Peacock и во Скопје!

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.116
Поени од реакции
1.401
Локација
Скопје
Во Скопје синоќа е отворен првиот индиски ресторан од ланецот Peacock. Ресторанот е лоциран спроти општина Центар, а ќе нуди разновидно мени со индиски специјалитети.

SLIKA-92-.jpg

- Ова е само почеток. Планираме да отвориме ресторани во Македонија по истиот бренд, а идејата е да развиеме сосема друг концепт на ресторани. Ова нема да биде обичен ресторан, туку во него ќе бидете дел од една традиција. Одбрано е името Peacock затоа што во превод тоа значи паун - птица која во Индија означува многу, а и кај вас. Името означува елеганција, убавина, уживање. Тоа го нудиме и ние кај нас, изјави Сонали Семвал, менаџерката на Peacock.

Ресторанот ќе биде специфичен по многу нешта, со оглед на понудата на разновидност во менито. Главно во менито ќе биде закуската, потоа специјалитетите од Индија како што се ќепабчињата и тикас. Јадењата ќе бидат подготвени во специјална рерна наречена тандор, а ќе се користат автентични зачини за да се добие вистинскиот индиски вкус.

- Кој ќе дојде во овој ресторан ќе има вистинско искуство како да е во Индија, истакна Семвал.

Peacock е почеток на сосема нов концепт на развој на еден сосема друг сегмент во Македонија поврзан со угостителството. Во иднина е планирано да бидат поинакви на пазарот, угостителски бизнис кој ќе ги поврзува ресторанот и образованието во повеќе насоки.

- Идејата да се отвори еден индиски ресторан во Скопје дојде спонтано кога како туристи прв пат го посетивме Скопје и Охрид, во кои воочивме потенцијал за туризам. Всушност она што констатиравме дека Македонците имаат навика да јадат во ресторани. Така го донесовме индиското кулинарско искуство во Македонија под брендот и стилот на Peacock, а потоа спонтано да се прошири и во „Peacock колеџ за угостителство, рече Прити Чандра, промотор на Peacock.

Како дел од нивната инвестиција е изградба на студентски кампус во Велес, каде покрај сегментот услуги, ќе се нуди целосна едукација за менаџмент, маркетинг, технолошки и технички науки. Cel International досега има големо искуство во делот на едукација спроведувајќи слични проекти насекаде во светот.

Извор Канал 5
 
:vozbud::vozbud:

Конечно! После затварањето на Бомбај оболев по индиска. :)
 
Таман ја земам малата, и одиме на јадење. Не сме јаделе од венчавката...
(not really my life)
 
По иницијалниот наплив на хипстери кои сакаат да се чекираат во Peacock и луѓе кои сакаат да пробаат „нешто ново“, му предвидувам краток рок на ресторанов.
Скара, пинџурче, македонска кујна, ракиичка - тоа е мојот избор. Не скапа индиска, кинеска или мексичка храна која ќе ми го поремети дигестивниот тракт.

Сепак, ако проба некој нека сподели впечатоци за менито, цените, услугата и вкусот.
 
јејјј конечно да пробам индиска храна:icon_lol:
 
Ако е иста индиската храна како што ја памтам сигурно нема да се вратите пак ...
 
Повеќето Македонци не се научени да јадат туѓа храна особено индинска - кинеска храна така да Македонците или поточно балканците си се научени секогаш на мрсничко скара + ракија и терај ... овде можат да одат само одредени луѓе ... јас би отишол да пробам навистина што храна е мада од повеќето што имам слушнато и не е баш нешто што би направило да се вратам пак ....
 
Воа ли е таа индиска инвестиција од незнам колку милиони во Македонија ? :D
Се зезам, нели имаше порано во Охрид ?
 
Џабе радувањето, која мизерија е местово....

Синоќа бев, прв впечаток ентериерот внатре. Аматерски изведено, без автентично чувство. Дојде келнерката, ни соопшти дека имаат само 5 јадења од менито (наводно сега за сега) па не стигнавме да пробаме тоа што сакавме. Чекавме саат време да донесат минијатурно пилешко (недопечено) месо без никаков вкус, значи само месото и два листа зелка како декорација. Наанот повеќе личеше на палачинка отколку на индиски леб. И на крај оризот..... недоварен (буквално крцкаше во уста) и камен ладен. Како шлаг на се`, за сметка чекавме уште пола саат и веќе сум сигурна дека никогаш повеќе нема да стапнам таму.

Штета, големи очекувања ама ќе ми остане носталгијата по Бомбај и по добра тика масала :(
 
Може некој подетално да објани каде точно се наоѓа ресторанов?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom