очекувате од луѓе кои скоро ја минале 50-тата. Сигурно нема да создадат песни како од златниот период од нивната кариера. Јас и двете песни им ги бендисав досега. И според нив, мислам дека албумот ќе си биде баш океј.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom