PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитајте само какви глупости тропа еден министер, човек што извршува важна функција и од чии одлуки/интелект зависат многу луѓе и многу пари...

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6B68DC534EE67D4EBB7869DFDA1F0C73

Очигледно нема да ми го го објават коментарот (Жителот од Бурунди), па обрнете внимание на неколку работи:
- во пакет со Босна, Србија, ЦГ... (Точка го цитирале и Албанија). Па Босна може од (по)лани и средства да повлекува, исто како Албанија. Го отворил ли Иво некогаш сајтот на Paypal или тресе од ракав, лаже random.
- нема Paypal бидејќи високи трошоци за надградба на системот... Ако можело за 190+ земји, вклучувајќи Бих и Алб, зошто не можело и Македонија тогаш ? Имало пречки во наша регулатива и одговорноста се знае кој треба да ја сноси за тоа.
- Преговарале со Moneybookers... da fuq ?? Очигледно сервисот функционира, но ете тој и после неколку години активно преговара со нив да ја стават МК на нивната листа. Очигледно, повторно лаже.
- Нема да ја има Македонија како земја, туку таа ќе биде вклучена како дел од регионот... Ако може едно Бурунди да се одбере од листа, зошто да не може и Македонија ? Мучки.

На кратко, евидентно е дека постои министер во Владата кој не ја работи својата работа како што треба од самиот почеток (не дека е единствен), создаде фрустрации кај голем дел од популацијата и на крај го навредува интелектот на истите користејќи лаги и манипулации. Уште полошо е што нема механизам за казнување на ваквите луѓе.
Ѕвер еј! Па 90% од форумџиите се подобро информирани и подобро знаат како стојат работите од министерот o_O.
Што држава е ова бе? :eek:
Па треба одма сам оставка да си поднесе! :facepalm:
 
Кој има ивадено минативе месеци PayPal ако можи да ми кажи што картичка користи икој туторијал за регистрација бидеќи најдов неколку но имаше коментари дека му ги замрзнувале акаунтите.
Благодарам
 
Скоро е невозможно да отвориш сега акаунт и да не ти го блокираат во многу краток рок. Џабе е и туторијали и све...
Само тие што имаат од пред година-две-три им стојат акаунтите а веќе со нови регистрации под земја Словенија или некоја од регионов нема чаре, го имаат откриено багот надлежните од PayPal.
Иначе отвараат со виза електрон од Тутунска - тоа ти беше прашањето.
 
PayPal и во Македонија

Колку е ова точно незнам...

3E6298621D0109429F2D2E218E25F3BF.jpg
Американскиот сервис за онлајн плаќање Пејпал од понеделник (24 септември) ќе биде достапен и за користење и за македонските граѓани. Сервисот функционира така што корисникот треба прво да се логира со валидна е-адреса и соодветна платежна картичка за да може да се уплатува, праќа и да се примаат пари преку интернет.

На страницата на Пејпал стои дека измената во листата на земјите ќе биде извршена на 24 септември, така што и македонските граѓани ќе добијат шанса да ги користат неговите услуги. Постојат три типа на сметки - лична (праќање пари и примање на истите под одредени услови), премиер сметка (примање и праќање на поголеми суми) и бизнис-сметка (создадена за правни лица со одредени правни ограничувања и бенефиции.)
Можеби најголемиот проблем за пробивање на нашата работна сила на странскиот пазар е токму непостоењето на овој сервис во Македонија.
 
Готово уште да потпишат :pos::pos::pos::pos::pos:
 
Само ме интересира зошто овие смешки ги пофтараат секој септември секоја година?Само тоа ме копка :)
 
Само ме интересира зошто овие смешки ги пофтараат секој септември секоја година?Само тоа ме копка :)
За да ни биде интересно - убаво, ај чекај нова година без елка да те видам :icon_lol:
 
Многу работи се случуваат во позадина, не е така едноставнио. А и да ја стават и да не ја стават Paypal може секој да го користи од која било држава и за повлекување пари и за плаќање и за бизнис акаунт, треба малце мозок се разбира.
 
aj ne zaebavaj
 
и сеа како да користиме paypal ?

Никако, неможе да користиш Paypal во нашата држава. Секој нов акаунт значи ризик да ти заглават парите на сметка, и можност да бидеш блокиран од сервисот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom