Прва ќе пишам?Супер

Епа вака, имам пишано и во темата за рок и рок бендови ама овде ќе се искажам подетално.
Backspacer?Одамна го очекував и албумот ме фасцинира, значи вредеше.Најсплотени ми беа за овој албум, најфокусирачки, најенергично...Ми се допадна цврстата соработката меѓу членовите и начинот на кој е направен албумот.Баш спонтано(што е типично за нив), изоставувајќи ја носталгијата од песните, со различни звуци, примеси на блуз, со нови идеи, поразлични тематики, доста креативни.Стилот на Ведер(во контекст на текстот на песните) е поразличен од досегашните албуми и песни.
"На албумот можеби нема да ги најдете епските гитари како на легендарниот прв сингл на бендот “Alive”, но сепак гитарската умешност на McCready останува храбра и креативна, како секогаш. Неговата вештина е најдобро изразена во “Supersonic”, а тој самиот изјави дека e горд на своето соло во оваа нумера потпишана од Gossard. Нумерата “Amongst The Waves” му овозможи да се наврати на својата прва љубов – блуз музиката – доставувајќи мелодиска линија во стилот на Mick Taylor која совршено се вклопува во песната. За самиот McCready оваа нумера е камен темелник на албумот, а нејзиниот текст евоцира чувство на ново раѓање и обнова кое одговара на живиот дух на албумот." -Баш така!!
За промоција на албумот, штета што Балканот ќе биде заобиколен, as always...