PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Каков одлив на ефтина работна сила, што збориш!? :D Државата гледа што побрзо да намали невработеност, да намали конкуренција при вработување. Не за џабе форсираат отворање на сопствени бизниси.

Ефтина работна сила во државава ќе има секогаш. Всушност, тоа се луѓе кои немаат друг избор т.е не се способни да работат работи каде се бара поголема стручна подготвеност. Се' што им преостанува е или да гладуваат или да работат за 9-10 илјади месечно.
Под ефтина работна сила ги ставам и високо стручните лица кои во нашава земја работат за многу ниски плати. Сите тие профили на работници се потребни.
 
Под ефтина работна сила ги ставам и високо стручните лица кои во нашава земја работат за многу ниски плати. Сите тие профили на работници се потребни.
Се додека постојат факултети во државава, ефтина работна сила ќе има секогаш. Секоја година излегуваат илјадници нови кадри, илјадници нови "модерни робови". Непресушен извор е тоа.

Недостаток на ефтина работна сила кај приватните фирми води до зголемена конкурентност и повисоки плати, се' со цел да се привлечат работници (доколку евентуално снема, ама чисто сумљам тоа, модерни робови ќе има секогаш).
 
Ни го опнааа од PayPal овој пат - убавооо (Сааглм) :).

И јас имав 2 трансакции во јули (минатиот месец) - И така јас си чекам и си чекам да стигнат парите на картичката - и на крај после една недела си дочекав на Paypal да ми стигне "Refund" на првата трансакција а кај и да е ќе пристигне и вториот "Refund" на втората трансакција.

Еве го моето видување на моменталната ситуација со Paypal и филозофијата на Македончето:

Испосрааааа се со изјавите "PayPal пристигна во Македонија" :). Точно така пристигна, ама пристигна со цел да ги потрошиш парите надвор од Македонија.

Е сега ни останува само следново: Кога ќе земете плата на крајот на месецот - Отворите си Ebay или некоја друга интернет продавница што нуди плаќање со PayPal - И потрошите половина плата, купите си: Блузи, Мајци, Чорапи, Панталони... и.т.н ( се што ви душа сака, во рамќите до 50 евра "од порачка" - за да не ви набутат царина :).) А другата половина од платата за: стуја, вода, дрва - оваа зима поладна ќе биде :).

Е сега бутиците малку ќе дојдат во криза - ќе се чудат зошто нема промет, и не само бутиците и други индустриски гранки малку ќе закочат со прометот. И после пак нека зборат "Ejjjjjjjjjj Paypal го има и во Македонија" како на Марс да сме слетале :).

А што се однесува на нашето мото "Купувајте Македонски Производи" слободно можат да го фрлат во бунарот, зошто сега ни се отворени границите да можеме да купуваме со Paypal "Не-Македонски производи од странство" со нашиве бедни плати.
Како што тргнало работава филозофијата на Тошо малеро "K-15 - Toso bara makedonska rabota" ќе стане хит. Ќе почнеме да гледаме странски ( претежно кинески ) производи насекаде, уште повеќе.

Погледни ја онаа каква ташна има, леле колку е убава кој знае колку пари е, изгледа ќе да е многу скапа - јас се отепав од барање и никако да најдам иста таква :). - Море, отиди на Ebay ќе ја најдеш таму за 3,99$ евтина е. Што мислиш, не е ова Македонија - Ebay ти е ова. Ај мори па ти па, арно ти кажува, отиди регистрирај се на Paypal и купи си ја од Ebay ( а не овде 1500 денари ќе фрлиш за џабе ), леле леле што шизик ке бидам после само јас и оваа караконџулата ќе ја имаме истата ташна во цеееееела Македонија.
Хахаха малку забегав :), но мислам дека ме свативте што сакав да ви кажам.

Додека имаше можност да можеш да си ги повлечеш парите од PayPay на картичката - Македонија беше повеќе во "Ќар" ( ќе си повлечеш 100, 200, 500$ и ќе отидеш во најблиската кафеана и ќе ги потрошеш на пиење, јадење - КАКО ЧОВЕК :) и парите спечалени во странство ќе останеа во Македонија да се вртат.) а сега Македонија е повеќе во "Зијан" ( Пушти коси ветер да ги носи :) ) парите спечалени во Македонија ќе можеш да ги потрошиш во странство - па таму нека се вртат - некој си кинез/јапонец нека си ги троши парите спечалени од Ebay од продажба на: нараквици, футроли за мобилни, и други работи се за 1,99$ :) ( чунки - најевтини се кинезите )

Еееееее што ти е живот :), луѓето во странство што можат да користат PayPal ( сите нивни услуги ) милионери станаа со нивните идеи ( некој глупави, некој паметни), посебно ми се допаѓа идеата на "PetRock" хахахах - поголема глупост здравје, но изумителот си е паметен - портошувачите се тие на кој им фали некоја жичка - црната мислам ќе да е - уземљење хахаха. А ние овде што сме полни со идеи - да не можеме да ги реализираме и пласираме за странските потрошувачи ( кој што факт е дека 90% ако не и повеќе користат PayPal за купување.)

Сега залудно е и да продадеш " 1 denar " на Ebay за 3.99$ хахаха - кога не можеш да си ги повлечеш парите на сметка. ( проверите на Ebay - ќе видете :) за тие што незнаат.)

Која друга глупост да ви кажам :), еве на кој начин би можеле Македонските дуќани, продавници да дојдат до голема заработувачка користејќи ги услугите на PayPay ( кој што ги немаме моментално ):

Стави цела продавница ( сите производи ) на Ebay, Ако продаваш нешто за 1000 денари - опни му цена 1000 денари + поштарина и стави го на Ebay да речеме за 1300 денари. Овде во Македонија во дуќанот ќе ти влезат 10, 50, 100, 1000 души дневно, од тие можеби 10, 20 души ќе купат нешто. А на Ebay тие производи ќе ги видат над 1 милион, 2, 5 милиона па и повеќе месечно. Така да, повеќе продажби би имале на Ebay отколку во дуќанот. Но додека е ваква состојбата со PayPal и Македонија - само може да се крстите секој ден и да се надевате дека денес, утре... ќе имате повеќе промет во дуќанот.

Тоа би било се од мене, не ми текнува некоја друга глупост :) сега за сега. А овие нашиве сите политичари, без разлика од која партија се "не се замарам со политика - сите си земале делот ", нека си ги чукнат тие лејки/глави и нека направат прво математиката - дали се во "Зијан" или во "Ќар" со моменталната ситуација со Paypal-от.
Море :) не сум платен јас да мозгам за финансиите во Македонија.

Ајде пријатен ден на сите, а ние "фрилансерите" да си активираме малку повеќе мозокот и да најдеме некое решение за овој проблем. Некој идеи ми се мотат околу глава, па ќе видам што можам да направам, да истестирам. Ако дојдам до некое решение ( Легално, според сите правила и прописи - се разбира) ке бидете известени. Бидејќи ние ако не си се оправеме - никој нема да не оправе :) бидете сигурни во тоа.

ЗАБЕЛЕШКА: Со овој пост немам никаква намера да ширам пропаганда да купувате производи од странство. Ова е само мое лично согледување на работите како стојат денес а богами и за во иднина.
 
Последно уредено:
Леле роман :giggle:
:) Па да си ги искажам мојте мислења во една реченица :) ( добро ајде во еден роман ), а не 50 пати да пишувам за една иста работа. Ај кажи дека ова не е "Роман базиран на вистински настан" :)
 
Имам едно прашање во врска со пејпал. Дали ако го верифицирам со моја картица ќе имам можност да праќам и примам пари од странство? Читав на интернет дека не може ама не сум сигурен. Ако може брз одговор
 
Имам едно прашање во врска со пејпал. Дали ако го верифицирам со моја картица ќе имам можност да праќам и примам пари од странство? Читав на интернет дека не може ама не сум сигурен. Ако може брз одговор

Еве ти најбрз одговор:

Да праќаш пари - ДА;
Да примаш пари - НЕ.
 
Еве ти најбрз одговор:

Да праќаш пари - ДА;
Да примаш пари - НЕ.
Мене не ми е јасно нешто. А тогаш како другиве членови прават трансакции? На пример, работа преку пејпал, како ги добиваат парите? Мене ми треба еден пријател да ми прати одредена сума на пари преку пејпал и истите пари (ако е можно) да ги извадам од картица. Некаде се спомнуваше словенски пејпал работел во македонија
 
Се согласувам со членот hopcup...Македонија е мнооогу мало подрачје со мал пазар. Интернет или онлајн пазарот е голем, пример на Етси, има над 200 милиони купувачи, а не 2 милиони.
Само лани на тој сајт се генерирани 10 милијарди долари од проджби на хендмејд производи...Има една македонка која плете облека за лаптопи и таблети, ама не е во македонија,живее во франција...друго се што има од македонија е хендикпирано, неможе да продава, зошто цел свет преферира да плаќа преку пеј-пал.
 
Мене не ми е јасно нешто. А тогаш како другиве членови прават трансакции? На пример, работа преку пејпал, како ги добиваат парите? Мене ми треба еден пријател да ми прати одредена сума на пари преку пејпал и истите пари (ако е можно) да ги извадам од картица. Некаде се спомнуваше словенски пејпал работел во македонија
Друже значи не биди мрза ко 90% од Македонците, прочепкај малце по темава или други форуми, само за тоа се збори. Повеќе неможе да се прима пари од ПејПал, ниту ти ниту другар ти неможете. Ако имаш некој долар купи си нешто од Ибеј и толку.
 
Мене не ми е јасно нешто. А тогаш како другиве членови прават трансакции? На пример, работа преку пејпал, како ги добиваат парите? Мене ми треба еден пријател да ми прати одредена сума на пари преку пејпал и истите пари (ако е можно) да ги извадам од картица. Некаде се спомнуваше словенски пејпал работел во македонија

Друже значи не биди мрза ко 90% од Македонците, прочепкај малце по темава или други форуми, само за тоа се збори. Повеќе неможе да се прима пари од ПејПал, ниту ти ниту другар ти неможете. Ако имаш некој долар купи си нешто од Ибеј и толку.

Значи си прочитал дека другите членови правеле трансакции, но очигледно не си дочитал.

Во право е @LePAk, треба администраторите/модераторите да ги банираат на барем недела дена од објавување на коментари на оваа тема на форумов членовите како тебе поради кои си играме расипана плоча на темава.

Прочитај поназад - преку словенечкиот/бугарскиот/друг странски PayPal ПОРАНО МОЖЕШЕ да се повлечат пари на трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка, НО ПОВЕЌЕ НЕ МОЖЕ, бидејќи сега PayPal повторно ги нуди своите услуги во Македонија и ги препознава македонските картички и македонските трансакциски сметки, а засега во Македонија, PayPal дозволува само праќање пари, односно само купување, но не и примање пари, односно не и продавање.
 
Не можеме да примаме пари меѓутоа ибеј/пејпал прават рефунд, така?
 
@Dexter26

Не, модераторот ќе почне да банира доколку продолжите да кенкате како овој горе hopcup за тоа како сме биле осакатени, како тоа за џабе имало Пејпал во Македонија... ОК e, сфативме!!!
Значи ќе ви порачам на СИТЕ: наредно мислење на темата дали Пејпал вреди во Македонија или не ќе биде избришано, а корисникот ќе има казнени поени.
Бонус: новајлиите што прашуваат НЕМА да бидат санкционирани.

он-топик:

http://www.b92.net/tehnopolis/vesti.php?yyyy=2014&mm=09&nav_id=896649
 
Кој има заглавени пари на пејпал можам да му ги извадам. ПП за повеќе инфо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom